- Модели
- Брендови
- Промотивни понуди
- Сервис
X
Надворешност
Откријте ги главните обележја на надворешниот дизајн на EQE SUV со две различни линии на опременост – Electric Art Line и AMG Line[1]. Елегантниот динамичен наменски дизајн му дава свеж изглед на EQE SUV во стилот на моделите на Mercedes-Benz, поставувајќи нови мерила за дизајнерскиот јазик на електричната мобилност.
Предните светла што се споени со светлечка лента и спортскиот преден дел, со широка маска на ладилникот од црн панел и средишната ѕвезда на Mercedes, го создаваат трендсетерскиот лик на новиот EQE SUV.
EQE SUV доаѓа стандардно со големи тркала од лесен метал од 48,3 cm (19 инчи), со дизајн со 5 двојни краци. Достапна е широка понуда од тркала од лесен метал, со големина до 55,9 cm (22 инчи) [1], на пример, AMG-тркала од лесен метал [1] со привлечен дизајн со повеќе краци.
Осветлување што е приспособено за условите на возење за опуштено и безбедно возење: DIGITAL LIGHT [1] постојано го приспособува осветлувањето на патот за вас според светлосните услови, сообраќајните услови, линијата на патот и временските услови. HD-системот работи како проектор и го пресметува осветлувањето точно до последната точка.
[1[ Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Елегантна изработка: елементите во задните светла во форма на 3D хеликс и светлечката лента го ставаат незаменливиот светлосен потпис на EQ.
Кратките испусти, долгото меѓуоскино растојание и стандардните алуминиумски тркала со димензија од 48,3 см (19 инчи) даваат спортски пропорции. Оптимизираниот дизајн комбинира голем простор со аеродинамичка ефикасност и висококвалитетни детали.
Внатрешност
Дознајте повеќе за опременоста во кокпитот на EQE SUV. Со MBUX Hyperscreen[1] и со дигиталните колорни теми, можете да се посветите на индивидуалност во внатрешноста на возилото. Елементи со висок квалитет од изработката на внатрешноста[1] ја нагласуваат атмосферата со дарежливо просторно чувство. Достапни се линиите на опрема Electric Art или AMG Line[1] за да се стави личен печат на седиштата, на облогите и на други обележја на опремувањето.
Со доплата е достапен проекциски дисплеј[1] што прави вашето возачко искуство да биде уште поудобно и побезбедно во исто време: информации за работата и упатства се прикажуваат на ветробранот, односно непосредно во вашето видно поле. Тоа овозможува во секое време да бидете посветени целосно на патот пред вас, без да пропуштите важна информација.
[1[ Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
MBUX Hyperscreen[1] што е достапен со доплата, ја претвора внатрешноста во импресивна командна централа со врвна технологија. Три брилијантни дисплеи се спојуваат визуелно под една стаклена плоча, создавајќи единствен кориснички интерфејс со висока резолуција, што се протега по целата ширина на таблата за ракување.
[1[ Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Врз основа на иновативната архитектура на возилото, EQE SUV во секој поглед ги искористува предностите на концептот на целосно електричен погон: благодарение на долгото меѓуоскино растојание и елиминирањето на тунелот за менувачот што е овозможено со конструкцијата, патниците уживаат во посебно дарежливо просторно чувство во унапреден амбиент.
Спојот од современи и традиционални материјали и бои создава посебна атмосфера во внатрешноста. Тоа важи особено за украсните елементи со иновативен изглед, какви што се гравура во дрво[1], 3D-релјеф [1] со ситни метални честички или ласерски изработено заднинско светло [1] со шара на Mercedes-Benz[1].
[1[ Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Аудиоперформанси со извонреден звук на Burmester® [1]. Звучниците со висок квалитет создаваат одушевувачки сараунд звук и може да се оптимизираат посебно за предните и за задните седишта за да биде уживањето во звукот уште поголемо. Звучниот систем Dolby Atmos® го издигнува звучното доживување во EQE SUV до нови висини. Тоа го овозможува новиот вид звучна анимација: за разлика од обичните стереосистеми што главно постигнуваат динамика лево-десно, Dolby Atmos® може да го користи целиот простор за да создаде доживување во 360 степени.
