X
Технички податоци и димензии
Надворешност
Предните светла LED со високи перформанси го осветлуваат патот рамномерно и го облагородуваат изгледот на предниот дел.
Опрема по избор.
Надворешноста што ја нагласува моќноста добива уште едно обележје со трите хромирани ламели на маската на ладилникот.
Опрема по избор.
Лакирањето на рамката на маската на ладилникот во бојата на каросеријата на возилото го нагласува високиот квалитет што го оддава возилото.
Опрема по избор.
Варијабилниот систем за погон на сите тркала ја распределува погонската моќ на предната и на задната оска според барање. Системот се приспособува според условите на возење целосно автоматски за неколку милисекунди и обезбедува подобрена тракција и зголемена удобност. Опрема по избор.
Пакетот за паркирање со камера 360° [1] [2] обезбедува сеопфатен поглед и вклучува помош при паркирање, што го олеснува паркирањето и маневрирањето со возилото. Камерата 3D 360° го прикажува возилото во реално време во неговата вистинска околина, помагајќи да се детектираат пречките при паркирање и маневрирање.
Вградувањето широко скалило што се мести со помош на електрика кое е изработено од цврст алуминиум и челична ламарина, прави пристапот или излегувањето од десната страна на возилото да биде полесно, поудобно и поедноставно, овозможувајќи висината на стапнување да биде помала. Опрема по избор.
Електричното ракување со лизгачките врати овозможува удобно и меко отворање и затворање – само со едно притискање копче. Постојат различни можности за ракување: на пример, со користење прекинувач во кокпитот или преку далечинското ракување со радиоврска.
Опрема по избор.
Вградувањето широко скалило што се мести со помош на електрика кое е изработено од цврст алуминиум и челична ламарина, прави пристапот или излегувањето од десната страна на возилото да биде полесно, поудобно и поедноставно, овозможувајќи висината на стапнување да биде помала. Опрема по избор.
Прозорците во задната врата овозможуваат јасна глетка, исто така и при дожд, благодарение на системот со бришач и прскалка. Кога ќе се вклучат бришачите на ветробранот, дополнително се вклучуваат бришачите на задниот прозорец кога ќе се префрли или ќе се вклучи степен за возење наназад.
Опрема по избор.
Двокрилните задни врати може да се отворат во иста ширина со страничните ѕидови и автоматски да се заглават во таа положба. Тоа значително го олеснува товарењето во тесен простор, на пример на товарна рампа. Отворените врати остануваат заклучени кон страничните ѕидови и минимално го покриваат погледот при возење наназад. Опрема по избор.
Куката за приколка со крута топка за влеча овозможува влечење приколка со топчеста кука и тежина на приколка до 2.000 kg. Спецификацијата на опремата вклучува 13-полен приклучок за приколка и крута влечна топка. Опрема по избор.
Влечната кука за приколка со отстранлива топчеста глава овозможува влечење приколка со тежина до 2.000 kg. Влечната кука за приколка може да се отстрани за полесно товарање и растоварање. На тој начин се намалува опасноста од повреда од влечната кука или од валкање на облеката. Опрема по избор.
Главни карактеристики
- Active Brake Assist
- Blind Spot Assist
- Active Lane Keeping Assist
- Intelligent Speed Assist
- Автоматски светла за возење со сензор за дожд
- ATTENTION ASSIST
- Камера за наназад
- Безжичен монитор за притисок во гумите на предна
и задна оска
- 71-литри резервоар
- Електрично прилагодливи надворешни ретровизори со греење
Сите компоненти на Sprinter BASE Tourer плус [3]:
- Помош при поаѓање на нагорнина
- Главен резервоар од 93 литри
Сите компоненти на Sprinter BASE и PRO Tourer плус [3]:
- LED фарови со високи перформанси
- Помош за долго светло
- Рамка на решетката на радијаторот во боја на возилото
Внатрешност
Кога станува збор за инфо-забавата, навигацијата и комуникацијата што се дел од возилото, мултимедијалниот систем MBUX со екран на допир од 26 cm (10.25 инчи) ги исполнува речиси сите желби. Особено иновативно: ракување преку екран на допир со висока резолуција, со пречник на екран од 26 cm (10.25 инчи) или преку копчињата со контрола преку допир на управувачот со повеќе функции. Опрема по избор.
