Динамичен во целата линија.

Внатрешен и надворешен спортски елегантен стил.

Vito Line SPORT навистина го привлекува вниманието со неговите динамично-експресивни елементи на дизајнот во екстериерот. Во главните карактеристики спаѓа соодветното спортски стилско обложување со фолија во контранстна боја. Таа е ставена на предниот браник, на хаубата на моторот, на страните и странично од задниот браник. Покрај тоа, за спортскиот изглед придонесуваат хромираната решетка на ладилникот, големите алуминиумски тркала и затемнетите стакла, како и впечатливите континуирани странични спојлери. Кожниот управувач и рачката на менувачот обложен со кожа, како и хромираните елементи на пакетот Хромиран ентериер ја прават внатрешноста поелегантна. На седиштето од вештачка кожа, благодарение на спортското подвозје, може да се доживува динамиката и во буквална смисла.