Целосно убедлив: Sprinter товарно комбе.

 

Напреден, ефикасен, сигурен.

Напредно, ефикасно, сигурно.

Тој е толку разнолик, што ќе го најдете токму она што Ви треба за транспорт и изгледа толку добро, што го привлекува вниманието: . 

Новото Sprinter товарно комбе со 4 должини на каросерија, 3 висини на товарен простор и волумен на товар до 17 м3, нуди импресивна разновидност. Неговите бројни варијанти и опрема овозможуваат економични, основни верзии на возила како и обемно опремени возила.

На пример, возилата со новодостапниот погон на предни тркала имаат поволна почетна цена, дополнителна носивост и понизок раб за товарење во споредба со возилата со погон на задни тркала.

Возачите стекнуваат предност при користење на интелигентниот концепт на возилото и неговата модуларност за складирање. Исто така, може прецизно, индивидуално да се прилагоди избирањето на мултимедијалните и системите за помош според употребата на возилото.

Благодарение на неговата иновативна моќ и искуство повеќе од 20 години, Sprinter повторно претставува пресвртница како напредно, ефикасно и сигурно мобилно решение, кое ќе го поттикне успехот на Вашата компанија.

Главни карактеристики.

  1. Концепт на производи
  2. Поврзување
  3. Индустриски решенија
  4. Безбедност
  5. Економичност
Убаво за очи, уште поубаво за работа.

Дури и визуелно, новото Sprinter товарно комбе само по себе е атракција: неговиот дизајн го следи модерниот концепт на дизајн на Mercedes-Benz - Sensual Purity. Кабината е исто така редизајнирана и подеднакво импресионира со својот висококвалитетен дизајн и одлична функционалност. На пример со интелигентниот, модуларен концепт на складирање и KEYLESS-START.

Товарниот простор можете да го опремите според Вашите потреби со практичните опции како внатрешен кровен носач на товар1, пластичен под кој е оптимиран за тежина и товарни лакови на тркалата. Опционалната потпора за товарење на палети на скалилото на лизгачката врата го стабилизира товарот, на пр. при возење на кривини и овозможува поефикасно фиксирање.

Кон останатите предности се вбројува и големата понуда на варијанти на погон: во зависност од профилот и саканиот начин на возење можете да го нарачате Вашето Sprinter товарно комбе со погон на предните, задните или сите тркала2. Менувањето се одвива рачно со 6-брзински менувач3 или автоматски преку 7G-TRONIC PLUS одн. преку автоматскиот менувач 9G-TRONIC4, кој е уникатен во овој сегмент.

Ваша мобилност 4.0.

За да можете да ја извршувате работата колку што е можно поекономично и поудобно, за Sprinter има на располагање различни радија, мултимедијални системи и решенија за поврзување. Во зависност од барањата, понудата опфаќа од држачи за паметен телефон, радио со Bluetooth® интерфејс и хендс фри функција, па сѐ до мултимедијален систем со екран на допир со висока резолуција, побрза навигација преку хард диск со 3-D-прикажување на мапи и интеграција на паметен телефон5. Користењето е онака како што сакате: едноставно. Мултимедијалните системи на пример се користат преку екранот на допир со висока резолуција или преку контролното копче на допир на мултифункционалниот управувач. Сите елементи за користење и приказ се лесно достапни и читливи.
Бидејќи модерниот бизнис свет вклучува дигитални решенија, ние го опремивме Sprinter возилото со интегриран модул за комуникација, кој претставува техничка основа за постојано интернет поврзување на возилото. Ова овозможува користење на актуелните и идни Mercedes PRO услуги. Придобивките вклучуваат минимизирано време на застој преку предвидливо управување на одржувањето, како и дигитален дневник, со што насобирањето на документи станува непотребно.

Каде има потреба од транспорт, таму е нашиот Sprinter.

Sprinter товарното комбе овозможува многу нешта: 4-те должини на каросерија, 3-те висини на товарен простор и 4-те моторизирања ја формираат основата за импресивен избор на варијанти. Со тоа можете да ги конфигурирате Вашите возила со дозволена вкупна тежина до 5.500 kg. Со најдолгата од 4-те должини на каросерија и највисокиот од 3-те покриви, Sprinter товарното комбе Ви дава на располагање до 17 m3 волумен на товар. По потреба може дополнително да се прикачат до 3.500 kg.

Со над 600 дополнителни додатоци, меѓу кои спаѓаат на пример специјалните решенија за возен парк и суспензии, Sprinter товарното комбе прецизно се прилагодува на Вашите потреби. Со опциите за потпора за товарење на палети, обложените лакови на тркалата и внатрешните кровни носачи на товар мошне полесно се извршуваат транспортните задачи. За специјални индустриски барања, Mercedes-Benz VanSolution нуди комплетни фабрички решенија и каросериски и решенија за надградба со докажан квалитет во рамки на партнерската програма „Mercedes-Benz VanPartner“, со двојно фактурирање.

Го обезбедува Вашиот успех.