Со управувачот со повеќе функции може да се ракува удобно со патниот компјутер, функциите на возилото и со мултимедијалните системи, преку копчињата на допир или со обичните копчиња, без дланките да се поместуваат од управувачот. Опрема по избор.
Со дигиталниот внатрешен ретровизор можете да уживате во чист поглед наназад дури и кога преграден ѕид, врати или товар ви го попречуваат погледот. Сликата од камерата во дигиталниот внатрешен ретровизор може да ви обезбеди подобар преглед на сообраќајната ситуација веднаш зад возилото, со што ви го олеснува маневрирањето и паркирањето.
Опрема по избор.
Едноставно полнење без приклучување: благодарение на системот за безжично полнење, мобилните уреди може да се сместат во средишната конзола и да се полнат мошне едноставно. Услов за тоа е уредите да поддржуваат стандард Qi 1.2 или да може да се унапредат на него.
Опрема по избор.
Автоматскиот клима-уред THERMOTRONIC автоматски обезбедува климата во кабината постојано да биде пријатна, дури и на директни сончеви зраци или при мошне висока или мошне ниска надворешна температура.
Опрема по избор.
Пакетот за полнење значително ги проширува можностите за полнење во кокпитот. Тој се состои од 2 приклучока USB со приклучни кутии за 5 V и 12 V. Како резултат од тоа, приклучок USB и приклучна кутија за 12 V се достапни во средишниот простор за одлагање во инструмент-таблата и напред во долниот дел од средишната конзола.
Опрема по избор.
Просторот за одлагање со практична преклоплива поклопка во средината на кокпитот ги чува на сигурно личните предмети, документите – на пример, испратниците – или мобилни уреди, како таблети, скриени од поглед и заштитени од излетување. Опрема по избор.
Двата простора за одлагање со практични преклопливи прекривки од лево и од десно во командната табла се наменети за чување лични предмети и документи, како испратници, односно мобилни уреди. Тоа овозможува тие да се сместат на сигурно во текот на патувањето и да бидат достапни веднаш кога ќе затреба.
Опрема по избор.
Излезното светло се вклучува автоматски кога ќе се отворат предните врати или лизгачките врати. Светлата овозможуваат влегувањето и излегувањето во мрак да биде побезбедно, поедноставно и поудобно за возачот и за совозачот, како и за патниците.
Опрема по избор.
Широкиот отворен простор за одлагање на страната на совозачот, под таблата со инструменти располага со капацитет од околу 8.5 l. Тој е наменет за лични предмети, документи или чаши. Опрема по избор.
Амортизираното седиште на возачот или на совозачот нуди максимално удобно седење, благодарение на можностите за местење по желба и комбинацијата од дејство на механички и хидраулични пружини. Опремата на возачкото луксузно седиште дополнително е надградена со амортизација на седиштето, што може да се намести според тежината на возачот или на совозачот.
Опрема по избор.
Двојната луксузна клупа за седење во првиот или во вториот ред во патничката кабина нуди удобно седење по желба за двајца патници, благодарение на местењето на потпирачот за грб и комфорните потпирачи за глава по желба. Двете седишта се опремени со ремени со три точки и систем за прицврстување детско седиште ISOFIX. Двојната клупа за седење остава место од десно за товарење товар.
Опрема по избор.
Тројната луксузна клупа за седење во првиот, вториот или во третиот ред во патничката кабина нуди удобно седење по желба за тројца патници, благодарение на местењето на потпирачот за грб и комфорните потпирачи за глава по желба. Сите седишта поседуваат ремени со три точки, како и точки за прицврстување детско седиште ISOFIX на двете седишта од надворешната страна. Опрема по избор.
Двојната клупа за седење во првиот, вториот или во третиот ред во патничката кабина нуди две удобни седишта со ремени со три точки, точки за прицврстување детско седиште ISOFIX и потпирачи за глава. Десно од двојната клупа за седење останува можност за сместување долг товар, што нанапред досега до задната страна на совозачкото седиште.
Опрема по избор.
Тројната клупа за седење во првиот, вториот или во третиот ред во патничката кабина нуди три удобни седишта со ремени со три точки и потпирачи за глава, како и точки за прицврстување детско седиште ISOFIX на двете седишта од надворешната страна.
