- Модели
- Брендови
- Промотивни понуди
- Сервис
X
Надворешност
Дознајте повеќе за главните обележја во надворешноста на EQS SUV од Mercedes-Benz. Разновидни линии на опременост му даваат на возилото сопствен карактер – од богатата стандардна опременост, до Electric Art и AMG Line. Заедничко својство на сите изведби е оптимизацијата на аеродинамичноста до најситниот детаљ: сосем очигледно, впуштените рачки на вратите придонесуваат за севкупната ефикасност на возилото. Но, надворешните ретровизори и осветлените нагазници исто така се оптимизирани во поглед на воздушниот отпор.
Маската на ладилникот Black Panel на вашето возило се одликува со ситно нацртани ѕвезди на Mercedes. Тоа го потврдува вашето внимание за деталите, особено кога се гледа одблизу.
Големите тркала со димензии во опсег од 50,8 cm (20 инчи) до 55,9 cm (22 инчи) го нагласуваат спортскиот цврст карактер на EQS SUV. Повеќето од дизајните на тркалата се аеродинамично оптимизирани, придонесувајќи за севкупната ефикасност на возилото.
Вистинска магнет за погледот се осветлените нагазници со алуминиумска завршница. Тие се поставени отстрана, на висина на страничните прагови, за да се качите полесно напред, исто како и назад. Гумените нитни што се отпорни на лизгање обезбедуваат цврста потпора за стапалата.
Доживејте ја девизата за лидерството на Mercedes-Benz дури и кога паркирате: управуваната задна оска го менува аголот на управување до 10 степени и значително го скусува кругот на вртење. Со вашиот автомобил маневрирате како тој да е компактен автомобил. Од друга страна, при повисоки брзини возите со неверојатна леснотија, што доаѓа од долгото меѓуоскино растојание.
Непогрешливо главно обележје е внимателно дизајнираната внатрешност на LED задните светла: светлечките елементи се дизајнирани во облик на заоблен 3D хеликс. Во комбинација со светлечката лента што се протега по целата ширина на возилото, светлосниот потпис на EQ покажува колку тој зрачи силно.
Со DIGITAL LIGHT доживувате брилијантни услови на осветлување. HD-системот работи како проектор и реагира на менувањето на условите во сообраќајот, на патот или на временските услови, со постојано приспособување на светлото, а дополнително одушевува со своите функции на проекција. [1]
[1] Сите функции на проекција зависат од локалните закони за хомологација, што во моментов постојат во делумен обем во САД, ЕУ, Кина и во земјите во Персискиот Залив.
Главни обележја:
- LED предни светла со високи перформанси
- Впуштени рачки на вратите
- LED задни светла со 3D хеликс дизајн со светлечка лента
- Преден браник лакиран во боја на возилото со долна половина од мат пластика, отвори за воздух лево и десно од мат пластика, плус сребрена украсна лајсна
- Украсни лајсни во висина на појасот и по прозорците од алуминиум со висок сјај
- Заден браник лакиран во боја на возилото со долна половина од мат пластика и симулирана сребрена заштита оздола
Главни обележја:
- Преден браник со украсна лајсна во хром со висок сјај
- Украсни лајсни на вратите со хром со висок сјај
- Симулирана заштита под задниот браник со хром со висок сјај
- Тркала од лесен метал од 53,3 cm (21 инчи) со дизајн со 5 краци, со оптимизирана аеродинамика, црно бојадисани и изработени со висок сјај
Главни обележја:
- Преден браник што е посебен за AMG и е лакиран во боја на возилото, со долна половина во црно со висок сјај, лајсни на предни столбови со хром со висок сјај и перки во лев и во десен отвор за воздух во црно со висок сјај
- Заден браник што е посебен за AMG и лакиран е во боја на возилото, со долна половина во црно со висок сјај и вметоци во хром со висок сјај
- Облоги на сводовите на крилата и панел на страничните прагови во црно со висок сјај
- Тркала AMG од 53,3 cm (21 инчи) со 5 краци, изработени со ванадиум сребрена металик боја
Главни обележја:
- Капи на надворешните ретровизори во црна боја
- Украсни лајсни во висина на појасот и по прозорците во црно со висок сјај
- Затемнети стакла со топлинска заштита од средните столбови наназад
- Детали на предниот и на задниот браник од црн хром, со завршна изработка во зависност од избраната линија на опрема
- Црно лакирани тркала од лесен метал, во зависност од избраната линија на опрема
Внатрешност
Новиот EQS SUV ги соединува предностите на луксузна лимузина со просторноста на СУВ. Без разлика каде седите: во внатрешноста на EQS SUV ќе ви биде толку удобно што речиси нема да сакате да излезете од неа. Во поглед на акустиката, исто така ќе уживате во особено пријатно и тивко возење на рамниште на прва класа. Откријте ги главните обележја на внатрешноста на EQS SUV сега.