Sprinter возилото е целосно дизајнирано за безбедност. Цврста основа за тоа претставува неговиот корпус, којшто е особено стабилен поради неговата конструкција и составот на материјалот.
Кон тоа се вбројуваат и бројни помошни системи. Бидејќи дури и најискусниот возач доаѓа во ситуации каде што поддршката може да биде добредојдена и корисна. Понудата се движи од стандардната помош за страничен ветер до активната помош при сопирање и помошта за следење на коловозна лента - и двете се стандардни за возила со дозволена вкупна тежина од над 3.500 kg. 3-те решенија за камера, од камера за движење наназад со внатрешно огледало па сѐ до 360°-камера, по желба го подобруваат и без тоа добриот преглед од возачкото седиште. Во темница светат LED предните светла со високи перформанси коишто може опционално да се купат и кои далеку го осветлуваат патот.
Во посебни случаи помага сериското воздушно перниче, коешто го штити возачот при судир. По желба може да се купат и 5 дополнителни воздушни перничиња за возачот и совозачот.

Економично, кога тоа е важно.

Со Sprinter се одлучувате за возило, што импресивно ја докажува својата економичност повеќе од 20 години. Новото Sprinter товарно комбе ја продолжува оваа успешна приказна со својот докажан квалитет и сигурност. Притоа, од самиот почеток, имате корист од неговата економичност: со атрактивна почетна цена и бројни можности за конфигурација, со кои го нарачувате токму она што навистина Ви треба.

Бидејќи сакаме добрите работи да ги направиме уште подобри, затоа ние дополнително ги оптимизиравме нашите дизел мотори. Дополнителна придобивка за профитабилноста на Вашата компанија е и околу 50 kg поголема носивост6. Со главен резервоар од 50 l7 и пластичната подна покривка8, која е достапна на барање, можете да заштедите уште поголема тежина на возилото. Освен тоа, Sprinter товарното комбе импресионира со дополнително подобрениот простор6 и понизок под на товарен простор за околу 80 mm6. Со тоа, комбето може уште подобро да се товари и го олеснува качувањето во него.

На тој начин Sprinter товарното комбе ги поврзува економичната потрошувачка на гориво и интелигентната функционалност за да создаде сеопфатно економично решение за мобилност.

1

Внатрешниот кровен носач на товар се очекува да биде достапен од Q4/2018.

2

Погонот на сите тркала се очекува да биде достапен за нарачка од Q4/2018.

3

Серискиот 6-брзински рачен менувач во поврзување со дизел моторот V6 со 6 цилиндри OM642 се очекува да биде достапен за нарачка од Q4/2018.

4

Само во поврзување со погон на предните тркала.

5

Интеграцијата на паметен телефон се очекува да биде достапна од Q4/2018.

6

Во поврзување со погон на предните тркала, во споредба со погон на задните тркала.

7

Главниот резервоар од 50 литри е опционален за Sprinter товарното возило во поврзување со погон на предните тркала.

8

Подната покривка од пластика може опционално да се нарача за Sprinter товарното возило.

Лесно се прилагодува.

Должина на каросерија
Компактен
Стандарден
Долг
Екстра долг
Вид на кров
Нормален кров
Висок кров
Супер висок кров
Макс. должина на товарниот простор
Макс. висина на товарниот простор
Макс. површина за товарење
Макс. капацитет на товарниот простор
2.607 mm
1.789 mm
4,357 m2
7,8 m3
2.607 mm
2.079 mm
4,357 m2
8,8 m3
3.272 mm
1.789 mm
5,539 m2
9,5 m3
3.272 mm
2.079 mm
5,539 m2
11 m3
4.307 mm
2.009 mm
6,9 m2
14 m3
4.307 mm
2.243 mm
6,9 m2
15,5 m3
4.707 mm
2.009 mm
7,606 m2
15,5 m3
4.707 mm
2.243 mm
7,606 m2
17 m3

Ги прави тешките работи, полесни.

Кабината со својата одлична видливост, е така дизајнирана за да му увозможи на возачот пријатно секојдневневие. За таа цел, при избор достапни се 5 различни седишта, со коишто може да се задоволат различните потреби на удобност. Тука исто така спаѓаат седишта, кои ги исполнуваат критериумите на компанијата „Aktion Gesunder Rücken“ AGR e. V. Меѓу другото, современиот концепт на работа се карактеризира со тоа што можат да се интегрираат паметните телефони и опционалните мултимедијални системи. Истите можат да се користат преку екраните на допир и мултифункционалниот управувач. За организација во кабината на возачот, на располагање е модуларно дизајнираниот концепт на складирање, со лесно достапни полици - по избор со капак - и паметна мултифункционална кутија, која може да се користи за удобно пополнување на документи во возилото.

Sprinter товарно комбе, комфорно седиште за возачот

Комфорно седиште за возачот

Sprinter товарно комбе, MBUX мултимедијален систем со 10,25 инчен екран на допир

MBUX мултимедијален систем со 10,25 инчен екран на допир

Sprinter товарно комбе, преграда за чување на паметни телефони вкл. безжично полнење

Преграда за чување на паметни телефони вкл. безжично полнење

Sprinter товарно возило, прегради за складирање на отворање лево и десно

Прегради за складирање на отворање лево и десно

Sprinter товарно комбе, KEYLESS-START

KEYLESS-START

Sprinter товарно комбе, автоматска контрола на системот за климатизација THERMOTRONIC

Автоматска контрола на системот за климатизација THERMOTRONIC

Прилагодени каросериски решенија.

Со тоа возилото ги задоволува Вашите професионални барања.

Доколку Вашите потреби се поспецифични, можно е Mercedes-Benz да го има вистинското решение за Вас. Ние Ви помагаме и Ви нудиме солидни, оптимални и корисни каросериски решенија од еден давател на услуги или од нашите сертифицирани партнери. На ваков начин, оптимално сте подготвени за извршување на разни градежни работи или за употреба на возилото за трговија и испорака на производи.