Опрема по избор.
Системот за климатизација со високи перформанси ја подобрува внатрешната клима преку дополнително ладење на воздухот што се води назад, подобрувајќи ја удобноста и пријатното чувство на патниците. Опрема по избор.
Седиштата во патничката кабина може да се опремат со држачи за чаша што на дофат и можат да држат чаши или шишиња со пречник до 84 mm. Двојните држачи се вградени меѓу седечката површина на двете седишта.
Опрема по избор.
Во оваа изведба на опрема, потпирач за рака со местење по агол се вградува на страната на преминот и на ѕидот на секоја клупа за седење во патничката кабина. Тоа овозможува дополнителна удобност во возењето, особено на подолги патувања, бидејќи патниците можат да ги потпрат и да ги одморат своите раце при патувањето.
Опрема по избор.
Оваа контролна табла [1] ја воспоставува техничката основа за бесконтактна контрола на многу функции на возилото со препознавање говор. Преку два микрофони се преземаат гласовните команди издадени од возачот и совозачот. Контролниот панел има и прекинувачи и копчиња на дофат.
Простор за одлагање со мрежа е составен дел од обложувањето на двете задни врати. Така се создаваат можности за сместување разни предмети, на примeр, за ремени за прицврстување или работни ракавици, веднаш од внатрешната страна на двете задни врати.
Опрема по избор.
Целосното обложување со пластични панели на внатрешноста на десната лизгачка врата ја зголемува привлечноста и вредноста на патничкиот или на товарниот простор. Неговата површина може да се мие. Целосното обложување на лизгачката врата се препорачува, пред сè, за возила што главно се користат за превоз на патници. Опрема по избор.
Целосното обложување со пластични панели на внатрешноста на двете задни врати ја зголемува привлечноста и вредноста на патничкиот или на товарниот простор. Нивната површина се чисти лесно, отпорна е на вода и се мие. Опрема по избор.
Седиштата во патничката кабина може да се опремат со држачи за чаша што на дофат и можат да држат чаши или шишиња со пречник до 84 mm. Двојните држачи се вградени меѓу седечката површина на двете седишта.
Опрема по избор.
Луксузното обложување на внатрешноста внесува соодветен амбиент во патничката кабина, а исто така ги подобрува звучната и топлинската изолација. Таа е изработена од пластика со висок квалитет, со голема површина покриена со платно.
Опрема по избор.
Со MBUX (Mercedes-Benz User Experience) [1], добивате интелигентен и проширлив мултимедијален систем. Неговите различни интерфејси и екранот на допир со висока резолуција нудат бројни комуникациски и инфозабавни функции.
Заштедете време со помош на навигацијата на Mercedes-Benz со приспособлив внес преку контрола на допир или гласовни команди. Овој интелигентен систем ве води до вашето одредиште сигурно, користејќи и локални и свежи онлајн-информации.
Опрема по избор.
Пристигнете на вашето одредиште по соодветни патишта: ги зема предвид димензиите на возилото или на комбинацијата од возило и приколка за Mercedes-Benz Sprinter, при пресметувањето на најдобрата маршрута.
Опрема по избор.
Со подготовка за Далечински услуги плус[1] можете да постигнете уште подобра и пофлексибилна примена на вашето возило со користење широк обем дигитални услуги што прават вашето секојдневие со возилото да биде побезбедно и поудобно.
Опрема по избор.
Подготовката за сообраќајни информации во живо[1] ви нуди технички услови за прием на најнова и прецизна сообраќајна информација, за оптимално динамично водење по маршрутата и прецизно пресметано време на пристигање.
Опрема по избор.
Двосистемските звучници нудат одличен квалитет на звук, благодарение на 12 или 13 звучници што се наоѓаат насекаде низ возилото.
Опрема по избор.
Интеграцијата на паметни телефони [1] го поврзува вашиот мобилен телефон со мултимедијалниот систем преку Apple CarPlay® или Android Auto®, овозможувајќи ви лесен пристап до најважните апликации на вашиот паметен телефон. Исто така, можете брзо и лесно да користите апликации од трети страни како што е Spotify.
Опрема
Варијабилниот систем за погон на сите тркала ја распределува погонската моќ на предната и на задната оска според барање. Системот се приспособува според условите на возење целосно автоматски за неколку милисекунди и обезбедува подобрена тракција и зголемена удобност. Опрема по избор.
