Подготвен за секоја задача: Со Vito Mixto.

Поддршка за Вашиот бизнис – во успехот и на патишта.

Конфигуратор

Vito. Сака, може, го прави.

Сакате секогаш да бидете подготвени за акција? Не можете да им одолеете на новите предизвици? Се стремите да ја остварите Вашата работна цел? Тогаш Vito патничкото комбе одлично Ви одговара. Бидејќи Vito Ве носи напред – на патиштата и ја прави Вашата компанија да биде успешна. Во однос на економичноста и квалитетот, овој модел е исто така пример за варијабилноста и безбедноста, а воедно е специјалист за професионален превоз на патници

Со потрошувачка на гориво од 5,7 l на 100 km [Vito товарно комбе и Vito Mixto 116 CDI со BlueEFFICIENCY пакет во комбинација со 7G-TRONIC PLUS и комерцијална регистрација на возило (N1). Комбинирана потрошувачка на гориво: 5,8–5,7 l/100 km; CO2-комбинирани емисии: 153–150 g/km]1 [*], тој е најекономичен од кога било и со секој километар дополнително придонесува за Вашиот успех. И благодарение на иновативните системи за помош и безбедност, можете да ги контролирате своите цели уште посигурно. Што се однесува до видовите на погон, неговата понуда е исто така уникатна: погон на предните тркала2, на задните тркала и погон на сите тркала – вистинското нешто за Вашите задачи.

Широка мрежа на партнери на Mercedes-Benz се грижи за сеопфатните услуги за да се осигура дека Вашето Vito патничко комбе ја задржува својата солидна веродостојност. При одржување и поправка имајте доверба во Вашиот Mercedes-Benz сервисен партнер. Тој најдобро го знае Вашето возило. На тој начин Vito патничкото комбе долго ќе остане Ваш вреден партнер.

Mercedes-Benz комбиња. Born to run.

 

 

1

Vito товарното комбе и Vito Mixto 116 CDI со BlueEFFICIENCY пакет во комбинација со 7G-TRONIC PLUS и комерцијална регистрација на возило (N1). Потрошувачка на гориво во град/на автопат/комбинирано: 6,7–6,6/5,3–5,2/5,8–5,7 l/100 km; CO2-комбинирани емисии на: 153–150 g/km. Реалните вредности на потрошувачка м.д. зависат од тежината на возилото и од избраната опрема.

2

Vito Mixto со погон на предни тркала и регистрација на патничко возило (M1) од 06/2018 привремено не е достапен во одредени земји. За дополнителни информации прашајте го Вашиот Mercedes-Benz трговец.

Главни карактеристики.

  1. Квалитет
  2. Економичност
  3. Безбедност
  4. Флексибилност
  5. Комфор
Доколку сте подготвени.

Вие треба да знаете да го цените Вашето Vito како партнер. Затоа ние правиме сѐ за долга и доверлива врска. При испорака, добивате софистицирано возило согласно квалитетот на Mercedes-Benz. Успешно ги има поминато километрите за тестирање и обемните проби. Vito е дизајниран да ги задоволува тешките барања на комерцијално возило. Исто така обемната заштита од корозија со целосно поцинкувана шасија се грижи за тоа и после многу години да има добар изглед како огледало на Вашата компанија.

Едно е сигурно: Со Vito избирате возило, на кое можете да се потпрете. Благодарение на максималната достапност ќе Ве поддржува насекаде во Вашите задачи. Бидејќи за нас „Mercedes-Benz Vans. Born to run.“ не е само мото, туку ветување.

Доживејте го Вашето сопствено економско чудо.

