Повеќе можности: Vito патничкото комбе за приватни цели.

Толку разновиден како и Вашите патувања.

Vito. Сака, може, го прави.

Сакате секогаш да бидете подготвени за акција? Не можете да им одолеете на новите предизвици? Се стремите да ја остварите Вашата работна цел? Тогаш Vito патничкото комбе одлично Ви одговара. Бидејќи Vito патничкото комбе Ве носи напред – на патиштата и ја прави Вашата компанија да биде успешна. Во однос на економичноста и квалитетот, овој модел е исто така пример за варијабилноста и безбедноста, а воедно е специјалист за професионален превоз на патници.

Благодарение на иновативните системи за помош и безбедност, можете да ги контролирате своите цели уште посигурно. Дали со погон на задните тркала или на сите тркала, како Vito патничко комбе BASE, PRO или SELECT: Вие изберете го соодветното возило за Вашите потреби.

Една широка мрежа на партнери на Mercedes-Benz се грижи за сеопфатните услуги за да се осигура дека Вашето Vito патничко комбе ја задржува својата солидна веродостојност. При одржување и поправка имајте доверба во Вашиот Mercedes-Benz сервисен партнер. Тој најдобро го знае Вашето возило. На тој начин Vito патничкото комбе долго ќе остане Ваш вреден партнер.

Mercedes-Benz комбиња. Born to run.

Главни карактеристики.

  1. Флексибилност
  2. Безбедност
  3. Комфор
  4. Економичност
  5. Квалитет
Екстра можности.

Без оглед на Вашите цели: Vito патничкото комбе Ве поддржува успешно да ги постигнете. Бидејќи 3-те модели BASE, PRO и SELECT одговараат целосно на Вашите потреби и потребите на Вашите патници. Ако Ви е потребно многу удобно возило за патување или како хотелски превоз, Vito патничкото комбе SELECT со 2 прилагодливи клупи за седење со 3 седишта е најдобриот избор. Можеби сакате да им обезбедите на Вашите патници светло и воздух и ќе го нарачате опционалниот панорамски лизгачки покрив. Дали сакате посебно разновидно такси возило или клубско возило? Тогаш треба да го запознаете Vito патничкото комбе PRO. Ако сакате да ја пренесете Вашата екипа до местото на настанот, функционалното Vito патничко комбе BASE е вистинското решение.

Зависно од должината на возилото можете да го опремите патничкиот простор со 2 или во екстра долгата верзија дури и со 3 реда на седишта со клупи за седење со 2 и 3 седишта. За да се стигне до максималните 9 места за седење, изберете или 3 реда за седење во патничкиот простор (2-2-3 распоред на седишта) или ќе се одлучите за клупата за седење на совозачот напред и две клупи за седење со по 3 седишта. И најдоброто: Профитирајте и од приватните патувања од разновидноста на Vito патничкото комбе.

Вози целосно безбедно – на сите патувања.

Секој има корист од примерните системи за безбедност и помош во Vito патничкото комбе: Вие, Вашите патници, дури и другите учесници во сообраќајот. На пример, од стандардната помош, помошта за страничен ветер и помошта за внимание ATTENTION ASSIST, од најновата генерација на електронската програма за стабилност ADAPTIVE ESP®, како и од заштитата до 6 воздушни перничиња1. Со налепницата за спасување со QR код на столбот B може директно да се скенира картичката за спасување специфична за возилото.

Главна карактеристика е опционалниот COLLISION PREVENTION ASSIST, којшто го надгледува растојанието на возилата пред Вас и надвор од градовите и може да предупредува на можен судир. На барање е достапна и камера за возење наназад и превентивниот систем за заштита на патници PRE-SAFE®. Доколку сакате да ја проширите опремата за безбедност на Вашето Vito патничко комбе, веројатно ќе можете да ја најдете под дополнителна опрема за безбедност2. Сите тие имаат едно нешто заедничко: тие Ви помагаат посигурно да ги постигнете своите цели.

Фасцинантно, како работното место може да биде удобно.

Кога сме кај пријатните страни на Вашата работа: Vito патничкото комбе ќе ве стави во најдобро работно расположение со својата пространа внатрешност. Седиштата импресионираат со својата робусна покривка и на нивната ергономска ткаенина удобно ќе седите дури и при долги патувања. Во студената сезона, опционалното греење на седиштата за возачот и совозачот е вреден додаток. Со опционалната совозачка клупа за седење напред ќе имате место за двајца совозачи.

Благодарение на електромеханичкиот серво управувач и опциите TEMPOMAT, прилагодливиот мултифункционален управувач и патен компјутер, можете лесно да управувате со Вашите операции. И опционалната климатизација или автоматската контрола на климата, исто така, помага да се задржи свежината.