[1[ Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Мултиконтурните седишта за возачот и за предниот патник[1] нудат одлична ергономска удобност при седење. Активните потпирачи за грб што се надувуваат во страничните образи овозможуваат највисока можна удобност при седење и зајакната странична потпора. Функцијата за масажа ENERGIZING [1] со разновидни програми и степени на силина, прави секое патување да биде уживање.
[1[ Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Опрема
Главниот приказ на OLED средишниот дисплеј покажува сè на еден поглед. Иновативниот кориснички интерфејс zero-layer користи вештачка интелигенција за да ги предложи најважните функции непосредно во видното поле, со што внесувањето барање обично може да се изврши без потреба да се влегува во подменија.
Со In-Car Office[1] секогаш сте продуктивни и во тек додека сте на пат. Благодарение на функцијата за гласно читање е-пошта, пишување е-пошта и впишување во календарот преку гласовна команда и функцијата за потсетување за телефонски конференции со автоматски повик, можете целосно да се посветите на возењето – и пак да работите.
[1] За да ги користите услугите на Mercedes me connect, прво мора да создадете Mercedes me ID и да ги прифатите условите за користење на услугите на Mercedes me connect. Прикажаните услуги и нивната достапност и функционалност зависат посебно од моделот на возилото, годината на производство, избраната дополнителна опрема и од земјата.
Уживајте во вашата омилена музика со MBUX Entertainment[1][2]. Во вашиот нов EQE SUV ќе добиете поддршка додека се претплатувате за сеопфатни безгрижни пакети со податоци за стриминг на музика и повеќе, со избрани провајдери од трета страна.
[1] За да можете да ја користите услугата на MBUX Entertainment, потребен е посебен договор со конкретен корисник, со избран провајдер за стриминг. За да можете да ја користите услугата, потребен е сопствен пакет за податоци на корисникот.
[2[ Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Останете поврзани со вашиот „паметен дoм“[1] додека сте на пат – удобно преку гласовна команда. На пример, можете со едно барање да проверите дали сте ги затвориле сите прозорци – додека погледот ви е на патот. На враќање дома, можете со кусa порака да го подготвите вашиот дом за вашето пристигнување.[2]
[1] За да користите Интеграција со „паметен дом“, мора да биде активиран MBUX гласовен асистент и корисничка сметка со компатибилен провајдер на „паметен дом“ мора да биде поврзана со сметката на Mercedes me connect.
[2] За да ги користите услугите на Mercedes me connect, прво мора да создадете Mercedes me ID и да ги прифатите условите за користење на услугите на Mercedes me connect. Прикажаните услуги и нивната достапност и функционалност зависат посебно од моделот на возилото, годината на производство, избраната дополнителна опрема и од земјата.
Во комбинација со опционалниот Burmester® 3D звучен систем[1] секое патување прераснува во звучно доживување, благодарение на целосното опкружување со звук. Во зависност од стилот и начинот на возење, можете да доживеете звучни теми како „Silver Waves“, „Vivid Flux“, „Serene Breeze“, па дури и „Roaring Pulse“ како нагласено спортска варијанта.
[1[ Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Благодарение на интелигентното поврзување на камерата и на податоците од мапите, асистентот за сообраќајни знаци[1] не само што може да ги прочита највисоката дозволена брзина, забраната за престигнување и престанокот на овие ограничувања, туку исто така е способен да реагира на црвено светло на семафор, на знак стоп и забрана за сообраќај, и да ве предупреди за да спречи ненамерно да поминете на знак стоп или на знак за забранет сообраќај.[2]
[1[ Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
[2] Нашите системи за помош при возењето и за безбедност не се целосна помош и не ве ослободуваат од вашата одговорност како возач. Ве молиме, прочитајте ги информациите во прирачникот за ракување и ограничувањата на системот што се опишани таму.
Пристигнете на вашето одредиште опуштено и безбедно: благодарение на современите интелигентно вмрежени системи од сензори, можете да уживате во висок степен на растоварување од напнатост. Многубројните асистенти може да ви помагаат во одредена ситуација, да предупредат при опасност од судир и да интервенираат по потреба.[1][2]

ECO Assist помага да се вози грижливо и укажува кога стапалото треба да се тргне од педалот за забрзување. Анализата, на пример, може да земе предвид дали има возила напред или брзински ограничувања и да процени дали во одредена ситуација е подобро да се задржи залетот или да се рекуперира.[1]
[1] Нашите системи за помош при возењето и за безбедност не се целосна помош и не ве ослободуваат од вашата одговорност како возач. Ве молиме, прочитајте ги информациите во прирачникот за ракување и ограничувањата на системот што се опишани таму.
