X
Технички податоци и димензии
Надворешност
Надворешните ретровизори со електрично местење, преклопување и греење можат да спречат оштетување на нивното куќиште.
Предните ЛЕД-светла со високи перформанси ви донесуваат поголема безбедност во мрак и изглед што се издвојува.
Опрема по избор.
Со надворешниот динамичен пакет можете да му дадете посебен, динамичен карактер на своето возило.
Опрема по избор.
Предните светла за магла со технологија ЛЕД можат да придонесат за подобрување на видливоста во лоши временски услови.
Опрема по избор.
Додајте му уште поотмен изглед на вашето возило со преден и заден браник бојадисани во бојата на возилото.
Опрема по избор.
Прозорецот во задниот поклопец или прозорците во задните врати со бришач и прскалка ви даваат подобра прегледност наназад, олеснувајќи го маневрирањето и возењето наназад.
Опрема по избор.
Лизгачка врата од секоја страна на возилото обезбедува поголема приспособливост при товарање и растоварање. На лизгачките врати не им е потребно многу простор да се отворат, така што возачот може да влезе дури и во потесни простори за паркирање.
Опрема по избор.
Задниот поклопец на вашето возило може да се отвори нагоре под агол од околу 90°. Тоа ви овозможува изобилство од простор за товарање и растоварање. Вградениот прозорец ви ја подобрува прегледноста наназад.
Опрема по избор.
Двокрилните задни врати што се поделени асиметрично и се отвораат широко, го олеснуваат товарањето и растоварањето масивни, големи предмети. Покрај тоа, тие пропуштаат и повеќе светлина во внатрешноста, на тој начин подобрувајќи ја прегледноста при возење наназад и маневрирање.
Опрема по избор.
Двокрилната задна врата што е поделена асиметрично, нуди широк агол на отворање и го олеснува товарањето и растоварањето на масивен товар – дури и во тесен простор, на товарни рампи и при користење виљушкар.
Влечната кука за приколка што е вградена фабрички, ви овозможува со вашето возило да влечете товар до одредената максимална тежина. За уште поголема безбедност, Асистенција за стабилност на приколка исто така е стандардно интегрирана во ЕСП.
Опрема по избор.
Со помош на влечната кука за приколка со ниска топчеста глава, што е вградена фабрички, можете да ги отворите задните врати на вашето возило дури и со прикачена приколка. За уште поголема безбедност, Асистенција за стабилност на приколка исто така е стандардно интегрирана во ЕСП.
Опрема по избор.
Со опционалната влечна кука за приколка, Citan Panel Van може да влече до 1.500 kg – што е посебно практично кога одвреме-навреме треба да се пренесе поголем товар.
Опрема по избор.
Попречниот носач за влечна кука за приколка овозможува влечна кука со топчеста глава да се вгради отпосле.
Опрема по избор.
Главните обележја[3]:
• 38,1 cm (15-инчи) челични тркала со поклопец за завртките
• Покривка на шина за лизгачка врата од црна пластика со зрнеста површина
• Предни светла со халогена технологија со LED дневни светла
• Двокрилна задна врата, отворање 180°, без прозорец
Главните обележја[3]:
• 40,6 cm (16-инчи) стилски тркала со дизајн со 5 двојни краци
• Облога на рачки на врати и покривка на лента на лизгачка врата лакирана во боја на возилото
Главните обележја:
• 40,6 cm (16-inch) челични тркала со поклопец за завртките
• Надворешни ретровизори, црни со зрнеста површина
• Лизгачки врати лево и десно со прозорци што се отвораат
• Двокрилна задна врата, 180 степени, со фиксен прозорец, по желба без прозорец
• Достапни се задни странични ѕидови без прозорец
• Рачки на врати и ленти на лизгачка врата во боја на возилото
Внатрешност
Кожениот управувач го облагородува изгледот на кокпитот. Пријатната кожена облога овозможува цврсто држење и допирањето на ергономски обликуваното управувачко тркало го зајакнува чувството на комфор.
