Просторност, удобност и безбедност: Sprinter патничко комбе.

Напредно, ефикасно, сигурно.

Напредно, ефикасно, сигурно.

Се одликува со особена разновидност и ќе го најдете токму она што Ви е неопходно за транспорт. Новиото Sprinter патничко комбе е достапно со 3 должини на каросерија, 2 висини на покрив и до 3 реда седишта.. Бројните варијанти на возило и опрема овозможуваат економични, основни верзии на возила како и висококвалитетно опремени патнички комбиња со комфорни седишта и луксузни внатрешни облоги.

Удобните седишта може индивидуално да се прилагодат во однос на аголот на потпирачот за грб и позицијата на удобните потпирачи за глава - вистинско уживање. Возачите стекнуваат предност при користење на интелигентниот концепт на возилото и неговата модуларност за складирање. Исто така, може прецизно, индивидуално да се прилагоди избирањето на мултимедијалните и системите за помош според употребата на возилото.

Благодарение на неговата иновативна моќ и искуство повеќе од 20 години, Sprinter повторно претставува пресвртница како напредно, ефикасно и сигурно мобилно решение, кое ќе го поттикне успехот на Вашата компанија..

Главни карактеристики.

  1. Концепт на производи
  2. Поврзување
  3. Индустриски решенија
  4. Безбедност
  5. Економичност
Целосно убедливо.

Дури и визуелно, новото Sprinter патничко комбе само по себе е атракција: неговиот дизајн го следи модерниот концепт на дизајн на Mercedes-Benz - Sensual Purity. Кабината е исто така редизајнирана и подеднакво импресионира со својот висококвалитетен дизајн и одлична функционалност. На пример со интелигентниот, модуларен концепт на складирање и KEYLESS-START.

Опционалниот кровен систем за климатизирање со високи перформанси ги задоволува потребите на Вашите патници со пријатна контрола на температурата. Во целосно затворениот патнички простор има на располагање преграда за чување на паметни телефони со функција за USB-полнење за секој ред седишта.

Во зависност од профилот и саканиот начин на возење можете да нарачате Вашето Sprinter патничко комбе со погон на задните тркала или со погон на сите тркала1. Менувањето се врши рачно преку 6-брзински рачен менувач2 или автоматски преку 7G-TRONIC PLUS.  

Ваша мобилност 4.0.

За да можете да ја извршувате работата колку што е можно поекономично и поудобно, за Sprinter има на располагање различни радија, мултимедијални системи и решенија за поврзување. Во зависност од барањата, понудата опфаќа од држачи за паметен телефон, радио со Bluetooth® интерфејс и хендс фри функција, па сѐ до мултимедијален систем со екран на допир со висока резолуција, побрза навигација преку хард диск со 3-D-прикажување на мапи и интеграција на паметен телефон3. Користењето е онака како што сакате: едноставно. Мултимедијалните системи на пример се користат преку екранот на допир со висока резолуција или преку контролното копче на допир на мултифункционалниот управувач. Сите елементи за користење и приказ се лесно достапни и читливи.
Бидејќи модерниот бизнис свет вклучува дигитални решенија, ние го опремивме Sprinter возилото со интегриран модул за комуникација, кој претставува техничка основа за постојано интернет поврзување на возилото. Ова овозможува користење на актуелните и идни Mercedes PRO услуги. Придобивките вклучуваат минимизирано време на застој преку предвидливо управување на одржувањето, како и дигитален дневник, со што насобирањето на документи станува непотребно.

Точно прилагодено според примената.

Sprinter патничкото комбе овозможува многу нешта: 3-те должини на каросерија, 2-те висини на кров и до 3 реда на седишта ја формираат основата за импресивен избор на варијанти. Ова ви овозможува да прилагодите особено робусни возила сосема според Вашите потреби, на пример, за градежни работи, како и луксузно опремени ВИП-превози. За извонредна удобност на патниците, сите клупи за седење со по 2 и 3 седишта се достапни како удобни седишта со прилагодливи потпирачи за грб и удобни потпирачи за глава. На тој начин максималниот број до 8 патници плус возачот се чувствуваат пријатно во Sprinter патничкото комбе.

