- Модели
- Брендови
- Промотивни понуди
- Сервис
X
Надворешност
Новиот GLA импресионира на прв поглед со својот подобрен преден дизајн со дијамантска решетка на ладилникот со хромирани иглички и MULTIBEAM LED предни светла[1] кои ја рефлектираат неговата ексклузивна природа, додека панорамскиот лизгачки покрив[1] и 20-инчните алуминиумски фелни[1] создаваат уникатно доживување при возењето. Динамичната елеганција зрачи од новиот дизајн на задниот дел со карактеристични задни издувни цевки и целосни LED задни светла. Новиот финиш на боја во екстравагантно спектрално сино го комплетира префинетиот дизајн[1].
Предниот дел на GLA со дијамантска решетка на ладилникот со хромирани иглички и MULTIBEAM LED предни светла[1] не само што го нагласуваат неговиот спортски фокус, туку обезбедуваат и поголема безбедност. Контролираните LED-светла реагираат флексибилно на различни сообраќајни ситуации. Светлата за свијоци, исто така, го осветлуваат вашето видно поле на најдобар можен начин.
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Во согласност со динамичниот карактер на SUV, новиот финиш на длабока спектрална сина боја[1] ја нагласува надворешноста на GLA.
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Задниот дел со издувните цевки и впечатливите целосно LED задни светла одушевуваат не само со динамичниот дизајн, туку и со висококвалитетниот и прецизен внатрешен дизајн.
Надворешниот панорамски лизгачки стаклен покрив напред, заедно со задниот фиксен панорамски стаклен покрив, ја исполнуваат внатрешноста со природна светлина и создаваат светла и пријатна атмосфера за секое патување. Во потоплите денови, стаклениот лизгачки покрив ви нуди дополнителна опција за вентилација.[1]
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Вградените алуминиумски фелни со димензии што се движат од 17 инчи до 20 инчи[1], заедно со спортскиот профил, му даваат на GLA моќен SUV-карактер и самоуверено држење на патот, како и на лесен терен надвор од патот.
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Внатрешност
Внатрешноста на Mercedes-Benz GLA импресионира со својот висококвалитетен финиш, дарежливото чувство за простор и иновативната удобност при возењето. Упраувувачот, редизајнираната централна конзола и стилското амбиентално осветлување1], секој мал детаљ има импресивен естетски дизајн и внимателно осмислена функционалност. Новиот мултимедијален систем MBUX се приспособува на вашите желби, додека новиот Burmester® звучен систем со Dolby Atmos®[1] ветува интензивно звучно искуство.
Уживајте во новото динамично возачко искуство со мултифункционалниот спортски управувач во GLA. Користете ги контролните панели на допир за да управувате со најважните функции на возилото без да ги тргате рацете од управувачот. А и вие не би сакале, бидејќи висококвалитетната напа кожа е уникатно доживување. Мултифункционалниот спортски управувач е достапен и во вештачка кожа ARTICO[1], што ја истакнува прогресивната природа на вашето возило.
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Капакот за складирање во централната конзола што се извлекува ви нуди елегантна заштита од љубопитни очи од висококвалитетен материјал. Изгледа добро, внатрешноста е уредна, а сè што е важно е при рака. Практичната преграда за складирање може да содржи типични секојдневни предмети какви што се паметен телефон, паричник или разни клучеви.
Дизајнирајте ги вашите лични барања за инфо-забава со новиот мултимедијален систем MBUX. Изберете помеѓу неколку стилови на приказ од „суптилно“ до „спортско“ и одлучете помеѓу гласовна команда или работење на допир. Вештачката интелигенција ја памети вашата омилена радиостаница и најбрзата патека до работа.
Искусете уште повеќе перформанси и ексклузивност преку легендарниот Burmester® звук. Со легендарниот Burmester® звук, секое патување може да биде брилијантно звучно искуство. Звучниците имаат елегантни натписи, а можете посебно да го оптимизирате звукот за предните и за задните седишта за да создадете интензивен звучен пејзаж. Можете, исто така, да репродуцирате музика со квалитет Dolby® Atmos.[1]
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Создадете ваш индивидуален светлосен амбиент за секое патување и поставете ја внатрешноста на GLA според вашето моментално расположение: со 64 бои на амбиенталното осветлување[1], можете да создадете фасцинантни светови на бои, на пример со осветлените отвори за воздух, вратите или инструмент таблата.
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Уште подигитална, уште поинтелигентна, уште посигурна: MBUX навигацијата со зголемен реален приказ [1] го поврзува виртуелниот свет со реалниот. Графичката навигација и информациите за сообраќај се прикажуваат во живи слики со висока резолуција и може да ви помогнат да најдете подобар и побрз начин за навигација во сложени сообраќајни ситуации.