Опрема по избор.
Со 2 зони за контрола на климата, THERMOTRONIC ви овозможува да ја наместите климата различно за возачката и за совозачката страна. Температурата, струењето на воздухот и распределбата на воздухот може да се контролираат автоматски, со едно притискање копче.
Опрема по избор.
Мултимедијален систем MBUX што се контролира интуитивно и се проширува: со интелигентни функции за навигација, гласовна контрола преку „Еј Мерцедес“, широк обем од графики и богата инфо-забава, од поврзување со смартфон до DAB дигитален радиоприем.
Опрема по избор.
Со системот за безжично полнење за мобилни уреди, можете при патување едноставно да полните смартфони што подржуваат индуктивно полнење: сè без посебни кабли, конектори или држачи – без оглед на марката и на моделот.
Опрема по избор.
Привлечни детали во црно со висок сјај и хром – Внатрешниот дизајнерски пакет го облагородува изгледот на внатрешноста на вашето возило и соединува функционалност со одличен изглед, на препознатлив начин.
Опрема по избор.
Додајте уште еден ред седишта за до 3 патници во вашето возило. Седиштата што се обложени комфорно, располагаат со приспособливи потпирачи за глава и безбедносни ремени со 3 точки. При потреба за повеќе простор за товар, можете да ја преклопите целата клупа за седење и да ја претворите во приспособлив разделен ѕид. Посебна опрема.
Светлото за товарниот простор користи LED-технологија и обезбедува добро осветлување на товарниот простор, овозможувајќи подобро снаоѓање во мрак и подобра видливост при товарањето и растоварањето на Вашето возило.
Опрема по избор.
Дрвената подна облога со дебелина од 9 mm е изработена од повеќе лепени и пресувани слоеви шперплоча и го заштитува подот во товарниот простор на вашето возило од оштетување. Таа се чисти лесно и ја подобрува топлинската и звучната изолација.
Опрема по избор.
Дрвеното обложување на товарниот простор ги заштитува металните површини до висина на покривната рамка од оштетување, на пример, од лизгање товар. Обложувањето исто така го олеснува чистењето и ја подобрува топлинската и звучната изолација. Обложени се страничните ѕидови, исто како и лизгачките и задните врати.
Опрема по избор.
Премиум изведбата на обложувањето на внатрешноста може да ги заштити од оштетување внатрешните ѕидови на товарниот простор или на патничката кабина и го облагородува изгледот на внатрешноста.
Опрема по избор.
Подот на товарниот простор е заштитен со текстурирана синтетичка прекривка во мат црна боја и со тоа е воедно звучно и топлински изолиран. Синтетичката површина овозможува товарниот простор да се чисти исклучително лесно.
Опрема по избор.
Челичната решетка за заштита од товарот може да ги заштити возачот и совозачот од товарот. Доколку се пренесуваат посебно долги предмети, решетката може да се преклопи за 90° кон страната на совозачот. Подвижниот дел од решетката за заштита од товар се отклучува, се врти за 90° кон возачкото седиште и потоа се заклучува во таа положба.
Опрема по избор.
Целосниот преграден ѕид меѓу возачкиот простор и товарниот простор во вашето возило го олеснува сигурното прицврстување на товарот, со прстените за прицврстување во подот на товарниот простор. Преградниот ѕид може да ве заштити вас и вашиот совозач од лизгање на товарот, а исто така претставува заштита од бучава и нечистотија.
Преградниот ѕид по цела ширина меѓу возачкиот простор и товарниот простор со два прозорци ви дава поглед наназад, за визуелна проверка на товарот. Заедно со преклопливите прстени за прицврстување во подот на товарниот простор, тој овозможува сигурно прицврстување на товарот.
Опрема по избор.
Простор за тројца во првиот ред. Совозачката клупа за седење овозможува дополнително седиште во средина. Двете совозачки седишта имаат безбедносни ремени на три точки и приспособливи потпирачи за глава. Средишниот потпирач за грб може посебно да се собори и да се користи како полица или како работна површина кога возилото мирува.
