- Модели
- Брендови
- Промотивни понуди
- Сервис
X
Надворешност
Модерен луксуз. Предниот дел со осветлена решетка на ладилникот, го привлекува вниманието уште од далечина. Препознатливиот купе-дизајн произлегува од затегнатата линија што се протега кон задниот дел.
Со широката трага на тркалата, привлечната, опаѓачка линија на покривот и големата врата на багажникот, стандардниот панорамски покрив обезбедува чувство на просторност и пропушта обилна светлина во внатрешноста.
LED предни светла со високи перформанси, прецизно го осветлуваат патот и покриваат голема површина со широк сноп и пријатна боја на светлината. Покрај тоа, системот Adaptive Highbeam Assist автоматски управува со долгите светла. Уникатен дизајн на предните светла со ѕвездата на Mercedes-Benz.
Без разлика дали е отворен или затворен: со опционално достапниот панорамски лизгачки покрив, ќе доживеете фасцинантно чувство на слобода и ќе уживате во пријатно светол амбиент во внатрешноста. Кога се гледа однадвор, големиот лизгачки покрив, исто така, остава уникатен визуелен впечаток, бидејќи дава леснотија и ексклузивност на надворешноста.
Кога ќе ја отворите вратата, амбиенталното осветлување проектира анимиран мотив на Mercedes-Benz на подот. Оваа сценографија го претвора влезниот простор во вистинска атракција и истовремено го осветлува со висок интензитет – за настап што е подеднакво удобен и стилски впечатлив.
AMG стил на каросерија и 20-инчните AMG тркала од лесна легура дефинираат моќен изглед во стил на спортските модели на Mercedes-AMG. Во внатрешноста, мултифункционалниот спортски управувач од nappa кожа, спортски педали со потпис на AMG и AMG патосниците, заедно се спојуваат во единствена целина што ја прави динамиката опиплива.
Елементот со црн панел ги поврзува DIGITAL LIGHT предните светла со решетката на ладилникот, со што се формира препознатливото лице на Mercedes-Benz. Светлата за дневно возење се состојат од два симбола на ѕвезда поставени еден до друг.
На располагање е широк избор на привлечни бои, како оние со и без метален ефект.
Висококвалитетните алуминиумски бандажи со големина до 22 инчи импресионираат со својот јасен и престижен дизајн.
Внатрешност
Висококвалитетниот дизајн и функционалните елементи ѝ даваат на внатрешноста единствен печат. Доминантниот елемент е MBUX Superscreen со три екрани со висока резолуција. Во комбинација со модерните елементи на дополнителна опрема, амбиенталното осветлување и спортските седишта со тапацир од ARTICO вештачка кожа / MICROCUT микровлакна, се создава спортски, елегантен амбиент.
Трите модерни екрани од 12,3 инчи, вклучувајќи го и екранот за сопатникот, овозможуваат наједноставно ракување и врвен приказ. Мултимедијалниот систем исто така го интегрира виртуелниот асистент MBUX како посакуван и проактивен сопатник.
Спортските седишта обезбедуваат одлична бочна поддршка, особено при динамичен стил на возење. Ексклузивната графика на AMG екранот и двете посебни шеми на бои на амбиенталното осветлување, исто така, значително го зголемуваат доживувањето од возењето и секоја рута ја претвораат во спортски настап за паметење.
Уживајте во звучното искуство на легендарниот Burmester® – со 15 звучници и излезна моќност на системот од 710 вати. Импресивниот 3D звук можете да го приспосотите на седиштата напред и позади. Благодарение на технологијата Dolby Atmos®, се искусува импресивен звук, додека функцијата Sound Experience дополнително го усовршува доживувањето од возењето на електричниот автомобил.
Со мултифункционалниот управувач пресоблечен со фина nappa кожа, сè е во Ваши раце. Копчињата чувствителни на допир ги дополнуваат алуминиумските рачки и тркалцето за управување со најважните функции за возење.
Инструмент-таблата и страничните делови од висококвалитетна nappa кожа ѝ даваат на внатрешноста амбиент од висока класа. Декоративните шевови дополнително ја нагласуваат мајсторски изработената внатрешност.
Со впечатливите црвени сигурносни појаси се истакнува врвната изработка и перформансите на Вашето возило.
Внатрешноста на GLE Coupé се одликува со совршено усогласените комбинации на бои за прекривките на седиштата, облогата на покривот и разните елементи од дополнителната опрема. На располагање е избор на тапацир од nappa кожа / двобојна кожа. Меѓутоа, доколку сакате да се откажете од вистинската кожа, можете да се одлучите за пакет без кожа.
Опрема
Совладајте ги сложените сообраќајни ситуации со самодоверба. Со MBUX зголемената реалност за навигација, лесно ќе се снајдете дури и во сложени сообраќајни ситуации. Камерата пренесува слика од околината во реално време на екранот и преку неа прикажува виртуелни, тридимензионални стрелки за навигација и имиња на улици, за брзо и безбедно да Ве однесе до целта.