Со асистентот за маневрирање со приколка што е достапен со доплата, можете да заштедите и време и нерви, и маневрирањето наназад да го изведете самоуверено и прецизно, дури и во сложени ситуации. Вистинско ослободување не само за возачите со мало искуство во влечење.[2]
[1[ Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
[2] Нашите системи за помош при возењето и за безбедност не се целосна помош и не ве ослободуваат од вашата одговорност како возач. Ве молиме, прочитајте ги информациите во прирачникот за ракување и ограничувањата на системот што се опишани таму.
Неопходност, не само за алергичарите: филтерот HEPA делотворно ја смалува загаденоста на воздухот. ENERGIZING AIR CONTROL Plus[1] исто така го надгледува квалитетот на воздухот внатре и надвор од возилото, и резултатот ви го покажува на MBUX. Во зависност од измерената вредност, вашиот Mercedes автоматски префрлува меѓу работа со свеж воздух или рециркулација на воздухот.
[1[ Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Благодарение на обемните мерки за изолирање на звукот, со овој опционален пакет ќе доживеете звучен комфор од највисок степен. Специјални делови од акустична пена обезбедуваат тивка средина.[1]
[1[ Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Со апликацијата за далечинско паркирање[1], можете опуштено да влезете и да излезете од слободни места за паркирање – системот автоматски маневрира со вашиот Mercedes напред и назад. Вие го следите паркирањето излезени од возилото и можете да го контролирате преку вашиот паметен телефон.[2][3]
[1[ Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
[2] За да ги користите услугите на Mercedes me connect, прво мора да создадете Mercedes me ID и да ги прифатите условите за користење на услугите на Mercedes me connect. Прикажаните услуги и нивната достапност и функционалност зависат посебно од моделот на возилото, годината на производство, избраната дополнителна опрема и од земјата.
[3] За користењето на услугите на Mercedes me connect е потребен личен Mercedes me ID и договор за Условите за користење на услугите на Mercedes me connect.
Со пакетот за удобност KEYLESS-GO[1] можете да го стартувате и да го заклучите вашето возило едноставно носејќи го клучот со себе. Функцијата HANDS-FREE ACCESS овозможува целосно автоматско отворање и затворање на вратата на багажникот без потреба од допирање.
[1[ Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Маневрирајте самоуверено и безбедно избегнувајте пречки – дури и на тежок терен: оваа функција прави хаубата да ви стане проѕирна кога возите по терен. Виртуелна глетка, пресметана од сликите од камерите, го покажува просторот непосредно пред вашиот Mercedes. Покрај тоа, визуелно прикажување на патот напред, помага да го изберете најдобриот правец за возење.[1]
[1[ Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Активниот асистент за паркирање со камера со 360° ги воочува слободните места за паркирање и обележаните површини за паркирање додека им се приближувате. Откако ќе изберете слободно место за паркирање, можете да паркирате лесно со помош на динамичниот приказ со звучна поддршка – или да го пуштите возилото да маневрира во просторот со асистирано паркирање.[2]
[1[ Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
[2] Нашите системи за помош при возењето и за безбедност не се целосна помош и не ве ослободуваат од вашата одговорност како возач. Ве молиме, прочитајте ги информациите во прирачникот за ракување и ограничувањата на системот што се опишани таму.
Интелигентниот систем постојано надгледува дали ја следите коловозната лента. Доколку се утврди потенцијална опасност, асистентот за активно одржување во лента[1] може активно да се вмеша и да изведе зафат во управувањето за да се врати возилото во коловозната лента.[2]
[1[ Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
[2] Нашите системи за помош при возењето и за безбедност не се целосна помош и не ве ослободуваат од вашата одговорност како возач. Ве молиме, прочитајте ги информациите во прирачникот за ракување и ограничувањата на системот што се опишани таму.
Активниот асистент за растојание DISTRONIC[1] ве ослободува при движење во тргни-запри сообраќај со автоматско одржување растојание од побавните возила напред. Саканото растојание може да се мести во неколку степени.[2]
[1[ Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
[2] Нашите системи за помош при возењето и за безбедност не се целосна помош и не ве ослободуваат од вашата одговорност како возач. Ве молиме, прочитајте ги информациите во прирачникот за ракување и ограничувањата на системот што се опишани таму.