Опрема по избор.
Совозачкото седиште со соборување дополнително ја зголемува приспособливоста на возилото. Тоа се постигнува со соборување на потпирачот за грб на ова седиште, заради зголемување на товарниот простор.
Опрема по избор.
Потпирачот за грб со простор за одлагање оздола, се наоѓа меѓу возачкото и совозачкото седиште во вашето возило и овозможува дополнителен практичен простор за одлагање.
Опрема по избор.
Просторот за складирање со поклопец претставува практична можност за одлагање во самата инструмент-табла. Тој поседува интегриран приклучок USB-C што можете да го користите за полнење мобилни уреди.
Опрема по избор.
Со држачот за смартфон над инструментите, вашиот мобилен телефон има фиксно место додека возите – воедно имате добар поглед кон вашиот смартфон, без поголемо одвлекување на вниманието од сообраќајот.
Опрема по избор.
Главните обележја [3]:
• Осветлување на внатрешноста со халогенска технологија
• Електрични прозорци напред
• Подготовка за радио, поддржува DAB
• Греење
• Преграда по цела ширина
• Осветлување на внатрешноста со ЛЕД технологија
• MB аудио систем со DAB
• Клима уред
• Електрика на предни прозорци со удобно затворање
• Потпирач за раце со преграда за сместување
• Голема преграда пред совозач, со капак
• Пластичен под во багажник/товарен простор
• Осветлување на товарен простор со ЛЕД технологија
• Клима уред
• MB аудио систем со дигитално радио (DAB)
• Потпирач за раце со преграда за сместување
• Голема преграда пред преден сопатник, затворена
• Приспособлив преграден ѕид
• FOLD & LOAD задна клупа за седење за преграден ѕид, со заштитна решетка
• Пластичен под во патничкиот простор, напред, заедно со багажник / товарен простор
• Премиум обложување на внатрешноста
Опрема
Автоматскиот 7-степен менувач во вашето возило овозможува удобно возење со потенцијал за заштеда на гориво, со ниски вртежи на моторот, како и моќно брзо повлекување, на пример при престигнување. Посебна опрема.
Мануелниот 6-степен менувач во вашето возило се одликува со удобно менување на степените и лесни одови дури и при повисока брзина. Тој исто така подржува и штедлив начин на возење со рано префрлување во повисок степен.
Зголемената носивост овозможува поголемо товарење и со тоа пофлексибилно користење на возилото. Посебна опрема.
Мултимедијален систем MBUX што се контролира интуитивно и се проширува: со интелигентни функции за навигација, гласовна контрола преку „Еј Мерцедес“, широк обем од графики и богата инфо-забава, од поврзување со смартфон до DAB дигитален радиоприем.
Опрема по избор.
Искористете го поминатото време во вашето возило поефикасно од кога било досега. Благодарејќи на вештачката интелигенција и на напредните функции на MBUX (Mercedes-Benz User Experience), мултимедијалниот систем самостојно се приспособува според вашите лични желби и барања. Само кажете „Еј Мерцедес“ и MBUX ги чека вашите наредби.
Опрема по избор.
Со MBUX (Mercedes-Benz User Experience) можете да уживате во убавината и интелигенцијата на дигитален мултимедијален систем, со кој се ракува интуитивно и може да се проширува. Благодарејќи на различните графики и големиот дисплеј што работи на допир, тој нуди голем број функции за комуникација и инфо-забава, почнувајќи од интеграција со смартфон до дигитално радио (DAB).
Опрема по избор.
Со Навигацискиот пакет,[4] мултимедијалниот систем MBUX во вашето возило може да се претвори во навигациски систем со целосна функционалност, што ќе прави секое патување да биде порелаксирачко, благодарејќи на интелигентното водење. Тој користи брза навигација од хард-диск и актуелни онлајн податоци за да ве донесе брзо до вашето одредиште.
Опрема по избор.
