- Модели
- Брендови
- Промотивни понуди
- Сервис
X
Надворешност
Од новиот прогресивен преден дел со својата впечатлива решетка на ладилникот до рамните LED предни светла[1] и елегантниот седан заден профил: новата A-Class Saloon остава свој белег насекаде.
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Ѕвездата напред: Mercedes-Benz шемата што ја краси решетката на ладилникот на A-Class. Спортскиот прогресивен впечаток продолжува на нанапред накосената хауба, каде што куполите ја нагласуваат динамичната фигура на новиот A-Class Sedan.
A-Class осветлува со висококвалитетните LED предни[1] и задни светла. Новиот заден дифузор и AMG Line[1] поставува дополнителни динамични акценти.
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Уште четири причини што зборуваат за динамичната природа на новата A-Class: Новите тркала од лесна легура со совршена поставеност во големини што се движат од 43,2 cm (17 инчи)[1] до 48,3 cm (19 инчи)[1] ѝ даваат на A-Class уште поспортски карактер.
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Кај A-Class Sedan, компактната динамика и класичната седан линија се спојуваат за да формираат урамнотежено уметничко дело: јасните намалени линии и долгото меѓуоскино растојание ја нагласуваат спортската, како и префинетата елеганција на страничната линија.
Вашиот KEYLESS-GO клуч од возилото може да остане во вашиот џеб, дури и не треба да го држите в рака. Автомобилот го препознава својот сопственик благодарение на зачуваното овластување за пристап и возење. Фатете ја рачката на вратата, отворете, качете се, возете – KEYLESS-GO е секогаш удобно искуство.[1]
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Главни карактеристики на опременост:
- Хауба со куполи
- Решетка на ладилникот со Mercedes-Benz шема во високо сјајна црна и централна Mercedes ѕвезда
- Странични лајсни во црна боја со зрнест финиш
- Во зависност од варијантата на моторот: 40,6 cm (16-инчни) тркала од лесна легура со повеќе краци или 43,2 cm (17-инчни) тркала од лесна легура со 10 краци
- Халогени предни светла со интегрирани LED дневни светла
Главни карактеристики на опременост[1]:
- Решетка на ладилникот со Mercedes-Benz шема во високо сјајна црна и централна Mercedes ѕвезда, со хромирани инсерти
- Предна маска со декоративни хромирани елементи
- Задна маска со долен дел обложена во високо сјајна црна боја, издувни цевки и хромирани облоги
- Странични лајсни со финиш во боја на каросеријата
- Хромирана појасна линија и линија на прозорци
43,2 cm (17-инчни) тркала од лесна легура со 10 краци.
Главни карактеристики на опременост[1]:
- AMG-стил на каросерија што се состои од AMG предна маска со преден сплитер во мат иридиум сребрена боја, AMG странични прагови во боја на каросеријата и AMG задна маска со видливи издувни цевки и хромирана облога
- Решетка на ладилникот со Mercedes-Benz шема во хром, со централна Mercedes ѕвезда и еден лувр со хромиран додаток
- Појасна линија и линија на прозорци од високо сјаен алуминиум
- 45,7 cm (18-инчни) AMG-тркала од лесна легура со 5 двојни краци
Главни карактеристики на пакетот [1]:
- Централна Mercedes ѕвезда и индивидуална решетка на ладилникот во високо сјајна црна боја со хромиран додаток
- Капаци на страничните ретровизори со неметалик ноќна црна боја, со завршница во бојата на возилото, доколку е наведена космос црна металик боја
- Појасна линија и линија на прозорци од високо сјајна црна боја
- Термоизолациско темно обоено стакло од столбот Б наназад
Внатрешност
Во новата A-Class Sedan, сè се врти околу возачот: тука, широк спектар иновации за поврзување и безбедност, од дополнително подобрениот мултимедијален систем MBUX до комфорните седишта, се посветени на многу индивидуален комфор при возењето.
Може да се радувате и на новата генерација на управувач во новата генерација на A-Class Sedan. Новиот управувач со 3 краци се одликува со беспрекорно интегрирани контроли на допир и интуитивна оперативна логика.
Опционално, искусете уште повеќе перформанси и ексклузивност со легендарниот Burmester® звук. Звучниците со високи перформанси обезбедуваат првокласен звук. Можете да го оптимизирате ова конкретно за предните и за задните седишта и на тој начин да го интензивирате слушачкото искуство. Квалитет што можете да го видите благодарение на фините Burmester® букви.[1]
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Без разлика дали патувате на долги растојанија или на само неколку минути, кога станува збор за удобноста на седење, не мора да правите компромиси. Затоа удобните седишта се стандардна опрема во новата A-Class Sedan.
Импресивно одржлив: со ARTICO вештачкиот тапацир од кожа/ткаенина[1] во A-Class Sedan, централното седиште и делот за наслонот за грб се направени од 100% рециклирани РЕТ-шишиња.
