Робустен и моќен: Sprinter со товарна платформа.

Напреден, ефикасен, сигурен.

Напредна, ефикасна, сигурна.

Тој е толку разнолик, што ќе го најдете токму она што Ви треба за транспорт и изгледа толку добро, што го привлекува вниманието: . 

Новиот Sprinter со товарна платформа со 3 должини на каросерија, стандардна кабина на возачот или двојна кабина, како и товарен простор до 9,2 m2 нуди импресивна разновидност. Нејзините бројни варијанти и опрема овозможуваат економични, основни верзии на возила, како и обемно опремени возила.

На пример, возилата со новодостапниот погон на предни тркала имаат поволна почетна цена, дополнителна носивост и понизок раб за товарење во споредба со возилата со погон на задни тркала.

Возачите стекнуваат предност при користење на интелигентниот концепт на возилото и неговата модуларност за складирање. Исто така, може прецизно, индивидуално да се прилагоди избирањето на мултимедијалните и системите за помош според употребата на возилото.

Благодарение на неговата иновативна моќ и искуство повеќе од 20 години, Sprinter повторно претставува пресвртница како напредно, ефикасно и сигурно мобилно решение, кое ќе го поттикне успехот на Вашата компанија.

Главни карактеристики.

  1. Концепт на производи
  2. Поврзување
  3. Индустриски решенија
  4. Безбедност
  5. Економичност
Убаво за очи, уште поубаво за работа.

Дури и визуелно, кабината на новата Sprinter платформа со товарен сандак е мошне впечатлива со својата облога на решетката типична за Mercedes-Benz и модерните дизајнирани предни светла. Кабината е исто така редизајнирана и подеднакво импресионира со својот висококвалитетен дизајн и одлична функционалност. На пример со интелигентниот, модуларен концепт на складирање и KEYLESS-START.

Големата површина за товарење до 9,2 m2 е ограничена со висококвалитетните алуминиумски странични ѕидови. Со тоа се формира цврста површина за товарење соодветна за палети, на која може да се товарат индустриски палети со големина од 1.200 x 1.000 mm една до друга. На барање, кутиите за складирање на десната и левата страна под платформа нудат можност за складирање на пр. на алати или материјали кои може да се заклучат и се заштитени од прскање. Имаат волумен од 30 l.

Кон останатите предности се вбројува и големата понуда на варијанти на погон: во зависност од профилот и саканиот начин на возење можете да ја нарачате Вашата Sprinter платформа со товарен сандак со погон на предните, задните или сите тркала1. Менувањето се одвива рачно со 6-брзински менувач2 или автоматски преку 7G-TRONIC PLUS одн. преку автоматскиот менувач 9G-TRONIC3, кој е уникатен во овој сегмент.

Ваша мобилност 4.0.

За да можете да ја извршувате работата колку што е можно поекономично и поудобно, за Sprinter има на располагање различни радија, мултимедијални системи и решенија за поврзување. Во зависност од барањата, понудата опфаќа од држачи за паметен телефон, радио со Bluetooth® интерфејс и хендс фри функција, па сѐ до мултимедијален систем со екран на допир со висока резолуција, побрза навигација преку хард диск со 3-D-прикажување на мапи и интеграција на паметен телефон4. Користењето е онака како што сакате: едноставно. Мултимедијалните системи на пример се користат преку екранот на допир со висока резолуција или преку контролното копче на допир на мултифункционалниот управувач. Сите елементи за користење и приказ се лесно достапни и читливи.
Бидејќи модерниот бизнис свет вклучува дигитални решенија, ние го опремивме Sprinter возилото со интегриран модул за комуникација, кој претставува техничка основа за постојано интернет поврзување на возилото. Ова овозможува користење на актуелните и идни Mercedes PRO услуги. Придобивките вклучуваат минимизирано време на застој преку предвидливо управување на одржувањето, како и дигитален дневник, со што насобирањето на документи станува непотребно.

Каде има потреба од транспорт, таму е нашиот Sprinter.

Sprinter платформата со товарен сандак овозможува многу со големата површина за товарење до 9,2 m2: единечната или двојната кабина, како и 3-те должини на каросерија формираат импресивен спектар на варијанти. Ова дополнително се зголемува со 4-те мотори, бројните опционални додатоци, варијантите на шасија и решенијата специфични за индустријата од производителите на каросерија. Со тоа можете да ги конфигурирате Вашите возила со дозволена вкупна тежина до 5.500 kg. По потреба може дополнително да се прикачат до 3.500 kg. На барање, кутиите за складирање на десната и левата страна под платформата нудат можност за складирање на пример на алати кои може да се заклучат и се заштитени од прскање.