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Опрема
Удобноста почнува кога ќе стапнете во вашето возило. Со својата широка, достапна врата, новиот GLA го олеснува влегувањето и излегувањето, обезбедувајќи удобност од моментот кога ќе влезете.
Со приспособливите задни седишта[1], можете да го трансформирате вашето возило веднаш дури трепнете од мало просторно чудо за задните патници во компактно премиум транспортно возило. Доколку е потребно, можете да ја поместите целата клупа на задните седишта нанапред за 140 mm и значително да го зголемите капацитетот на багажникот или просторот за нозете во задниот простор.
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Пакетот аларм за заштита на возилото[1][2] обезбедува целосен надзор на околината на возилото – на пример, со продолжениот алармен систем против кражба и заштита од влечење. Движењата во внатрешноста предизвикуваат визуелни и звучни предупредувања.
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Оптимална услуга за паркирање: Активната помош за паркирање со камера од 360°[1][3] ви помага кога барате паркинг-простор, како и кога влегувате и излегувате од паркинг-простор.
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
[3] Нашите системи за помош при возење и за безбедност се само помагала и не ве ослободуваат од вашата одговорност како возач. Ве молиме имајте ги предвид информациите во упатството за сопственикот и системските ограничувања опишани таму.
Можете електрично да ги затворите страничните ретровизори. Помалите паркинг-места одеднаш стануваат доволно големи. Ова, воедно, помага да се избегне оштетување. Ретровизорот исто така може да регистрира заслепување од возилата зад вас и автоматски да се затемнува.[1]
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Најсовремените системи ве поддржуваат според ситуацијата со приспособување на брзината, управување и кога постои ризик од судир. Ризикот од несреќа е намален и патниците и учесниците во сообраќајот се ефикасно заштитени. На овој начин можете да се опуштите и безбедно да стигнете до вашата дестинација.[1][3]
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
[3] Нашите системи за помош при возење и за безбедност се само помагала и не ве ослободуваат од вашата одговорност како возач. Ве молиме имајте ги предвид информациите во упатството за сопственикот и системските ограничувања опишани таму.
Овој пакет ви дава избор: паркирајте го возилото сами – или избегнете го стресот и нека го паркира за вас. Практичната поддршка почнува веднаш штом ќе почнете да барате и да избирате достапно паркинг-место. Откако ќе се открие простор, можете самоуверено да маневрирате во него благодарение на камерата за рикверц или да уживате во поддршката на активниот паркинг асистент кога одите назад.[1][3]
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
[3] Нашите системи за помош при возење и за безбедност се само помагала и не ве ослободуваат од вашата одговорност како возач. Ве молиме имајте ги предвид информациите во упатството за сопственикот и системските ограничувања опишани таму.
Возете баш како што сакате. Со притискање копче, DYNAMIC SELECT нуди различни режими на возење, кои ги одредуваат поставките за моторот, за менувачот, за суспензијата и за управувањето, на пример. Со режимот „Sport“ на пат сте на нагласено динамичен начин, додека со основниот режим „Comfort“ карактеристиките се многу балансирани. „ЕСО“ се фокусира на ефикасност, заштеда на гориво и на пари.
Удобната суспензија[1] ви нуди целосен динамичен пакет. Обезбедува уште подобро држење на патот. Суспензијата е спуштена за 15 милиметри и работи со специјално прилагодени пружини и амортизери: таа е специјално конфигурирана да биде поспортска од стандардната суспензија.
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Автоматски менувач што се приспособува на вашите желби: со режимот на возење ги менувате и карактеристиките на менувачот со двојна спојка. Ги користи 8-те брзини селективно за ефикасно возење при мали брзини на моторот или за импресивно динамично управување. Бидејќи следната брзина е секогаш претходно избрана, можете беспрекорно да забрзувате.
Со системот од 48 волти, втор вграден електричен систем е поставен во новиот GLA. Го зголемува вкупниот капацитет на акумулаторот. Ова значи повеќе електрична енергија за иновативни функции при мирување, како што е контролата на климата. Повеќе перформанси, поголема флексибилност, поголема ефикасност.
За да ви овозможи да го пронајдете вашиот пат во сложени сообраќајни ситуации, навигацијата со зголемен реален приказ MBUX[1] го поврзува виртуелниот со реалниот свет. Технологијата вклучува графички упатства за навигација и информации за сообраќајот во живи слики. Можете да стигнете до вашата дестинација брзо, безбедно и без стрес.