Автоматскиот менувач 9G-TRONIC располага со девет степени што ги држат вртежите на моторот колку може пониско во секоја ситуација во возење. Широкиот распон на степени на пренос ги подобрува агилноста и влечната сила на возилото во сите режими на работа и ја подобрува способноста за поаѓање. Опрема по избор.
Шестстепениот мануелен менувач соединува висока удобност во менувањето степени и во возењето, со штедливост и агилна управливост. Ракувањето преку рачката на менувачот е лесно и степените се менуваат мазно.
Зајакнатата спецификација за лоши патишта се препорачува кога возилото се користи редовно за превоз во градежништвото или во шумарството и агрикултурата. Таа е конструирана за возење по лоши патишта со дупки или по неподготвени земјени патишта и патеки.
Опрема по избор.
Поголема удобност за патниците и побезбеден транспорт на предмети: фабрички вградената суспензија располага со прецизно нагодена задна оска со воздушни пружини. Така се осигурува повисока удобност при седење и се штити чувствителниот товар од скокање.
Опрема по избор.
Асистенцијата за сообраќајни знаци [1] ги покажува брзинските ограничувања што ги забележува возачот, исто како и знаците за „забранет влез“ или „не престигнувај“, како и нивниот престанок, во инструментите и во медија екранот, и предупредува ако препознае дека не се почитуваат знаци за забранет влез. Тоа помага особено при патување кога често се менуваат брзинските ограничувања, на пример при градежни зафати.
Опрема по избор.
Активниот асистент за растојание DISTRONIC[1] може да одржува растојание од возилото напред, што возачот ќе го постави, и може да го растовари, на пример, кога вози по автопат или при сообраќај тргни-застани. Системот самостојно го забрзува возилото и го запира со најмногу половина од силата на сопирање на возилото за да одржува безбедно растојание.
Опрема по избор.
Невниманието и заморот можат да доведат вие ненамерно да излезете од својата лента. Активната асистенција за задржување во лента[1] може да го предупреди возачот и звучно и визуелно. Кај возила со преден или со заден погон, се вклучува и осетно предупредување во вид вибрации во управувачот.
Опрема по избор.
Активната асистенција за сопирање[1] може да помогне во спречување незгоди со возило напред и со пешак или велосипедист што преминува, или да ги ублажи последиците од тоа.
Опрема по избор.
Со предупредување за попречен сообраќај назад, може со користење визуелни и звучни сигнали да помогне во спречување незгода при престројување или при излегување од паркинг наназад. Доколку асистенцијата за слеп агол препознае возило во слепиот агол, таа прикажува предупредување со црвен триаголник во соодветниот надворешен ретровизор.
Опрема по избор.
Системот ATTENTION ASSIST[1] може навреме да го предупреди возачот за замор и за кратко заспивање. Системот може да придонесе за безбедноста на пат, посебно при возење ноќе и на долги патувања. Знакот на ATTENTION ASSIST се појавува во инструментите меѓу бројачот на вртежи и брзиномерот.
Опрема по избор.
Асистентот за долго светло автоматски ги вклучува и ги исклучува долгите светла според условите во сообраќајот и на тој начин го растоварува возачот од потребата рачно да префрлува меѓу долго светло и соборено светло. Системот се контролира од камера зад ветробранот што постојано го следи одвивањето на сообраќајот пред возилото.
Опрема по избор.
Внимавајте на ограничувањата на брзината – овој систем за помош [1] [5] може да ја прочита максималната дозволена брзина од сообраќајните знаци преку камерата и од податоците за навигација, а потоа да ја пренесе во групата инструменти. Добивате видлив и звучен сигнал ако го надминете ограничувањето на брзината.
Приспособливите стоп-светла со своето нападно трепкање може значително да ја скусат реакцијата на возачите на возилата назад и со тоа да спречат судир одзади. Трепкачките стоп-светла се вклучуваат при брзина над 50 km/h.
Mercedes-Benz системот за повик во итен случај може да заштеди решавачко време при итност. Повик во итен случај може да се вклучи автоматски или мануелно за да се повика помош.
Опрема по избор.