Кога некој се однесува економично со ресурсите, компаниите гледаат на него како добар партнер. Затоа, Vito поседува сѐ, со неговата економичност да ја направи Вашата компанија поуспешна. Со сертифицираните вредности на потрошувачка од 5,7 l на100 km [Vito товарно комбе и Vito Mixto 116 CDI со BlueEFFICIENCY пакет во комбинација со 7G-TRONIC PLUS и комерцијална регистрација на возило (N1). Комбинирана потрошувачка на гориво: 5,8–5,7 l/100 km; CO2-комбинирани емисии на : 153–150 g/km]1 [*] Вие сте економичен на патиштата. Вредност, која може да служи како пример. Точно како типичната сигурност и долговечност на Mercedes-Benz. Таа се грижи за тоа, Вашето Vito да биде тука кога Ви е потребно. За тоа придонесуваат и долгите сервисни интервали до 40.000 km. Всушност, одличниот квалитет на производот е најдобриот услов да се одржи буџетот на трошоците за одржување и поправка. За да се осигураме дека Vito и по неколку години ќе изгледа добро, му дадовме одлична заштита од корозија, меѓу другото со целосно поцинкуваната шасија.

Постигнете ја Вашата цел. Со одлична безбедност.

Секој има корист од примерните системи за безбедност и помош во Vito: Вие, Вашите сопатници, дури и другите учесници во сообраќајот. Вашиот товар исто така најдобро се транспортира со Vito. Веќе се стандардни помошта при страничен ветер, помошта за внимание ATTENTION ASSIST, воздушното перниче за возачот, воздушното перниче за совозачот за Vito Mixto во комбинација со регистрација на патничко возило (M1)2 како и најновата генерација на електронската програма за стабилност ADAPTIVE ESP®. Последново го вклучува и натоварувањето на возилото во контролата на динамиката на возењето. Со налепницата за спасување со QR код на столбот B може директно да се скенира картичката за спасување специфична за возилото.

Главна карактеристика е опционалниот COLLISION PREVENTION ASSIST, којшто го надгледува растојанието на возилата пред Вас и надвор од градовите и може да предупредува на можен судир. На барање може да бидат достапни и странични перничиња и воздушни перничиња за градниот кош за возачот и совозачот, како и превентивниот систем за заштита на патници PRE-SAFE® системот. Доколку сакате да ја проширите опремата за безбедност на Вашето Vito, сигурно ќе можете да ја најдете дополнителната опрема за безбедност3. Сите тие имаат едно нешто заедничко: тие Ви помагаат посигурно да ги постигнете своите цели.
 

Многу Ви олеснува.

Во Vito има место за се што мора да носите. Со максимално натоварување до 1.374 kg (товарно комбе) и со должина на товарниот простор4до 3 m како возило со 3.200-kg-може многу да се натовари. Но, не само тоа: Со 3 должини на возило, 2 меѓуоскини растојанија, флексибилниот систем за безбедност и практичните преградни ѕидови Ви нуди разновидни прилагодувања и специјализации за Вашето професионално решение за транспорт.

Впрочем, задачата истовремено не е задача. Пред сѐ, тогаш кога покрај товарот сакате да транспортирате и лица. За тоа Vito Mixto е токму вистинскиот. Благодарение на делумното застаклување, лесниот пристап и прилагодливите седишта за до 6 лица, во него се среќаваат функционалноста и удобноста. По потреба, проширувањето на опционалното задно седиште е можно со само неколку чекори.

Патем: Со своите големи отвори за врата и нискиот праг за товарење, можете лесно да ги совладате тешките задачи во Vito - за уште поголема удобност, ефикасност и безбедност при товарање и растоварување.

Тука можете да уживате во работата.

Кога сме кај пријатните страни на Вашата работа: Vito ќе го поттикне Вашето најдобро работно расположение со својата пространа внатрешност. Седиштата импресионираат со својата робусна покривка и на нивната ергономска ткаенина удобно ќе седите дури и при долги патувања. Во студената сезона, опционалното греење на седиштата за возачот и совозачот е вреден додаток. Доколку напред Ви треба место за двајца сопатници, можете да го нарачате опционалното седиште за совозач.

Благодарение на електромеханичкиот серво управувач и опциите TEMPOMAT, прилагодливиот мултифункционален управувач и патен компјутер, можете лесно да управувате со Вашите операции. И опционалната климатизација или автоматската контрола на климата, исто така, помага да се задржи свежината.