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Уживајте во бесконтактното работење со овој иновативен систем што ги детектира и ги интерпретира движењата на вашите дланки и раце. Ова значи дека можете да ги активирате избраните функции за неколку секунди. Системот може да прави разлика помеѓу возачот и совозачот – така што ќе го достигнете точното мени што го барате.[1]
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Мултимедијалниот систем MBUX ви нуди максимална слобода да контролирате многубројни функции на начин што е најудобен за вас. Достапен е екран на допир во вашиот Mercedes-Benz GLA. Екраните може да се контролираат и со помош на копчињата за контрола на допир на управувачот.
Интеграцијата на паметен телефон[1][2] го поврзува мобилниот телефон со мултимедијалниот систем безжично преку Apple CarPlay™ или Android Auto™. Ова ви овозможува лесен пристап до најважните апликации на вашиот паметен телефон. Можете, исто така, брзо и лесно да користите апликации од трети снабдувачи како Spotify.
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Искусете и уживајте во гласовната контрола на ново фасцинантно ниво со MBUX[1][2] гласовниот асистент, без поставени команди. Благодарение на неговото разбирање на природниот говор, MBUX гласовниот асистент ја прима практично секоја команда. Го препознава и го разбира речиси секое барање поврзано со инфо-забавата и управувањето на возилото. Системот може да обработува и индиректен говор, на пример, контролата на климата ќе одговори на „I feel cold" и постепено ќе ја зголемува поставката за температурата.
[2] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Направете го вашето возило погодно за тежок терен: дополнителниот режим на возење надвор од патот[1] го оптимизира влечењето, на пример, над снег, кашест снег или мека почва. За таа цел, ја приспособува испораката на моќност на моторот и ABS-контролата за малку погруби неасфалтни површини.
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Активниот асистент за контрола на растојание DISTRONIC[1] ви ги ослободува рацете автоматски контролирајќи го растојанието од возилото пред вас. Заедно со препознавањето на сообраќајните знаци, можете лесно да ги приспособите детектираните ограничувања на брзината со притискање копче.[2]
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
[3] Нашите системи за помош при возење и за безбедност се само помагала и не ве ослободуваат од вашата одговорност како возач. Ве молиме имајте ги предвид информациите во упатството за сопственикот и системските ограничувања опишани таму
Активниот асистент за сопирање со функција за вртење, може да помогне да се избегнат судири со возила во движење или кои стојат пред вас, со сообраќај од спротивната страна кога се врти и со пешаци во движење, како и со велосипедисти. Покрај предупредувањата за растојание и судир, системот првенствено нуди помош за сопирање соодветно на ситуацијата, вклучувајќи и итно запирање доколку е неопходно.[2]
[2] Нашите системи за помош при возење и за безбедност се само помагала и не ве ослободуваат од вашата одговорност како возач. Ве молиме имајте ги предвид информациите во упатството за сопственикот и системските ограничувања опишани таму
Активниот асистент за одржување на лента е внимателен набљудувач: ако ненамерно ја напуштите лентата или опасно се приближите до другите учесници во сообраќајот, системот може да ве врати во вашата лента со помош на интервенција на управувачот. Меѓутоа, доколку сепак ја напуштите лентата, ќе следува дополнително предупредување во вид на вибрации на управувачот.[2]
[2] Нашите системи за помош при возење и за безбедност се само помагала и не ве ослободуваат од вашата одговорност како возач. Ве молиме имајте ги предвид информациите во упатството за сопственикот и системските ограничувања опишани таму
Заштедете време при маневрирање: со асистентот за маневрирање приколка[1] можете да вршите маневри во рикверц самоуверено и мирно – дури и во тешки ситуации. Особено корисно за возачите што ретко возат со приколка или кои имаат помалку искуство со тоа, асистираното управување навистина ги олеснува работите.[3]
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
[3] За да ги користите услугите на Mercedes me connect, мора да креирате Mercedes me ID и да ги прифатите условите за користење за услугите на Mercedes me connect. Прикажаните услуги и нивната достапност и функционалности, зависат особено од моделот на возилото, годината на производство, избраната опционална опрема и од земјата.
PRE-SAFE® системот[1] може да преземе низа мерки за да се намали силата што се создава како резултат на несреќата. Иновативниот PRE-SAFE® звук создава шум од звучниците што може да предизвика природен заштитен рефлекс. Ова го штити внатрешното уво со придушување на бучавата од несреќа.
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Лесно и без стрес товарење и растоварување со овој систем, капакот на багажникот се отвора и се затвора без физички контакт. Сензорот под задниот браник детектира движење во вид на удар со ногата. Ова е особено корисно кога ги имате двете раце полни со торби за пазарување или немате слободна рака да го затворите капакот на багажникот.