DIGITAL LIGHT[1] значи брилијантни услови на осветлување. HD-системот што е достапен како опција работи како дигитален проектор и реагира во секоја ситуација со приспособување на светлата според светлосните услови што се менуваат постојано, односно според сообраќајот, видот на патот или временските услови.[2]
[1[ Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
[2] Нашите системи за помош при возењето и за безбедност не се целосна помош и не ве ослободуваат од вашата одговорност како возач. Ве молиме, прочитајте ги информациите во прирачникот за ракување и ограничувањата на системот што се опишани таму.
Пристигнете на вашето одредиште опуштено и безбедно: благодарение на современите интелигентно вмрежени системи од сензори, можете да уживате во висок степен на растоварување од напнатост. Многубројните асистенти може да ви помагаат во одредена ситуација, да предупредат при опасност од судир и да интервенираат по потреба.[1][2]
[1[ Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
[2] Нашите системи за помош при возењето и за безбедност не се целосна помош и не ве ослободуваат од вашата одговорност како возач. Ве молиме, прочитајте ги информациите во прирачникот за ракување и ограничувањата на системот што се опишани таму.
GUARD 360° заштита на возило нуди надгледување на целиот простор околу возилото – на пример, со напреден алармен систем против кражба со заштита од одвлечување. При движење во внатрешноста се вклучуваат видливи и звучни предупредувања.
Управуваната задна оска[1] нуди предности, какви што се одлично држење на пат, зголемена динамичност и полесно маневрирање – на пример, при паркирање. Во зависност од брзината, задните тркала се завртуваат во спротивен или во ист правец со предните тркала.[2]
[1[ Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
[2] Нашите системи за помош при возењето и за безбедност не се целосна помош и не ве ослободуваат од вашата одговорност како возач. Ве молиме, прочитајте ги информациите во прирачникот за ракување и ограничувањата на системот што се опишани таму.
Воздушната суспензија AIRMATIC[1] нуди извонредно возење дури и на неквалитетен пат. Приспособливиот систем на амортизација се менува посебно за секое тркало, создавајќи основа за опуштено и удобно патување.[2]
[1[ Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
[2] Нашите системи за помош при возењето и за безбедност, не се целосна помош и не ве ослободуваат од вашата одговорност како возач. Ве молиме, прочитајте ги информациите во прирачникот за ракување и ограничувањата на системот што се опишани таму.
Погонот на сите тркала 4MATIC [1] обезбедува уживање во динамично возење и одлични возни својства, дури и по неасфалтиран пат. Системот ги подобрува тракцијата и стабилноста при возење – за дополнителна безбедност дури и во услови на дожд, снег и мраз.
[1] Нашите системи за помош при возењето и за безбедност не се целосна помош и не ве ослободуваат од вашата одговорност како возач. Ве молиме, прочитајте ги информациите во прирачникот за ракување и ограничувањата на системот што се опишани таму.
Откријте ја удобноста на интелигентниот MBUX гласовен асистент[1][2] – зададените команди се непотребни. Со клучниот израз „Еј Мерцедес“ ги активирате гласовните наредби и можете да побарате да се изврши посебна желба, на пример, за навигацијата, автоматската контрола на климата или да се промени радиостаница.
[1] За да ги користите услугите на Mercedes me connect, прво мора да создадете Mercedes me ID и да ги прифатите условите за користење на услугите на Mercedes me connect. Прикажаните услуги и нивната достапност и функционалност зависат посебно од моделот на возилото, годината на производство, избраната дополнителна опрема и од земјата.
[2[ Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
MERCEDES-AMG
Надворешниот дизајн на Mercedes-AMG EQE SUV ја соединува чистотата на моделите на Mercedes-Benz со препознатливите дизајнерски елементи на Mercedes-AMG, за јасно да се издвои од возилата со мотор со внатрешно согорување. Посебната појава на Mercedes-AMG EQE SUV произлегува од препознатливиот заден дизајн на AMG и маската на ладилникот што е својствена за AMG, со хромирани вертикални пречки. AMG-знакот на хаубата.