По потреба може дополнително да се прикачат до 3.500 kg за багаж, материјали или алати. Со над 600 дополнителни додатоци, меѓу кои спаѓаат на пример специјалните решенија за возен парк и суспензии, Sprinter патничкото возило дополнително се прилагодува според Вашите потреби.

Врвен квалитет на безбедносна опрема.

Sprinter возилото е целосно дизајнирано за безбедност. Цврста основа за тоа претставува неговиот корпус, којшто е особено стабилен поради неговата конструкција и составот на материјалот.
Кон тоа се вбројуваат и бројни помошни системи. Бидејќи дури и најискусниот возач доаѓа во ситуации каде што поддршката може да биде добредојдена и корисна. Понудата се движи од стандардната помош за страничен ветер до активната помош при сопирање и помошта за следење на коловозна лента - и двете се стандардни за возила со дозволена вкупна тежина од над 3.500 kg. 3-те решенија за камера, од камера за движење наназад со внатрешно огледало па сѐ до 360°-камера, по желба го подобруваат и без тоа добриот преглед од возачкото седиште. Во темница светат LED предните светла со високи перформанси коишто може опционално да се купат и кои далеку го осветлуваат патот.
Во посебни случаи помага сериското воздушно перниче, коешто го штити возачот при судир. По желба може да се купат и 5 дополнителни воздушни перничиња за возачот и совозачот.

Економично во секој поглед.

Со Sprinter се одлучувате за возило, што импресивно ја докажува својата економичност повеќе од 20 години. Новото Sprinter патничко комбе ја продолжува оваа успешна приказна со својот докажан квалитет и сигурност. Притоа, од самиот почеток, имате корист од неговата економичност: благодарение на можностите за конфигурирање, го нарачувате токму она што навистина Ви треба.

Бидејќи сакаме добрите работи да ги направиме уште подобри, затоа ние дополнително ги оптимизиравме нашите дизел мотори и ја подобривме нивната просторна искористеност. На тој начин Sprinter патничкото комбе ги поврзува економичната потрошувачка на гориво и интелигентната функционалност за да создаде сеопфатно економично решение за мобилност.

1

Погонот на сите тркала се очекува да биде достапен за нарачка од Q4/2018.

2

Серискиот 6-брзински рачен менувач во поврзување со дизел моторот V6 со 6 цилиндри OM642 се очекува да биде достапен за нарачка од Q4/2018.

3

Интеграцијата на паметен телефон се очекува да биде достапна од Q4/2018.

Корисно во многу ситуации во сообраќајот.

Долги возења на автопат, промена на коловозна лента или разни други маневрирања: постојат многу ситуации во кои системите за помош може да му помогнат на возачот. Во зависност од употребата на возилото, новиот Sprinter може да биде опремен со овие системи според потребите. За сите системи за помош е заедничко: тие се најнова технологија. На пример активната помош за растојание DISTRONIC самостојно го одржува претходно поставеното растојание за возилото напред и на тој начин, патувањата на долги релации стануваат порелаксирани. Други системи се: пакетот за паркирање со 360° камера, помош при паркирање и Drive Away Assist, што можат да бидат важна поддршка, благодарение на целосниот поглед при паркирање и маневрирање.

Активна помош при сопирање

Пакет за паркирање со 360° камера

Активна помош за растојание DISTRONIC

Камера за движење наназад со внатрешно огледало

Помош за скриени агли со Rear Cross Traffic Alert

Активна помош за следење на коловозна лента

Главни карактеристики на дополнителна опрема за преден дел на возилото.

Хромирана решетка

Рамка на решетката во бојата на возилото

Обоен преден браник

Радио опрема

Навигација

MBUX мултимедијален систем со 10,25 инчен екран на допир

Дигитално радио (DAB)