EQS SUV е конструиран да ги достигне највисоките мерила за звучна удобност. Како опција, патувањето и натаму може да се претвори во звучно доживување со емотивно опкружување со звук: разновидните звучни искуства што се поврзуваат со Burmester® звучниот систем овозможуваат индивидуално нагодување на акустиката. Опционалниот звук на возење внатре, се приспособува според индивидуалниот стил на возење и интеракцијата.
Одушевувачкиот MBUX хајперскрин се протега по целата ширина на внатрешноста. Три екрани зад елегантното сигурносно стакло визуелно се соединуваат во еден дисплеј. Без потреба да се влегува во подменија, проактивниот кориснички интерфејс без дополнителни нивоа учи од вашите избори и ја обезбедува вистинската информација во соодветно време. Со проекцискиот дисплеј MBUX со унапредена реалност се соединуваат виртуелниот и вистинскиот свет, со информации што се прикажуваат на голема површина и ви помагаат самоуверено да пристигнете на вашето одредиште.
Стандардната воздушна суспензија AIRMATIC со постојано приспособување на амортизацијата ADS+ реагира мошне чувствително и го менува растојанието од подлогата за да ги зголеми ефикасноста и комфорот. Покрај програмите за возење ECO, COMFORT, SPORT и INDIVIDUAL, верзиите 4MATIC нудат дополнителна програма DYNAMIC SELECT: со OFFROAD, возилото се приспособува за возење вон асфалтирани патишта. Висината на возилото се зголемува за 25 mm, за при брзини над 80 km/h таа повторно да се спушти на нормално ниво.
Неопходност, не само за алергичарите: Филтер HEPA делотворно ја смалува загаденоста на воздухот. Покрај тоа, ENERGIZING AIR CONTROL Plus го надгледува квалитетот на воздухот внатре и надвор од возилото, и резултатот ви го покажува на MBUX. Во зависност од измерената вредност, вашиот Mercedes автоматски префрлува меѓу работа со свеж воздух или рециркулација на воздухот.
Опрема
За исклучително тивка внатрешност: специјална стаклена мембрана, зајакнат филц и дополнителна изолација помагаат делотворно да се намали вознемирувачкиот надворешен звук. Тоа ја подобрува вашата концентрација, го олеснува разговорот и го зголемува вашето уживање во музиката при возење. Понатаму, рефлектирачки мембрански слој го спречува загревањето што е предизвикано од сончевата светлина.
PRE-SAFE® може да ги подготви патниците за страничен судир и да ја смали опасноста од повреда. Како телохранител, тој го турка возачот или предниот патник подалеку од зоната на опасност, кон внатрешноста.
Доживејте го технолошкиот напредок со активно амбиентално осветлување. Тоа ја поврзува естетиката со иновативни информации за возачот и проширени функции. Опкружувачки светлечки ленти и украсни елементи се втопуваат за да создадат дополнително ниво на осветлување. Тоа визуелно ги поддржува и системите за асистенција за возење, нагласувајќи ја на тој начин интелигенцијата на вашето возило.
GUARD 360° плус заштита на возилото овозможува надгледување на просторот околу возилото од сите страни. Благодарение на алармниот систем против кражба, како и на деактивирањето во итен случај, можете да реагирате брзо. На улица, детекцијата за судир ве известува преку апликацијата.
Пакетот ретровизори го олеснува секојдневното возење: надворешните ретровизори што се собираат електрично го штитат вашето возило од непријатно оштетување кога е паркирано. Покрај тоа, влегувањето и излегувањето од возилото во мрак е попријатно со осветлувањето на околниот простор. Вистински магнет за погледи: проекција на логото на марката покрај отворените врати.
MBUX асистентот за внатрешност овозможува ракување според говорот на телото. Доколку тој препознае дланка што се движи кон вратите, тој го толкува тоа како желба да се излезе и предупредува доколку утврди опасност од незгода. Правецот во кој ја движите главата покажува кој надворешен ретровизор сакате да го наместите. Покрај тоа, со природни движења со дланка, можете, на пример, да ги контролирате функциите на светлата.
Времето во возење станува време за полнење – само спуштете го вашиот паметен телефон на местото што е наменето за безжично полнење во полицата за оставање. Без оглед на моделот и марката, компатибилните паметни телефони се полнат безжично.
