Вредна помош за следење на коловозната лента.

Може да помогне да останете во коловозната лента.

Помошта за следење на коловозната лента може да помогне да избегнете несреќи од ненамерното напуштање на коловозната лента. Мулфункционалната камера може да ги препознае линиите на коловозната лента и надгледува, дали возилото се движи во коловозната лента. Во случај на откривање на несакано напуштање на коловозната лента – на пример од невнимание – системот предупредува со пулсирачки вибрации на управувачот. Ова ќе го поттикне возачот да се врати на коловозната лента.

Помошта за следење на коловозната лента е активна при брзина на движење од околу 60 km/h. Може да се вклучува и исклучува на менито „Помош“ на инструменталната табла и да се прилагоди зависно од посакуваната брзина на движење. Ако помошта за следење на коловозната лента открива активно однесување во возењето, на пример со управување, сопирање, забрзување или активирање на индикаторот за насока, не следува предупредување на системот.