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Втората генерација на иновативниот MBUX систем за забава[1] гарантира дека внатрешноста на A-Class Sedan станува уште подигитална. Искусете ја подобрената работа на стандардниот голем медиумски приказ од 26 cm (10,25 инчи). Кога медиумскиот приказ е комбиниран со поголемиот приказ на инструменти[1], она што го добивате е пилотска кабина со широк екран.
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Главни карактеристики на опременост:
- Комфорни седишта со тапацир од црна ARTICO вештачка кожа/Bertrix текстил
- Пакет удобни седишта, вклучително рачно приспособување на седиштата во 8 насоки за возачот и за совозачот
- Мултифункционален спортски управувач од кожа, вклучувајќи контроли на допир, лопатки за менување брзини на управувачот и сребрена облога
- Мултимедијален систем MBUX со проширени MBUX-функции
Главни карактеристики на опременост[1]:
- Комфорни седишта со избор на навлаки за седишта од ARTICO вештачка кожа / Bertrix црн текстил или ARTICO вештачка кожа / Norwich кристално сив / црн текстил
- Мултифункционален спортски управувач од кожа, вклучувајќи контроли на допир, лопатки за менување брзини на воланот и украси од хром
- Декорација со изглед на темни карбонски влакна
- Постава на покривот од црн текстил
Главни карактеристики на опременост[1]:
- Спортски седишта со потпирачи за глава приспособливи по висина и навлаки за седишта од ARTICO вештачка кожа / MICROCUT црн микрофибер со контрастни црвени шевови
- Мултифункционален спортски управувач од напа кожа, со израмнет долен дел, перфориран во пределот за држење со лопатки за менување брзини на управувачот од сребрен хром
- MICROCUT облога од микрофибер
- AMG спортски кластер за педали од брусен не’рѓосувачки челик
Опрема
За да ви овозможи да го пронајдете вашиот пат во сложени сообраќајни ситуации, MBUX навигацијата со зголемен реален приказ[1] го комбинира виртуелниот свет со реалниот. Технологијата вклучува графички упатства за навигација и информации за сообраќајот во „живи“ слики. Можете да стигнете до вашата дестинација брзо, безбедно и без стрес.
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Безжично полнење: едноставно ставете го вашиот мобилен уред во централната конзола и процесот на полнење почнува веднаш. Интеграцијата на паметен телефон[1] ја носи функционалноста на вашиот уред на медиумскиот приказ. Потоа можете да контролирате многубројни функции преку корисничкиот интерфејс на ист начин како и секогаш.
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
На овој начин A-Class станува ваша A-Class: зачувајте и активирајте одредени персонализирани поставки какви што се бојата на внатрешното осветлување или положбата на седиштето директно во вашиот профил.
Приспособливите MULTIBEAM LED[1] предни светла со индивидуално контролирани LED-диоди реагираат на сообраќајот. Делумното долго светло ги блокира другите учесници во сообраќајот без да ги заслепува. Светлата за вртење и за свијоци, како и другите светлосни функции, исто така, го осветлуваат видното поле на најдобар можен начин во зависност од ситуацијата на возење.
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Системот може да помогне да се избегнат судири со возила во движење или кои стојат, сообраќај од спротивната страна при вртење, пешаци и велосипедисти. Покрај предупредувањата за растојание и за судир, системот првенствено нуди соодветна помош при сопирање на ситуацијата, вклучително и итно запирање доколку е неопходно.[1][2]
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
[2] Нашите системи за помош при возење и безбедност се само помагала и не ве ослободуваат од вашата одговорност како возач. Ве молиме имајте ги предвид информациите во упатството за сопственикот и системските ограничувања опишани таму.
Опуштено паркирање и маневрирање: опционалната камера од 360°[1] обезбедува сеопфатна видливост, вклучувајќи птичја перспектива. На овој начин можете самоуверено да се справите со тесните или со непријатните ситуации при паркирање. Активниот асистент за паркирање со PARKTRONIC[1] ве поддржува кога барате паркинг-простор, како и кога влегувате и излегувате од паркинг-простор. [2]
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
[2] Нашите системи за помош при возење и безбедност се само помагала и не ве ослободуваат од вашата одговорност како возач. Ве молиме имајте ги предвид информациите во упатството за сопственикот и системските ограничувања опишани таму.
Активниот асистент за држење на лента[1] е внимателен набљудувач: ако ненамерно ја напуштите лентата или опасно се приближите до другите учесници во сообраќајот, системот може да ве врати во вашата лента со помош на интервенција на управувачот. Доколку сепак ја напуштите лентата, ќе следува дополнително предупредување во вид вибрации на упраувачот.[2]
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
[2] Нашите системи за помош при возење и безбедност се само помагала и не ве ослободуваат од вашата одговорност како возач. Ве молиме имајте ги предвид информациите во упатството за сопственикот и системските ограничувања опишани таму.
