Паркирање на едноставен начин.

Помага при барање на место и при постапките за паркирање.

Активната помош за паркирање му помага на возачот при барање на место за паркирање, како и при паркирање и излегување. Помошта за паркирање пребарува за соодветни празни места до брзина на движење од 30 km/h и возилото го насочува автоматски до празните места за паркирање по должина и косина на коловозната лента. Помага при паралелно паркирање и при излегување. Интегрираниот PARKTRONIC визуелно и звучно предупредува од пречки пред и зад возилото и така може да помогне да се избегнуваат оштетувања при паркирање и маневрирање.

Ако возачот префрла во брзина за возење наназад и ја потврдува понудата за паркирање, автоматски следува процесот на насочување: Возачот треба само да работи со педалите за возење и сопирање и да ги менува брзините. Заедно со автоматскиот менувач Активната помош за паркирање го презема и сопирањето. По максимално 7 маневрирања процесот на паркирање е завршен. Во секое време постои можноста да се интервенира во постапката и да се коригира маневрирањето за паркирање одн. да се откаже.