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Пријатна топлина за оптимална удобност при вашето патување. При постудено време или врз основа на вашите лични желби, грејачите на седиштата брзо ги доведуваат седиштето и потпирачите за грб до пријатна температура. Изберете помеѓу три нивоа на интензитет. Интелигентно и удобно: греењето на седиштата автоматски се исклучува.
MERCEDES-AMG
Компактните SUV-перформанси никогаш не биле подобри. Новиот GLA од Mercedes-AMG предизвикува љубопитност со својата динамична комбинација на AMG-специфична решетка на ладилникот, нова предна маска и пофино обработени LED предни светла. Новите LED задни светла даваат јасен израз.
Новиот дизајн на предната маска, AMG специфична решетка на ладилник и новите LED предни светла сега се уште поизразени.
Дизајнот на задниот дел одушевува со најзначајните карактеристики какви што се спојлерот на капакот на багажникот AMG и две кружни издувни цевки.
Новите целосно LED задни светла го дефинираат задниот профил уште помоќно од порано, со карактеристично светлосно поставување.
Лаковите на тркалата сега се со завршница во бојата на каросеријата, давајќи му на новиот Mercedes-AMG GLA уште поимпресивен изглед.
Со AMG Night пакет[1], избрани надворешни елементи се со финиш од високо сјајна црна боја. Ова резултира со силни контрасти или мазни транзиции, во зависност од избраната боја. Покажете го вашето уважување за индивидуалниот, динамичен дизајн со возбудливи акценти или самоуверено воздржување.
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
AMG Night пакет II[1] е идеален за поединци што ги ценат деталите за дизајн од висока класа. Други елементи какви што се потпорите на решетката на ладилникот и името на моделот, се со финиш од црн хром и го прават вашиот Mercedes-AMG модел вистински привлечен.
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
AMG Аеродинамичниот пакет[1] е развиен во тунелот за ветер за да го подобри управувањето со големи брзини и дава основа за уште поголемо уживање во возењето. Деловите од каросеријата што се вадат, ја зголемуваат надолната сила. Фиксниот заден спојлер покажува јасна посветеност на бескомпромисни перформанси.
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
48.3 cm (19-инчни) AMG-алуминиумски фелни со 10 краци [1], аеродинамично оптимизирани, со завршница од високо сјајна мат црна боја, со 235/50 R19 пневматици на 8J x 19 ET49 тркала.
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
50.8 cm (20-инчни) AMG-алуминиумски фелни со 5 краци [1], аеродинамично оптимизирани, со завршница од високо сјајна мат црна боја, со 255/40 R20 пневматици на 8.5J x 20 ET51 тркала.
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Црвените диск сопирачки[1] со црни „AMG“ букви, привлекуваат внимание и ги истакнуваат перформансите на вашиот систем за сопирање.
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Можете да доживеете чисто уживање во возењето во секој момент со новиот управувач AMG Performance од напа кожа/MICROCUT микрофибер[1]. Тоа не е само визуелно задоволство, туку обезбедува и одлично држење. AMG-копчињата на управувачот обезбедуваат брзо, ергономско средство за прецизно контролирање и избирање различни функции.
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Новата генерација на мултимедијалниот систем MBUX е идеална комбинација на спортски дизајн и иновативно работење и приказ. Специфичните AMG-екрани визуелно го претставуваат динамичниот фокус, а исто така можете да се префрлате помеѓу три стилови на AMG-приказ на целосно дигиталната инструмент табла.
Уживајте во возењето со отворен покрив, речиси како во кабриолет. Едноставно отворете го слободно приспособливиот панорамски лизгачки покрив. Дури и со затворен панорамски лизгачки покрив, проѕирното стакло внесува повеќе светлина и осветленост во внатрешноста на возилото.
AMG Performance седиштата[1] ви обезбедуваат идеална странична поддршка, дури и кога изведувате динамични маневри за возење. Стандардните спортски седишта ви овозможуваат и дополнителни приспособувања користејќи ја функцијата на интегрираните седишта со грејачи. Можете електрично да ја приспособите точната положба на седиштето. Седиштата може да се нарачаат во црвена/црна боја.
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Системот за контрола на вентилација на седиштата[1] ги проветрува предните седишта и ги лади, контролирајќи ја и влажноста. Во постудено време, седиштата со грејачи брзо ги доведуваат перничињата и потпирачите за грб на пријатна температура. Никогаш нема да погледнете наназад откако ќе ја искусите пријатната контрола на климата.
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Го трансформира вашето возило во ваш виртуелен инженер за трка. Со помош на времињата на круг, сектор и забрзување, плус избрани телеметриски податоци во живо, можете конкретно да ги анализирате и да ги подобрите вашите возачки вештини на приватни патеки.
[1] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.