- Модели
- Брендови
- Промотивни понуди
- Сервис
X
Надворешност
Вистински магнет за сечиј поглед: Надворешноста на целосно новиот CLA е истовремено и спортска и стилска. Елегантниот, аеродинамичен дизајн и „носот на ајкула“ се надополнети со нови LED задни светла, оптимизиран заден дифузор и бандажи со пречник до 48,3 cm (19 инчи). Вистински врв: осветлената маска на ладилникот и MULTIBEAM LED предните светла со мотив на ѕвезда.
Со својата аеродинамична силуета со четири врати и моќен дизајн, новиот CLA го продолжува препознатливиот динамичен изглед на моделот. Непогрешлив на прв поглед, предниот дел во форма на „ајкула“, изразените испакнатини, нагласената динамичност и смелиот дизајн на задниот дел самоуверено ја истакнуваат спортската личност на CLA.
Многу детали кај целосно новиот CLA се дизајнирани со цел да ја подобрат аеродинамиката. Автоматските рачки на вратите (опционо достапни) се израмнети со каросеријата, што придонесува за оптимизирана аеродинамика и елегантен изглед.
Лесните алуминиумски бандажи, достапни до 48,3 cm (19 инчи)[1], се истовремено впечатливи и аеродинамични. Паметниот дизајн го намалува отпорот на ветерот и тежината.
Остава впечаток: Задните LED светла во форма на ѕвезда се поврзани со осветлен дизајнерски елемент и го надополнуваат единствениот визуелен изглед на предниот дел.
Изразена силуета која ја истакнува Вашата индивидуалност – страсно дизајнирана, издолжена линија на покривот, спортски, широки лакови на тркалата и возбудлив заден дел – совршено опкружување за типичните врати без рамки кои му даваат на целосно новиот CLA модел, непогрешлив спортски и елегантен карактер.
На автопат, на локални патишта или во градски сообраќај: благодарение на интелигентните функции за осветлување, адаптивните MULTIBEAM LED предни светла[1] го осветлуваат патот пред Вас во согласност со ситуацијата, обезбедувајќи одлична видливост. Тоа е така затоа што светлата реагираат на моменталната сообраќајна ситуација со помош на поединечно контролирани LED диоди.
Внатрешност
Сè за Вас: Внатрешноста на целосно новиот CLA комбинира извонредна удобност и интуитивна персонализација. Burmester® 3D Surround Sound системот со Dolby Atmos® и новиот кокпит со новиот MBUX Superscreen[1] создаваат инспиративно искуство. Новите спортски седишта[1] со прилагодливи наслони за глава, централната конзола со префинети детали и панорамскиот покрив овозможуваат унапредено искуство при возењето и врвна удобност на секој пат.
Бесконечни можности: Новиот MBUX Superscreen[1] се протега преку целата контролна табла, обезбедувајќи совршен изглед за новиот интуитивен кориснички интерфејс. Комбинацијата од три беспрекорно поврзани екрани[1] им овозможува и на сопатникот и на возачот да уживаат во забава, информации и други апликации.
Чувство на слобода. CLA нуди единствена опција за покрив: фиксен покрив без лакови на B-стобот. Овој простран стаклен покрив максимално го зголемува просторот за главата и ја исполнува кабината со природна светлина, овозможувајќи простран и прозрачен амбиент.
Мултифункционалниот спортски управувач од напа кожа има рамен долен дел – одлични предуслови за спортски стил на возење. Можете да ги контролирате најважните функции на возилото со помош на новите копчиња од левата и десната страна, без да мора да ги тргате рацете од управувачот.
Почувствувајте го спортскиот дух. Новите спортски седишта[1] вклучуваат напреден слоевит дизајн кој беспрекорно ја спојува површината на седиштето со страничните потпори во една кохезивна целина. За првпат кај CLA, тие доаѓаат со хоризонтално прилагодливи наслони за глава со изглед на интегрално седиште.
Со Burmester® 3D surround озвучувањето, уживате во врвно аудио искуство и го истакнувате луксузниот изглед на внатрешноста благодарение на хромираните капаци за звучниците. 16 звучници, како и напредните функции како „Dolby Atmos®“ и „Personalised Sound“, создаваат приспособено музичко искуство со уникатен звук.
