Патнички превоз на високо ниво.

Комфорен, флексибилен и репрезентативен.

Vito патничкото комбе SELECT е Midsize-Van за софистициран и комфорен патнички превоз. Неговиот екстериер е особено репрезентативен со алуминиумските тркала од 40,6 cm (16 инчи), како и браници лакирани во боја на каросеријата. Во опремата за удобност во внатрешноста се вбројуваат и клима уредот TEMPMATIC, индивидуалното прилагодливо комфорно седиште за возачот и совозачот, мултифункционалниот управувач со патен компјутер и инструменталната табла, со која лесно може да се повикаат информации и да се управува со функциите на возилото.
Стандардните комфорни клупи за седење со 3 седишта со наслон за рака во Vito патничкото комбе SELECT може да се прилагодат на индивидуалните потреби на патниците. Потпирачите за грб може да се подесат во косина, а потпирачите за глава во висина. Функцијата EASY-ENTRY овозможува удобно влегување до задната страна. Благодарение на системот на шини-водилки со брзо заклучување позицијата на клупите за седење е варијабилна.