Аудио системите достапни на барање, ги обезбедуваат најдобрите врски и забава во движење, како и системот за навигација Аудио 40 и Becker® MAP PILOT3 се грижи за тоа, да стигнете побрзо до целта. Доколку сакате да ја зголемите вредноста на Vito патничко комбе, нарачајте го опционалниот пакет Хромиран ентериер4. Бидејќи секоја компанија започнува со добри прегради за складирање, Vito патничкото комбе сме го опремиле со многу практични прегради за складирање.

Напредувајте благодарение на големата веродостојност.

Кога некој се однесува економично со ресурсите, компаниите гледаат на него како добар партнер. Затоа, Vito патничкото комбе поседува сѐ, со неговата економичност да ја направи Вашата компанија поуспешна. Типичната сигурност и долговечност на Mercedes-Benz се за пример. Тие се грижат за тоа, Вашето Vito патничко комбе да биде тука кога Ви е потребно. За тоа придонесуваат и долгите сервисни интервали до 40.000 km. Всушност, одличниот квалитет на производот е најдобриот услов да се одржи буџетот на трошоците за одржување и поправка. За да се осигураме дека Vito патничкото комбе и по неколку години ќе изгледа добро, му дадовме одлична заштита од корозија, меѓу другото со целосно поцинкуваната шасија.

Доколку сте подготвени.

Вие треба да знаете да го цените Вашето Vito како партнер. Затоа ние правиме сѐ за долга и доверлива врска. При испорака, добивате софистицирано возило согласно квалитетот на Mercedes-Benz, со вредност од 5,5 милиони. Успешно ги има поминато километрите за тестирање и обемните проби. Vito е дизајниран да ги задоволува тешките барања на комерцијално возило. Исто така обемната заштита од корозија со целосно поцинкувана шасија се грижи за тоа и после многу години да има добар изглед како огледало на Вашата компанија.

Едно е сигурно: Со Vito избирате возило, на кое можете да се потпрете. Благодарение на максималната достапност ќе ве поддржува насекаде во Вашите задачи. Бидејќи за нас „Mercedes-Benz Vans. Born to run.“ не е само мото, туку ветување.

1

Воздушните перничиња за возачот и совозачот спаѓаат во стандардна опрема на сите Vito патнички комбиња. Дополнително опционално се достапни воздушни перничиња за градниот кош и странични перничиња напред одн. странични перничиња на предниот и задниот дел.

2

Види стандардна и специјална опрема, како и www.mercedes-benz.de

3

Систем за навигација Becker® MAP PILOT достапен само во комбинација со .Аудио 15.

4

Пакетот хромиран ентериер спаѓа во обемот на опрема на Vito патничко комбе SELECT.

Секогаш со Вас.

Vito патничко комбе, COLLISION PREVENTION ASSIST

COLLISION PREVENTION ASSIST

Vito патничко комбе, помош за следење на коловозна лента

Помош за следење на коловозна лента

Vito патничко комбе, помош за скриени агли

Помош за скриени агли

Vito патничко комбе, PRE-SAFE систем

PRE-SAFE® систем

Vito патничко комбе, активна помош за паркирање

Активна помош за паркирање

Vito патничко комбе, помош за предни светла

Помош за предни светла

Толку разновиден како и Вашите патувања.

Вашата цел е да се движите напред. Затоа, за Vito патничкото возило стојат на располагање 3 видови моќни мотори, како и видови на погони на задните тркала и на сите тркала. Без разлика што планирате и каде се наоѓате: Изберете го Вашето возило со погон, којшто одговара на Вашиот профил и на посакуваниот начин на возење.

Опцискиот 7-брзински автоматски менувач 7G-TRONIC PLUS обезбедува висока удобност при возење и ниска потрошувачка. Исто така, стандардниот 6-брзински рачен менувач импресионира со балансирањето помеѓу агилноста и ефикасноста. Без разлика за која варијанта ќе се одлучите: Со стандардниот електромеханички серво управувач, комфорното прилагодување на подвозјето и независната амортизација со Vito патничкото комбе може да уживате во ефикасноста, културата на возење и удобноста на ниво на патничко моторно возило.

[*] Дополнителни информации за официјалната потрошувачка на гориво и официјалните специфични емисии на CO2-за новите патнички автомобили можете да дознаете од „Прирачник за потрошувачка на гориво, емисии на CO2-и потрошувачка на струја за новите патнички автомобили“, кој е бесплатно достапен во сите продажни места и кај DAT Deutsche Automobil Treuhand GmbH (www.dat.de).