Пакетот Навигација плус го проширува навигацискиот систем со вклучување корисни навигациски услуги[4] што даваат корисни информации по пат и ја поедноставува навигацијата. Меѓу неговите обележја спаѓаат, на пример, прикажување слободни места за паркирање во близина или тековните временски услови на дисплејот што работи на допир на вашиот мултимедијален систем.
Опрема по избор.
Овозможувањето бесплатно обновување на мапите[4] во период од 3 години, обезбедува дека вашиот систем за навигација може да го постигне својот целосен потенцијал. Покрај тоа, обновените мапи ви нудат подобра ориентација при транспортот. Оваа услуга зависи од возилото и важи три години по првото регистрирање.
Опрема по избор.
Интеграцијата со смартфон го поврзува вашиот мобилен телефон со мултимедијалниот систем преку Apple CarPlay® или Android Auto®. На овој начин, можете да уживате во едноставниот пристап до најважните апликации на вашиот смартфон. Можете исто така брзо и едноставно да користите апликации од трета страна, каква што е Spotify.
Опрема по избор.
Пакетот за активна безбедност[5] вклучува четири системи за асистенција што ве ослободуваат од напнатост и прават возењето да биде побезбедно. Тоа се Активен асистент за сопирање, Асистент за мртва точка, Активен асистент за одржување на лента и Асистенција за брзинско ограничување. Тој исто така вклучува Асистент за сообраќајни знаци заедно со Пакет за навигација.
Опрема по избор.
Активниот асистент за сопирање[5] може да ви помогне да избегнете судир, на пример со возило напред, со возило од попреку и со пешак, или последиците од такви незгоди да се сведат на најмала мера. Тоа може да ја зголеми и вашата безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.
Опрема по избор.
Со Асистентот за мртва точка,[5] едноставно сте побезбедни на патот, посебно при престројување. Тој користи радарска технологија за да го надгледува подрачјето што не е покриено со вашите надворешни ретровизори. Преку видливи и звучни предупредувања, тој може да ве предупреди при опасност од страничен судир со другите учесници во сообраќајот.
Опрема по избор.
Асистентот за одржување на лента[5] може да помогне да се спречи незгода при ненамерно напуштање на лентата во која се движи возилото. Доколку системот препознае дека возилото ненамерно ја напушта својата лента, тој го предупредува возачот преку пулсирачка вибрација во управувачот. Тоа го наведува возачот да се врати во својата лента.
Опрема по избор.
Асистентот за брзинско ограничување[5] ви олеснува да ги воочите брзинските ограничувања. Кога тоа е можно, системот покажува колку е дозволено: тој ја користи камерата за да го открие тековното брзинско ограничување и го прикажува во инструментите.
Опрема по избор.
Асистентот за сообраќајни знаци[5] ви олеснува да ги следите брзинските ограничувања и другите упатства што се поставени. Тоа ја зголемува безбедноста.
Опрема по избор.
Асистентот за долго светло[5] автоматски ги вклучува и ги исклучува долгите светла според условите во сообраќајот и на тој начин го растоварува возачот од потребата рачно да префрлува меѓу долго светло и соборено светло.
Асистентот за страничен ветер[5] може навремено да открие изместување од правецот во лентата, што е предизвикано од силни воздушни струи и на возачот му помага да остане во лентата. Ненадејното изместување на возилото од правецот, може да предизвика кај возачот несоодветни зафати во управувањето.
ATTENTION ASSIST[5] може навремено да го предупреди возачот за замор и за кратко заспивање. Системот може да придонесе за безбедноста на патот, посебно при возење ноќе и на долги патувања. Знакот на ATTENTION ASSIST се појавува во инструментите меѓу бројачот на вртежи и брзиномерот.
Асистентот за поаѓање на нагорнина[5] може да го олесни поаѓањето на нагорнина, со привремено спречување возилото да почне да се движи наназад.
Алармниот систем за заштита од кражба (ATA) нуди висока заштита од кражба на возилото и на товарот. Алармниот систем за заштита од кражба се вклучува автоматски при ракувањето со далечинската контрола за влез без клуч на системот за централно заклучување. Алармот се огласува откако некоја од вратите ќе се отвори или ќе се отклучи од внатрешноста, при активиран систем.