Предниот изглед се одликува со маска на ладилник Black Panel што е својствена за AMG, со хромирани вертикални пречки, интегрирана ѕвезда на Mercedes и натпис „AMG“.
Знакот AMG на хаубата ја нагласува припадноста на новиот Mercedes-AMG EQE SUV во семејството AMG со богата традиција.
Трендсетерскиот дизајн на тркалата од лесен метал AMG го заокружува изгледот на новиот Mercedes-AMG EQE SUV.
Возбудливи дизајнерски обележја, какво што е опционалниот AMG Night пакет со елементи во црно и во црн хром, го нагласуваат динамичниот изглед.
Со елементите на AMG Night пакет II[1], можете да додадете префинетост во експресивноста на вашето возило во однос на AMG Night пакет – знаците на моделот и ѕвездата на Mercedes назад се изработени во црн хром.
[1[ Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Со црвените сопирачки шепи со натпис „AMG“[1] секогаш ја прикажувате динамичната и ексклузивна природа на вашето возило. Црвените сопирачки шепи се визуелен елемент што ги нагласува перформансите на системот за сопирање и моторот.
[1[ Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Овие тркала со димензија од 55,9 cm (22 инчи) [1] што се изработени со висок сјај и со мат црна боја го нагласуваат дизајнот на Mercedes-AMG EQE SUV што е ориентиран кон иднината.
[1[ Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Аеродинамичните тркала со повеќе краци AMG од 55,9 cm (22 инчи)[1] исто така се приспособени за барањата од возило со високи перформанси од AMG.
[1[ Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Сè е под контрола: Управувачот AMG Performance е изработен со напа кожа и е перфориран во делот за држење. Тој поседува прекинувачи AMG на управувачот со кои се ракува природно и алуминиумски рачки за менување степени во сребрена боја, за избирање различни степени на рекуперација на енергијата. Тие овозможуваат брзо и лесно ракување со одредени функции за динамично возење.
Можете да ги смените возните карактеристики со притисок на копче за да одговараат на ситуацијата или на вашите барања. Петте модуси на возење, „Slippery“, „Comfort“, „Sport“, „Sport+“ и „Individual“ на AMG DYNAMIC SELECT покриваат широк обем, од висок комфор до нагласено спортско возење.
Спортските седишта AMG со лого AMG и посебната облога на седиштата на AMG од рачно изработена кожа ARTICO со микрофибер MICROCUT и црвена горна опшивка доминираат во спортскиот амбиент. По желба, како опција се достапни седишта обложени со црна или нева сива напа кожа, исто така со обложување на седиштата што е посебно за AMG и со лого AMG на потпирачот за глава.
Кокпитот поседува спортски внатрешен амбиент што изобилува со возбудливи контрасти, со горен раб, средишни панели во вратите, инструмент-табла и средишна конзола со микрофибер MICROCUT со висок квалитет, делумно украсен со црвена горна опшивка.
Спортските педали AMG од благороден челик со црвени гумени нитни поседуваат и изглед и функционалност од мотоспортот. Гумените нитни обезбедуваат дополнително држење што е неопходно за спортско возење, како и за предизвикувачки ситуации во возењето.
AMG TRACK PACE[1] го претвора вашето возило во ваш сопствен виртуелен инженер за трка. Со помош на времињата на круг, на сектор и забрзување, плус избрани телеметриски податоци во живо, можете специфично да ги анализирате и да ги подобрите вашите возачки способности на затворена тркачка патека.
[1[ Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Фина напа кожа во спој со рапав микрофибер MICROCUT [1] за совршено држење и прецизна контрола. Формата што е зарамнета, својствено за AMG, ја нагласува спортската нота на внатрешноста, додека практичните прекинувачи на управувачот AMG го потпомагаат фокусираното возење.
[1[ Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Впечатлив дизајн на карбон-фибер во спој со рапав микрофибер MICROCUT [1] – обележје што се гледа и се допира. Зарамнетата форма што е својствена за AMG доаѓа од мотоспортот и ергономски поставените прекинувачи на управувачот AMG овозможуваат природна удобност при ракувањето.
[1[ Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Украсните елементи AMG со висок квалитет од карбон-фибер[1] ѝ даваат индивидуален изглед на внатрешноста. Тие хармонично се втопуваат во средишната конзола и создаваат возбудливи и ексклузивни контрасти.
[1[ Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.