Уште од првиот момент, вашиот Mercedes-Benz има да понуди повеќе отколку што претпоставувате. Во зависност од моделот на вашето возило, посебната опрема што сте ја избрале, годината на производство и земјата, многубројни дигитални опции, какви што се далечинско, навигација, полнење, чувар во град и забава, веќе се вклучени за период од 36 месеци од купувањето на новото возило[1][2]. Доколку сакате да продолжите да ги користите предностите на дигиталните опции по почетниот период, можете да ги обновите со само неколку кликнувања во Mercedes me Store.
[1] За користење на услугите се потребни личен Mercedes me ID и согласност со условите за користење на услугите на Mercedes me connect. Покрај тоа, возилото мора да биде поврзано со соодветна корисничка сметка. По истекот на едногодишниот почетен период, услугите може да се обноват за одреден износ, под услов тие во моментот сè уште да се нудат за соодветното возило. Првичното активирање на услугите е можно во рок од 1 година по првичното регистрирање или вклучување на корисникот, во зависност што ќе биде прво.
[2] Поради кусок кај добавувачите може привремено да биде ограничена достапноста на модулот за комуникација (LTE) за одредени возила. Оваа состојба влијае главно врз услугите на Mercedes me connect, вклучувајќи го системот за итен повик (eCall). Информациите за оваа состојба се освежуваат постојано и може да се дознаат кај дилерите на Mercedes-Benz.
Доживејте првокласно музичко уживање на пат: стримувајте ја вашата омилена музика во вашиот Mercedes преку мултимедијалниот систем MBUX. Слушајте ги вашите омилени станици, песни и плејлисти во висок квалитет, каде и да се наоѓате. Удобното ракување преку гласовна контрола, преку копчињата на управувачот или медискиот дисплеј е беспрекорно интегрирано во корисничкото искуство со MBUX.[1]
[1] Оваа услуга на Mercedes me connect е достапна за возила со мултимедијален систем MBUX. За да ја користите услугата, мора да располагате со соодветна сметка кај одреден провајдер за стриминг. Провајдерите за стриминг се разликуваат. Покрај тоа, за да се користи услугата, мора да се набави посебен пакет за податоци од надворешен провајдер за мобилна телефонија, на пример преку услугата „Internet in the car“ на Mercedes me connect.
Доживејте повисоки аудиоперформанси со извонредниот звук на Burmester®: звучниците со висок квалитет создаваат одушевувачки сараунд звук. При персонализација на звукот, интелигентен алгоритам го приспособува системот според вашите навики за слушање. Покрај тоа, посебно дизајнирано звучно искуство во внатрешноста го засилува вашето доживување на електричното возење.
Интеграцијата на паметен телефон безжично го поврзува мобилниот телефон со мултимедијалниот систем преку Apple CarPlay™ или Android Auto™. Тоа ви овозможува удобен пристап до најважните апликации на вашиот паметен телефон. Можете брзо и лесно да користите и апликации од трета страна, каква што е Spotify.
Во зависност од ситуацијата, системот ја приспособува силината на рекуперацијата, за возилото или да продолжи да се движи со најмалиот можен возен отпор и на тој начин да го задржи залетот, или да сопира преку соодветна рекуперација, при што ја искористува енергијата.
Безбедно ве донесува до вашето одредиште со опуштено чувство: благодарение на современите и интелигентно вмрежени системи од сензори, можете да уживате во многубројните придобивки од полуавтоматското возење. Многубројни системи за асистенција на возачот ви помагаат како што тоа го налага ситуацијата, ве предупредуваат доколку постои опасност од судир или интервенираат по потреба - во корист на сите учесници во сообраќајот.[1]
[1] За да ги користите услугите на Mercedes me connect, прво мора да создадете Mercedes me ID и да ги прифатите условите за користење на услугите на Mercedes me connect. Прикажаните услуги и нивната достапност и функционалност, зависат посебно од моделот на возилото, годината на производство, избраната дополнителна опрема и од земјата.
„Меморијата“ на вашиот Пакет за паркирање: сè што е потребно е само безбедна постапка – и асистентот го помни патот на автоматизираното возење до и од вашето место на кое паркирате постојано. Вашиот Mercedes може потоа да ја преземе секојдневната задача за маневрирање во и од местото за паркирање во тоа подрачје, оставајќи ве да се опуштите и да ја следите целата постапка од возачкото седиште.[1]
[1] За да ги користите услугите на Mercedes me connect, прво мора да создадете Mercedes me ID и да ги прифатите условите за користење на услугите на Mercedes me connect. Прикажаните услуги и нивната достапност и функционалност, зависат посебно од моделот на возилото, годината на производство, избраната дополнителна опрема и од земјата.