Опрема по избор.
Системот за надгледување на притисокот во пневматиците во вашето возило може да помогне за зголемување на безбедноста во возењето и да ги намали трошењето на гумите и потрошувачката на гориво. Опрема по избор.
Mercedes-Benz системот за повик во итен случај може да заштеди решавачко време при итност. Со користење на комуникацискиот модул со своја сопствена SIM-картичка, автоматскиот повик во итен случај се вклучува по незгода, со потенцијал на тој начин да го скуси времето додека службите за брза помош пристигнат на местото. Постои и можност повикот во итен случај да се вклучи мануелно за да се повика помош.
Опрема по избор.
Во случај на судир, предните воздушни перници можат да ги заштитат главата и горниот дел од телото на возачот и на патниците на совозачкото седиште. Тие можат да помогнат и да се стабилизира целото тело. Тие на тој начин обезбедуваат висок степен на заштита; намалувајќи ги ризикот и сериозноста на повредите на главата, на лицето и на градите.
Со помош на KEYLESS-GO, клучот од вашето возило може да ви остане в џеб. Вашето возило ве препознава како сопственик преку сочуваното овластување за влез и возење, а се отклучува кога ќе се приближите или кога ќе го притиснете копчето на рачката на вратата – без потреба клучот да го држите во дланка.
Опрема по избор.
Безбедноста на возење во мрак и во услови на слаба видливост, може да се подобри значително со Пакетот за светла. Тој воедно додава попривлечна и повпечатлива појава на надворешноста на вашето возило.
Опрема по избор.
Би било тешко паркирањето да се направи побезбедно и полесно отколку на овој начин – Пакетот за паркирање ги соединува предностите на Активниот асистент за паркирање со дополнителен поглед што го обезбедува задната камера. Тој дури може да ви помогне при барање место за паркирање, исто како и да ви помага на најдобар начин при влегување или излегување.
Опрема по избор.
Задната камера ви помага при паркирање и маневрирање. Таа ви овозможува повисока безбедност при возење наназад и може да ви помогне да избегнете оштетување при паркирањето и маневрирањето. Во зависност од опремата на возилото, сликите со висока резолуција од задната камера се прикажуваат или на дисплејот на мултимедијалниот систем или во внатрешниот ретровизор.
Опрема по избор.
Задната камера го прикажува просторот веднаш зад возилото на дисплеј во внатрешноста на задниот ретровизор. Тоа ја зголемува безбедноста при паркирање и маневрирање – посебно во услови на возење во тесен простоp – и може да помогне да се избегне оштетување на возилото.
Опрема по избор.
Со овој пакет, вие и вашите патници уживате во посебно удобно возење. Пакетот содржи низа ставки од опремата, вклучувајќи греење на седишта и висинско местење на возачкото и на совозачкото седиште, како и слабинска поддршка за возачкото седиште. Тие може да помогнат седењето и возењето да бидат поудобни, особено на подолги патувања.
Опрема по избор.
Одлично чувство на пријатност, особено во студените месеци: греењето на седиштата брзо ги загрева студените површини на седиштето за да ви обезбеди да уживате во пријатна температура на седиштата веднаш по влегувањето во возилото.
Опрема по избор.
Возачкото седиште со висинско местење и слабинска поддршка овозможува да се заземе ергономска седечка положба, што му одговара на грбот. Покрај местење на седиштето по должина и по агол на потпирачот за грб, сега исто така можете по желба да ги местите висината на седиштето и слабинската поддршка за да одговараат на вашите потреби.
Опрема по избор.
Контролата на патната брзина[5] може да ве ослободи од напнатоста, со одржување на претходно наместената брзина за вашето возило, без потреба од притискање врз педалата за забрзување. Возењето со постојана брзина придонесува за штедливо возење и може да ви помогне да заштедите гориво.
Опрема по избор.