Паметно, елегантно, практично. Редизајнираната централна конзола е високо поставена за спортско чувство и има два нивоа, вклучувајќи и место за безжично полнење[1] на Вашиот паметен телефон. Стандардните антрацит мат лајсни можат да се надградат со дрвен или алуминиумски материјал.
Опрема
Отклучете го или заклучете го вашето возило со едноставен допир на рачката од вратата. Со HANDS FREE ACCESS, можете да управувате и со вратата на багажникот без да го допирате. Ова е посебно корисно кога се враќате од купување натоварени со тешки торби. Исто така, можете да го затворите багажникот со притискање на копче – на пример, со помош на клучот од возилото.
Со системот HANDS-FREE ACCESS[1], вратата на багажникот се отвора без никаков контакт. За оваа намена, сензорската зона под задниот браник детектира движење со замавнување со ногата. Ова е посебно корисно кога се враќате од купување натоварени со тешки торби.
Со помош на функцијата за меморија можете да зачувате и практично да изберете до три различни позиции на седење. Седиштето можете лесно и континуирано електронски да го прилагодувате преку контролната табла на вратата. Длабочината на перницата за седење се прилагодува рачно.[1]
THERMOTRONIC[1] ја регулира индивидуалната температура во две зони. Ова Ви овозможува Вам и на Вашиот сопатник одделно да ја прилагодите посакуваната температура. Не се потребни дополнителни прилагодувања, бидејќи чувствителните сензори ги регистрираат и променетите услови, како што е директната сончева светлина.
MB.OS
Со новиот оперативен систем на Mercedes-Benz, MB.OS, целосно новиот CLA го прави следниот голем чекор во дигитализацијата на возилата. Благодарение на својата нова архитектура „chip-in-cloud“, CLA ги поврзува погонскиот систем, инфозабавниот систем и разните други системи, овозможувајќи постојано ажурирање преку софтверски ажурирања по воздушен пат (over-the-air).
Четвртата генерација на MBUX отвора нов свет на персонализирани искуства и интуитивна интеракција помеѓу луѓето и возилото. Тоа е првиот инфозабавен систем во автомобил што интегрира вештачка интелигенција (AI) од компаниите Microsoft и Google, обединувајќи повеќе AI системи во еден систем. Нуди максимална флексибилност за беспрекорна интеграција на содржини од трети страни, задржувајќи го препознатливиот интерфејс на Mercedes-Benz.[3]
MB.DRIVE им овозможува на купувачите проширување на функционалноста на напредните системи за помош на возачот. Започнувајќи од платформата MMA, CLA ќе биде опремен со повеќе сензори и камери за да овозможи делумно автоматизирано возење до ниво SAE 2 (на одделни пазари) и удобно помагање при паркирање. Ова им овозможува на купувачите да избираат помеѓу два MB.DRIVE ASSIST и два MB.DRIVE PARKING ASSIST пакети – веднаш при преземањето на возилото, или на барање преку софтверски ажурирања по воздушен пат (over-the-air).
MBUX SURROUND NAVIGATION нуди ново ниво на визуелна комуникација. Со интеграцијата на MB.OS, го прикажува возилото и неговата околина во реално време, комбинирајќи ја помошта при возење со 3D водење по рутата на екранот за возачот. Ги прикажува другите учесници во сообраќајот и користи 3D графика за интуитивен преглед, со што ја подобрува свесноста за ситуацијата и довербата во автономното возење.
Благодарение на генеративната вештачка интелигенција, виртуелниот асистент MBUX револуционерно го менува односот помеѓу возилото и возачот. Тој со емпатија реагира на гласовните команди и Ви дава детални одговори на прашањата за навигацијата. Како што Ве запознава, тој дава гласовни предлози, креира рутини и нуди проактивни идеи.
Интегрираните податоци од Google мапите обезбедуваат препораки за точки од интерес и алтернативни рути, нудејќи го најдоброто од двата света: информации за сообраќајот во реално време од Google со интуитивниот кориснички интерфејс на Mercedes-Benz.