Со функцијата HANDS-FREE ACCESS, вратата на багажникот се отвара и затвора без допир. Сензорот под задниот браник препознава движење на ногата кога со неа се замавнува.
Овој пакет содржи корисни додатоци за Вашето возило. Безжично поврзете го Вашиот мобилен уред со мултимедијалниот систем MBUX преку функцијата за интеграција на паметен телефон и полнете го индуктивно за време на возењето.
Системот за помош кој наместо Вас, ги вклучува и исклучува долгите светла. Автоматски ја активира целосната јачина на осветлување кога пред возилото или во пресрет нема други учесници во сообраќајот. Штом ситуацијата го бара тоа, автоматски се префрла на стандардните светла за возење.
Заштитата на возилото GUARD 360° обезбедува сеопфатен надзор на околината на возилото – на пример, преку алармниот систем против кражба и заштитата од влечење/одвлекување. Движењата во внатрешноста активираат визуелни и звучни предупредувања.
Големите странични воздушни перничиња можат да го намалат ризикот од удар на главата во страничните прозорци при тешки странични судири.
MERCEDES-AMG
Со освеженото издание на моделот, Mercedes-AMG GLE Coupé повторно го истакнува своето потекло: моќни линии и впечатливи детали, динамична елеганција и бескомпромисни AMG перформанси – сето тоа се чувствува како во внатрешноста, така и во надворешниот изглед. Врвната технологија го заокружува овој профил и секој момент зад воланот го претвора во израз на вистинска AMG извонредност.
Впечатливата решетка на ладилникот, карактеристична за AMG, со вертикални ламели во сјаен хром, потсетува на нашите најуспешни спортски и тркачки автомобили. Осветлената решетка на ладилникот е опкружена со хромирана рамка и црн панел што се протега сè до предните светла.
GLE 63 S е достапен со AMG бандажи од лесна легура со повеќе краци, со пречник до 22 инчи. За нив се наоѓаат црвени сопирачки клешти, кои претставуваат препознатливо обележје на AMG-овиот композитен сопирачки систем со високи перформанси.
Израз на перформанси: AMG спојлерот во боја на возилото ефикасно го намалува подигнувањето на задната оска. Тој придонесува за неутрално однесување на возилото при возењето, особено при големи брзини, и на визуелно впечатлив начин го истакнува динамичниот карактер на Вашето возило.
Подарете му на своето возило впечатлив карактер: со AMG Night пакетот, надворешните елементи, како што се куќиштата на надворешните ретровизори и декоративните лајсни, се изведени во црна боја со висок сјај. Во комбинација со двојните завршетоци на издувните цевки во изведба од темен хром, тоа создава фасцинантни контрасти или хармонични премини, во зависност од бојата на каросеријата.
Изразените испакнувања на хаубата и AMG предниот браник со решетки за влез на воздух и крилца во црна боја со висок сјај го нагласуваат спортскиот карактер.
Кога ќе ги отворите вратите, амбиенталното осветлување проектира анимиран AMG мотив на подот. Овој ефект го претвора влезниот простор во вистинска атракција и истовремено силно го осветлува.
Материјали инспирирани од автомобилски трки: овој AMG управувач го спојува впечатливиот изглед на карбонски влакна со MICROCUT микрофиберот што спречува лизгање – обезбедувајќи врвно искуство. Долниот дел на управувачот е зарамнет, што потсетува на авто трки и ја нагласува динамичноста. Ергономски поставените копчиња на левата и десната страна овозможуваат интуитивно ракување – за возење со целосна концентрација.
Спортските седишта обезбедуваат оптимална странична поддршка за динамично возење, без компромиси во поглед на удобноста. Исто така, добивате навлаки за седишта од црна AMG nappa кожа.
Во внатрешноста доминираат висококвалитетни материјали. Инструмент-таблата и горните рабови на вратите се преслечени со ARTICO вештачка кожа, што придонесува за елегантниот изглед на внатрешноста.
Уживајте во звучно искуство со легендарниот Burmester® – со 15 звучници и излезна моќност на системот од 710 вати. Импресивниот 3D звук можете да го приспособите на седиштата напред и позади. Благодарение на технологијата Dolby Atmos®, се доживува импресивен звук, додека функцијата Sound Experience дополнително го усовршува доживувањето од возењето на електричниот автомобил.
Со MBUX супер-екранот, три екрани се слеваат во една стаклена површина. Ова му обезбедува на совозачот личен екран и зона за управување. Таму може да гледа филмови за време на возењето, да користи апликации или да учествува во конференции со помош на селфи и видеокамера.
Преземете ја контролата врз перформансите: копчињата на AMG управувачот овозможуваат брзо и прецизно ракување со специфичните функции за динамично возење. Ова придонесува за фокусирано искуство во возењето и создава автентична атмосфера на тркачки автомобил директно во Вашиот кокпит.