Асистентот за „мртов“ агол[1] гледа многу внимателно за вас – особено штом го вклучите трепкачот. Системот може да ви даде визуелно и аудио предупредување за потенцијални странични судири со други учесници во сообраќајот. По вашето патување, системот сè уште останува буден и ве предупредува доколку ја отворите вратата во погрешно време.[2]
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
[2] Нашите системи за помош при возење и безбедност се само помагала и не ве ослободуваат од вашата одговорност како возач. Ве молиме имајте ги предвид информациите во упатството за сопственикот и системските ограничувања опишани таму.
THERMOTRONIC[1] ги контролира индивидуалните температури во две зони. Вие и вашиот совозач можете да ја поставите претпочитаната клима независно еден од друг. И никогаш не треба да се приспособувате, бидејќи чувствителните сензори регистрираат промени дури и во условите како што е сончевата светлина.
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Пакетот Удобни седишта[1] со своите многубројни опции за приспособување, ви овозможува да ја пронајдете оптималната положба за седење, така што таа секогаш е поставена според вашите лични желби. Перничето на седишта што се пушта нанапред е посебен додаток за повисоките возачи.
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Вашиот клуч од возилото KEYLESS-GO[1] може да остане во вашиот џеб, дури и не треба да го држите в рака. Автомобилот го препознава својот сопственик благодарение на зачуваното овластување за пристап и возење. Фатете ја рачката на вратата, отворете, качете се, возете – KEYLESS-GO е секогаш удобно искуство.
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Пакетот аларми за заштита на возилото[1] обезбедува целосен мониторинг на околината на возилото – на пример, со проширениот алармен систем против кражба и заштита од влечење. Движењата во внатрешноста предизвикуваат визуелни и аудио предупредувања. Функцијата за откривање судир од дигиталните опции ве информира преку апликацијата.[2]
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
[2] За користење на услугите се потребни личен Mercedes me ID и согласност за условите за користење на услугите на Mercedes me connect. Покрај тоа, возилото мора да биде спарено со соодветната корисничка сметка. По истекот на почетниот рок, услугите може да се обноват со плаќање, под услов сè уште да се нудат за соодветното возило во тој момент. Првото активирање на услугите е можно во рок од 1 година од првичната регистрација или работење од страна на клиентот, кое и да е прво.
Воздушните перничиња за страничен удар во задниот патнички простор[1] го штитат пределот на градниот кош на патниците на надворешните задни седишта во случај на силен страничен удар. Заедно со стандардните воздушни перничиња на прозорците, тие нудат оптимален безбедносен потенцијал за спречување или за ублажување на повредите. Воздушните перничиња се отвораат помеѓу вратата и патникот.
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Возете точно како што сакате. Со притискање копче, DYNAMIC SELECT нуди различни режими на возење што ги одредуваат поставките за моторот, менувачот, суспензијата и за управувачот, на пример. Со режимот „Sport“ на пат сте на нагласено динамичен начин, додека со основниот режим „Comfort“ карактеристиките се многу балансирани. „ЕСО“ се фокусира на ефикасност, заштедувајќи гориво и пари.
Најголемиот потенцијал за спортско уживање во возењето и без напор супериорно возачко чувство: приказот во висина на главата на возачот[1] го трансформира вашето ветробранско стакло во возбудлива дигитална пилотска кабина. Ова значи дека секогаш ги имате клучните информации директно во вашето видно поле. Вашето целосно внимание останува на патот и на сообраќајот пред вас.
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Со дигиталните опции и со соодветните Mercedes me апликации, можете да доживеете дополнителна удобност, безбедност, задоволство при возењето и дигитална поддршка бидејќи тие ви обезбедуваат важни информации и практични функции за вашиот Mercedes – како во возилото така и на вашиот паметен телефон.[1]
[1] За да ги користите услугите на Mercedes me connect, мора да креирате Mercedes me ID и да ги прифатите Условите за користење на Mercedes me connect услугите. Прикажаните услуги и нивната достапност и функционалности зависат особено од моделот на возилото, годината на производство, избраната опционална опрема и од земјата.
MERCEDES-AMG
Новиот Mercedes-AMG A 35 4MATIC како класичен спортски седан се навраќа на потеклото и на историската мисија на брендот на Mercedes-AMG. Со компактни димензии, динамични пропорции и кратки натстрешници, овој модел нуди удобен простор за патниците и за багажот. Експресивниот преден дел се карактеризира со решетка на ладилникот специфична за AMG со вертикални потпори и е јасна посветеност на динамиката на возење типична за брендот.