MBUX Superscreen го движат најсовремени високоперформансни чипови и графика во реално време од Unity 3D-Engine. Новиот концепт на управување и приказ е прилагоден на индивидуалните желби на купувачите. Понатаму развиениот MBUX Zero Layer на централниот екран ги прикажува најважните информации, предлози и, за првпат, неодамна користените апликации.
Стримувајте видеа, уживајте во омилената музика, работете во од, искористете го широкиот спектар на опции за игри: овој дигитален додаток гарантира најдобра забава во траење од три години. Можете да преземате апликации директно од продавницата за апликации во автомобилот. Потребниот бесплатен пакет на податоци можете лесно да го преземете преку избраниот независен провајдер.
Селфи и видео камерата Ви помагаат во секојдневниот живот. На пример, користењето на препознавањето лице овозможува едноставен пристап до Вашиот кориснички профил. Можете да учествувате во видео конференции со сопствена слика и да забележите незаборавни моменти од патувањата преку селфи фотографии или видео снимки. Камерата ги снима двете предни седишта.
MBUX Superscreen[1] им овозможува на Вашите сопатници персонализиран екран од 14 инчи и контролен простор. Екранот за сопатникот може да се користи за гледање филмови, користење апликации за продуктивност или играње игри додека возилото е во движење. За да се спречи одвлекување на Вашето внимание, содржината не е видлива од страната на возачот.
Овој асистент може да ја регулира оддалеченоста до возилото пред Вас и брзината. Исто така, може да ја прилагоди брзината според конфигурацијата на рутата и да Ви го олесни следењето во сообраќајни колони или метеж. Со тоа, системот Ви го олеснува возењето и Ви помага како при растоварен, така и при густ сообраќај.
Овој пакет Ви овозможува да зачекорите во светот на делумно автоматизираното возење. Надоврзувајќи се на богатата стандардна безбедносна опрема, Ве поддржува, на пример, при управувањето и менувањето коловозна лента.
Овој пакет го проширува MB.DRIVE PARKING ASSIST со целосен приказ од камерата од 360°[1] и го прави паркирањето и маневрирањето уште попрактично. Со различните перспективи од камерата од 360° на централниот екран, можете да ја следите околината на возилото при паркирање и маневрирање.
Blind Spot Assist може да Ве предупреди за можни судари со други учесници во сообраќајот: дополнителен плус за безбедноста при возењето и менувањето лента на патишта со повеќе ленти. Првото ниво на предупредување се активира доколку се детектира објект во мртвиот агол, а второто доколку сепак го вклучите покажувачот на правец.
Функцијата за одржување лента може да Ве предупреди и да го врати Вашето возило во лентата доколку ненамерно ја напуштите. Системот исто така може да интервенира доколку опасно се приближите до возила што Ве претекнуваат или доаѓаат од спротивната насока. Со тоа, функцијата за одржување лента ја зголемува сообраќајната безбедност за Вас и останатите учесници во сообраќајот.
Traffic Sign Assist го проширува предупредувањето за ограничување на брзината. Може да ги препознае сообраќајните знаци за зони со забранет влез и пешачки премини и да Ве предупреди доколку се обидете да влезете во погрешна насока. Ова Ви обезбедува поддршка, особено во сложени или непрегледни ситуации за време на возењето.
GUARD 360° Plus заштитата на возилото[1] нуди сеопфатен надзор на околината на возилото. Благодарение на системот против кражба, можете да реагирате брзо. Исто така, добивате инстантно известување за кражба или судар преку апликацијата.
Во случај на непосредна несреќа, PRE-SAFE®[1] презема мерки кои можат да го намалат оптоварувањето врз Вас и Вашите сопатници. На пример, системот може да ги затегне сигурносните појаси или да иницира затворање на прозорците. Иновативниот PRE-SAFE® звук може да го заштити увото со придушување на бучавата од судирот.
Уживајте Вие и Вашите сопатници со смирувачка програма за масажа – на пример на долги патувања или по напорен ден. Функцијата користи воздушни комори под притисок во наслоните на седиштата.