Аудио системите достапни на барање, ги обезбедуваат најдобрите врски и забава во движење, како и системот за навигација Аудио 40 или Becker® MAP PILOT5 се грижи за тоа, да стигнете побрзо до целта. Доколку сакате да ја зголемите вредноста на Vito, нарачајте го опционалниот пакет Хромиран ентериер. Бидејќи секоја компанија започнува со добри прегради за складирање, Vito го опремивме со многу практични прегради за складирање.

1

Vito товарното комбе и Vito Mixto 116 CDI со BlueEFFICIENCY пакет во комбинација со 7G-TRONIC PLUS и комерцијална регистрација на возило (N1). Потрошувачка на гориво во град/на автопат/комбинирано: 6,7–6,6/5,3–5,2/5,8–5,7 l/100 km; CO2-комбинирани емисии на: 153–150 g/km [*]. Реалните вредности на потрошувачка м.д. зависат од тежината на возилото и од избраната опрема.

2

Опционално за Vito товарно комбе и Vito Mixto со комерцијално регистрација на возило (N1), стандардно за Vito Mixto во комбинација со регистрација на патничко возило (M1).

3

Види стандардна и специјална опрема, како и www.mercedes-benz.de

4

Важи за Vito во екстра долга верзија на возилото.

5

Систем за навигација Becker® MAP PILOT достапен само во комбинација со .Аудио 15.

Шасија.

Должина на каросерија
Компактен
Долг
Екстра долг
Површина на товарниот простор
Должина на товарниот простор
Капацитет на товарниот простор
 Макс. дополнително оптоварување
1,86 m2
2.433 mm
3,1 m3
1.310 kg
2,26 m2 
2.678 mm
3,6 m3
1.285 kg
2,26 m2
2.678 mm
 3,6 m3
1.260

Толку разновиден како и Вашите задачи.

Вашата цел е да се движите напред. Затоа, како најважен модел во својата класа,  на располагање се 3 видови на погони: погон на предните тркала1, на задните и погон на сите тркала. Без разлика што планирате и каде се наоѓате: Изберете го Вашето возило со погон, којшто одговара на Вашиот профил и на посакуваниот начин на возење.

Опцискиот 7-брзински автоматски менувач 7G-TRONIC PLUS обезбедува висока удобност при возење и ниска потрошувачка. Исто така, стандардниот 6-брзински рачен менувач импресионира со балансирањето помеѓу агилноста и ефикасноста. Без разлика за која варијанта ќе се одлучите: Со стандардниот електромеханички серво управувач, комфорното прилагодување на подвозјето и независната амортизација со Vito патничкото комбе може да уживате во ефикасноста, културата на возење и удобноста на ниво на патничко моторно возило.

1

Vito Mixto со погон на предни тркала и регистрација на патничко возило (M1) од 06/2018 привремено не е достапен во одредени земји. За дополнителни информации прашајте го Вашиот Mercedes-Benz трговец.

Возете целосно безбедно.

Висококвалитетните системи за безбедност кај Vito вклучуваат стандардна помош при страничен ветер и системот за детектирање на замор кај возачот - ATTENTION ASSIST. Покрај стандардното воздушно перниче за возачот опциски може да биде достапно и за совозачот , како и воздушни перничиња за градниот кош и странични перничиња за предниот ред седишта. На барање, за безбедноста придонесуваат и предупредувачот од евентуален судир - COLLISION PREVENTION ASSIST како и системите за следење на коловозна лента и скриените агли.

Vito Mixto, LED Intelligent Light System

LED Intelligent Light System

Vito Mixto, ATTENTION ASSIST

ATTENTION ASSIST

Vito Mixto, помош за страничен ветер

Помош за страничен ветер

Vito Mixto, COLLISION PREVENTION ASSIST

COLLISION PREVENTION ASSIST

Vito Mixto, помош за следење на коловозна лента

Помош за следење на коловозна лента

Vito Mixto, помош за скриени агли

Помош за скриени агли

[*] Дополнителни информации за официјалната потрошувачка на гориво и официјалните специфични емисии на CO2-за новите патнички автомобили можете да дознаете од „Прирачник за потрошувачка на гориво, емисии на CO2-и потрошувачка на струја за новите патнички автомобили“, кој е бесплатно достапен во сите продажни места и кај DAT Deutsche Automobil Treuhand GmbH (www.dat.de).