Карактеристичниот AMG преден дел со решетка на ладилникот специфична за AMG и специјална предна маска пренесува чисто возачко уживање дури и кога возилото стои.
Нови аеродинамички оптимизирани 48,3 cm (19-инчни) AMG-тркала од лесна легура со 5 двојни краци обоени во мат црна боја со високо сјаен финиш.
Дури и при стоење, рамната хауба со нејзините спортски куполи го нагласува динамичното присуство на возилото. „AMG-беџот“ на предната страна дополнително ја нагласува припадноста кон семејството на AMG, богато со традиција.
AMG задната маска со специфичен изглед на дифузорот и четири вертикални перки, вклучувајќи тркалезна издувна цевка на левата и на десната страна, зрачи со чист спортски изглед.
Впечатливите дизајнерски елементи во црна и високо сјајна црна боја, какви што се предниот сплитер, капаците на страничните ретровизори и појасните линии, како и термоизолациските затемнети прозорци од столбот Б наназад, го нагласуваат експресивниот карактер на возилото.
AMG Ноќниот пакет II содржи дополнителни висококвалитетни дизајнерски детали. Затемнетите лајсни на решетката на ладилникот и типографијата на предните крила и капакот на багажникот во црн хром го прават вашето возило вистински впечатливо.
AMG Аеродинамичниот пакет развиен во тунелот за ветер во голема мера придонесува за бескомпромисни перформанси. Деловите што се вадат и поголемиот AMG заден спојлер ја зголемуваат надолната сила и ги подобруваат карактеристиките на управување на автомобилот при големи брзини.
48,3 cm (19-инчни) AMG-тркала од лесна легура со 5 двојни краци обоени во високо сјајна црна боја со високо сјајна завршница.
Најновата генерација на AMG Performance управувач со зарамнет долен раб, обезбедува совршен интерфејс со возилото. Копчињата на AMG-управувачот може да се користат за директно контролирање на режимите на возење AMG и за интуитивно управување со другите AMG-функции и на дофат директно на управувачот.
Комбинацијата на спортски дизајн и иновативно работење и приказ е очигледна во втората генерација на мултимедијалниот систем MBUX. Индивидуалните AMG дизајн прикази се визуелна претстава за динамичната природа на возилото. Со целосно дигиталната инструмент табла, можете да се префрлате помеѓу три динамични AMG-стилови на приказ.
Идеални услови: совршена странична контрола за динамични маневри на возење во комбинација со естетика и удобност – опционалните AMG Performance седишта со ARTICO вештачка кожа/MICROCUT микрофибер тапацир го нагласуваат тркачкиот карактер на вашето возило.
Висококвалитетната AMG Design алуминиумска црна/сребрена облога е атрактивна дизајнерска карактеристика и додава карактеристични AMG-бои во внатрешноста. Тие го нагласуваат афинитетот со мотоспортот и ја спојуваат спортската елеганција на ентериерот.
AMG TRACK PACE го претвора вашето возило во ваш виртуелен инженер за трки. Со помош на времето на круг, сектор и забрзување, како и специјални податоци за телеметрија во живо, можете конкретно да ги анализирате и да ги оптимизирате вашите возачки вештини на затворени патеки.
AMG Performance пакетот за висококвалитетни седишта ги совладува сите дисциплини. Поставете ги страничните потпори на седиштето преку функцијата на седишта со приспособување и масажа и приспособете ја положбата на седењето електронски. Можете, исто така, да го изберете вашиот индивидуален кожен тапацир со интегрирано греење на седиштата.
Опционалниот систем за контрола на климата на седиштата ги проветрува предните седишта и ги лади, контролирајќи ја и влажноста. При постудено време, греењето на седиштата брзо ги доведува перничињата на седиштата и на потпирачите за грб до пријатна температура.[1]
[1] Само во комбинација со пакетот AMG Performance High-End Seat.
Со овој AMG-управувач, фината напа кожа се среќава со MICROCUT микрофибер со цврсто држење – за совршено држење и прецизна контрола. Карактеристичниот AMG зарамнет облик е усвоен од мотоспортот и го нагласува спортскиот карактер на пилотската кабина. Ергономски позиционираните контролни панели на допир, обезбедуваат интуитивна прифатливост за корисникот и промовираат фокусирано возење.
Дури и влегувањето и излегувањето станува искуство само по себе. Висококвалитетните панели на праговите од не’рѓосувачки челик се осветлени со натпис „AMG“. Благодарение на заменливите капаци, можете да ги замените панелите на праговите за други атрактивни оригинални делови од Mercedes-AMG или од Mercedes-Benz.
AMG кожниот пакет ѝ дава на внатрешноста уште поквалитетно чувство. Кожните спортски седишта не само што изгледаат добро, туку се и особено издржливи. Шевовите на појасната линија и на контролната табла создаваат дополнителни акценти.