Апликацијата Valet Service ви овозможува лесно да се качите и да излезете од возилото надвор од местото за паркирање – системот автоматски го маневрира вашиот Mercedes во просторот и го извлекува оттаму. Вие го следите паркирањето излезени од возилото и можете да го контролирате преку вашиот паметен телефон. Тоа овозможува паркирањето да биде значително порелаксирано и може да се избегнат мали оштетувања предизвикани од отворањето на вратите.[1]
[1] За да ги користите услугите на Mercedes me connect, прво мора да создадете Mercedes me ID и да ги прифатите условите за користење на услугите на Mercedes me connect. Прикажаните услуги и нивната достапност и функционалност, зависат посебно од моделот на возилото, годината на производство, избраната дополнителна опрема и од земјата.
Модусот за приколка за двата пакета за паркирање ви нуди разновидна поддршка, и тоа не само при паркирање: тоа е дополнителна можност за прикажување на дисплеј со функција за зумирање (само за возила со влечна кука). Пред сè, кога се вози комбинација автомобил/приколка, сликата од камерата го олеснува пристапот и закачувањето приколка.[1]
[1] За да ги користите услугите на Mercedes me connect, прво мора да создадете Mercedes me ID и да ги прифатите условите за користење на услугите на Mercedes me connect. Прикажаните услуги и нивната достапност и функционалност, зависат посебно од моделот на возилото, годината на производство, избраната дополнителна опрема и од земјата.
Ексклузивна услуга за паркирање со видливост на сите страни: активната асистенција за паркирање со PARKTRONIC и камера со 360° ги открива слободните места за паркирање и наменските простори за паркирање додека минувате покрај нив. Откако ќе изберете место за паркирање, можете да паркирате лесно со помош на динамичниот приказ и звучната поддршка – или да го пуштите возилото да маневрира во просторот со асистирано паркирање.[1]
[1] За да ги користите услугите на Mercedes me connect, прво мора да создадете Mercedes me ID и да ги прифатите условите за користење на услугите на Mercedes me connect. Прикажаните услуги и нивната достапност и функционалност, зависат посебно од моделот на возилото, годината на производство, избраната дополнителна опрема и од земјата.
Вториот ред седишта нуди потпирач за раце со можност за сместување долги предмети и потпирач за грб со поделба 40:20:40. За да се избере меѓупростор за нозе или простор за товар, вториот ред седишта може електрично да се поместува надолжно за 130 mm. Потпирачите за грб на опционалниот трет ред седишта може да се отклучат и одделно да се соборат преку багажникот.
Овој пакет го претвора вториот ред седишта во комфорна зона: благодарение на грејачите во седиштата и приспособливите образи во потпирачите за глава, вашите патници тука можат да подлегнат, да се опуштат и да уживаат во возењето. Комфорниот потпирач за раце со висок квалитет, вклучувајќи систем за безжично полнење мобилни уреди, создава совршено патувачко искуство назад.
Комфор за сите сетила: овој пакет соединува изобилство од премиум опрема со иновативна интелигенција. Вашиот Mercedes може да ве закрепне и ви угоди на посебен начин – за подолготрајна будност зад воланот и за исклучително пријатно патување. Со разновиден обем од комфорни програми и привлечни доплати, како што се мултиконтурните седишта.
Било да е отворен или затворен, панорамскиот лизгачки сончев покрив ви нуди прекрасно чувство на слобода и светол и пријатен амбиент во внатрешноста. Кога се гледа однадвор, долгиот лизгачки сончев покрив исто така создава единствен визуелен впечаток, внесувајќи леснотија и ексклузивност во надворешноста. Иновативно: ракување преку лизгач на допир.
Максимален комфор за вашето секојдневно возење: Со пакетот за удобност KEYLESS-GO, можете да го стартувате и да го заклучите вашето возило едноставно носејќи го клучот или соодветен паметен телефон со себе. Функцијата HANDS-FREE ACCESS овозможува целосно автоматско отворање и затворање на вратата на багажникот без потреба од допирање.
Системот PRE-SAFE® го користи времето пред неизбежна незгода за да ве заштити. Преку цела низа од мерки може да се намалат оптоварувањето и напрегањето на кои сте изложени. Иновативниот PRE-SAFE® звук произведува звук од звучниците што е во состојба да поттикне природен рефлекс за одбрана: тој го заштитува внатрешното уво, преку придушување на бучавата од незгодата.