Предвидлив на пат.

Може да помогне за одбегнување на судири одзади.

COLLISION PREVENTION ASSIST му помага на возачот да одржува минимално растојание со предното возило. Системот оптички предупредува, доколку се преминува минималното растојание со претходното возило. Ако постои опасност од судир, дополнително се дава звучно предупредување. Системот истовремено ја активира помошта за сопирање BAS PRO, која – доколку возачот сопира многу бавно – автоматски го зголемува притисокот на сопирачките.