Го обезбедува Вашиот успех.

Sprinter платформата со товарен сандак е целосно дизајнирана за безбедност. Цврста основа за тоа претставува нејзиниот корпус, којшто е особено стабилен поради нејзината конструкција и составот на материјалот.

Кон тоа се вбројуваат и бројни помошни системи. Бидејќи дури и најискусниот возач доаѓа во ситуации каде што поддршката може да биде добредојдена и корисна. Понудата се движи од стандардната помош за страничен ветер, преку активната помош при сопирање, па сѐ до помошта за следење на коловозна лента - и двете се стандардни за возила со дозволена вкупна тежина од над 3.500 kg. Во темница светат LED предните светла со високи перформанси коишто може опционално да се купат и кои далеку го осветлуваат патот.

Во посебни случаи помага сериското воздушно перниче, коешто го штити возачот при судир. По желба може да се купат и 5 дополнителни воздушни перничиња за возачот и совозачот.

Економично, кога тоа е важно.

Со Sprinter се одлучувате за возило, што импресивно ја докажува својата економичност повеќе од 20 години. Новата Sprinter платформа со товарен сандак ја продолжува оваа успешна приказна со својот докажан квалитет и сигурност. Притоа, од самиот почеток, имате корист од нејзината економичност: со атрактивна почетна цена и бројни можности за конфигурација, со кои го нарачувате токму она што навистина Ви треба.

Бидејќи сакаме добрите работи да ги направиме уште подобри, затоа ние дополнително ги оптимизиравме нашите дизел мотори. Дополнителни придобивки за профитабилноста на Вашата компанија е дополнителната носивост со опционалниот главен резервоар од 50 l 5 и задната осовина од пластика зајакната со стаклени влакна што може да се нарача.

На тој начин Sprinter платформата со товарен сандак ги поврзува економичната потрошувачка на гориво и интелигентната функционалност за да создаде сеопфатно економично решение за мобилност.

1

Погонот на сите тркала се очекува да биде достапен за нарачка од Q4/2018.

2

Серискиот 6-брзински рачен менувач во поврзување со дизел моторот V6 со 6 цилиндри OM642 се очекува да биде достапен за нарачка од Q4/2018.

3

Само во поврзување со погон на предните тркала.

4

Интеграцијата на паметен телефон се очекува да биде достапна од Q4/2018.

5

Главниот резервоар од 50 литри е опционален за Sprinter платформата со товарен·сандак во поврзување со погон на предните тркала.

Се прилагодува секое барање.

Разновидност во можностите.

Бројните варијанти на возилото и опциите на опремата овозможуваат прилагодување на шасијата и платформата со товарен сандак точно според потребата за транспорт. Со поголема должина на возилото и со стандардна кабина за возачот, површината за товарење на платформата со товарен сандак ја постигнува максималната големина. Ако носивоста е клучна, најдобро е да се вози со варијанта на тежина од 5.500 kg. Во стандардната кабина на возачот има простор до 3 лица, а во двојната кабина можат да се возат дури и помали тимови до 7 лица до местото на работа. Дополнително, постојат бројни решенија за каросерија со докажан квалитет за посебни барања од индустријата.

Преглед на разновидноста на варијантите на Sprinter шасијата и платформата со товарен сандак:

  • 3 должини на каросерија: компактна, стандардна и долга
  • 2 кабини за возачот: стандардна и двојна
  • Товарен простор до 9,2 m² за платформата со товарен сандак
  • Достапни се варијанти со дозволена вкупна тежина до 3.000 kg, 3.500 kg, 4.100 kg и 5.000 kg,
  • дополнително и бројни варијанти за товарење и растоварување за дозволена вкупна тежина до 5.500 kg
  • Максимална носивост со повеќе од 3.000 kg во варијанта на тежина со 5.500 kg
  • Достапни се варијанти со погон на предните, задните и сите тркала1
1

Погонот на сите тркала се очекува да биде достапен за нарачка од Q4/2018.

Прилагодени каросериски решенија.

Со тоа, Вашето возило ги задоволува Вашите професионални барања.

Доколку Вашите потреби се поспецифични, можно е Mercedes-Benz да го има вистинското решение за Вас. Ние Ви помагаме и Ви нудиме солидни, оптимални и корисни каросериски решенија од еден давател на услуги или од нашите сертифицирани партнери. На ваков начин, оптимално сте подготвени за извршување на разни градежни работи или за употреба на возилото за трговија и испорака на производи.