Системот за следење на притисокот во гумите [1] го проверува притисокот на сите гуми. Може да го предупреди возачот за губење на притисокот во гумите, зголемувајќи ја безбедноста при возењето и животниот век на гумите. Правилниот притисок во гумите помага управувањето и сопирањето да бидат што е можно побезбедно и удобно.
Пакетот за заштита од кражба нуди обемна заштита за возилото и за товарот. Кога системот е вклучен, алармот се огласува откако некоја од вратите ќе се отвори или ќе се отклучи од внатрешноста.
Опрема по избор.
Жолтите LED-светла за обележување по страните на возилото ја зголемуваат видливоста при возење и кога возилото е запрено, кога се вклучени предните светла, на тој начин придонесувајќи за подобра безбедност во сообраќајот. Тие се задолжителни во ЕУ за возила со вкупна должина на возилото од 6 метри и повеќе.
Во случај на страничен судир, воздушните перници за прозорец, што се вградени во таванот, можат да ги заштитат главата, лицето и градите на патниците на крајните седишта во возачката кабина.
Опрема по избор.
Во случај на судир, челната воздушна перница, или двојната воздушна перница, ако е вградена совозачка клупа, може да помогне во заштитата на главата и на горниот дел од телото на патниците што седат напред. Така се постигнува висок степен на заштита.
Опрема по избор.
Во случај на страничен судир, страничните перници што се наоѓаат од надворешната страна на потпирачот за грб на седиштето, можат да ги заштитат градите и делот на карлицата, покривајќи го просторот меѓу вратата и возачот или предниот совозач.
Опрема по избор.
Пакетот за паркирање со задна камера и вградена асистенција за паркирање целосно го ослободува возачот, нудејќи му подобра прегледност наназад при паркирање и маневрирање. Камерата за возење наназад прави да се гледа подрачјето непосредно зад возилото. На тој начин, таа помага да се препознаат пречки при паркирање или маневрирање.
Опрема по избор.
Камерата за возење наназад прави подрачјето што е веднаш зад возилото, што не се гледа непосредно без камера, да биде видливо во дисплејот во внатрешниот ретровизор. Тоа ја зголемува безбедноста додека се паркира и маневрира – особено во ограничен простор за возење – и може да помогне да се избегне оштетување на возилото.
Опрема по избор.
Полуавтоматскиот систем за климатизација TEMPMATIC [1] го зголемува чувството на благосостојба со пријатна внатрешност на возилото. Системот за климатизација автоматски ја регулира внатрешната температура.
Помошниот електричен грејач со топол воздух им угодува на возачот и на патниците со пријатна топлина откако ќе се стартува моторот. Грејачот го загрева воздухот што струи од отворите за воздух за да може брзо да се ужива во удобна и пријатна атмосфера во внатрешноста на возилото дури и во студени денови.
Луксузното седиште може рачно да се намести по должина, висина и агол, со помош на рачките и на тркалата за местење, и на тој начин да се приспособи според личните потреби за удобност на возачот или на совозачот. Благодарение на своите многубројни можности за местење, дури и долгите патувања може да бидат удобни.
Опрема по избор.
Седиштето со електрично местење може да се приспособи според личните потреби за удобност со допир на копче, а благодарение на високиот степен на ергономија, ги исполнува барањата на Aktion Gesunder Rücken (AGR) e.V. (Кампања за поздрави грбови). Положбата на седиштето по должина, по висина, како и аголот на потпирачот за грб и седечката основа, се местат електрично.
Опрема по избор.
Слабинската поддршка во потпирачот за грб на седиштето овозможува местење по желба според потребите за ергономска удобност на возачот или на совозачот. Двете воздушни перници се местат пневматски. Висината на седечката основа и степенот на заоблувањето може да се контролираат преку 4-насочно преклопно копче од надворешната страна на седиштето.
Опрема по избор.
Системот за одржување на брзината на возење дозволува опуштено и штедливо возење, особено на долги патувања. Тој го растоварува возачот одржувајќи ја претходно наместената брзина без потреба да се притиска врз педалата за забрзување. Опрема по избор.
Системот за бришење на ветробранот му нуди на возачот подобрена видливост дури и при самото бришење. Течноста за миење се прска непосредно пред метличката на бришачот и веднаш се брише. Благодарение на концентрираната распределба, значително се смалува потрошувачката на течноста за миење. Опрема по избор.