Солидна основа: Sprinter шасии.

Напредна, ефикасна, сигурна.

Напредна, ефикасна, сигурна.

Тој е толку разнолик, што ќе го најдете токму она што Ви треба за транспорт и изгледа толку добро, што го привлекува вниманието: 

Новиот Sprinter како шасија со 3 должини на каросерија и стандардна кабина на возачот или двојна кабина, нуди импресивна разновидност. Бројните варијанти на возило и опрема овозможуваат економични, основни верзии, но и богато опремени возила.

На пример, возилата со новодостапниот погон на предни тркала имаат поволна почетна цена, дополнителна носивост и понизок раб за товарење во споредба со возилата со погон на задни тркала.

Возачите стекнуваат предност при користење на интелигентниот концепт на возилото и неговата модуларност за складирање. Исто така, може прецизно, индивидуално да се прилагоди избирањето на мултимедијалните и системите за помош според употребата на возилото.

Благодарение на неговата иновативна моќ и искуство повеќе од 20 години, Sprinter повторно претставува пресвртница како напредно, ефикасно и сигурно мобилно решение, кое ќе го поттикне успехот на Вашата компанија.

Главни карактеристики.

  1. Концепт на производи
  2. Поврзување
  3. Индустриски решенија
  4. Безбедност
  5. Економичност
Убаво за очи, уште поубаво за работа.


Дури и визуелно, кабината на новата Sprinter шасија е мошне впечатлива со својата облога на решетката типична за Mercedes-Benz и модерните дизајнирани предни светла. Кабината е исто така редизајнирана и подеднакво импресионира со својот висококвалитетен дизајн и одлична функционалност. На пример со интелигентниот, модуларен концепт на складирање и KEYLESS-START.

Во стандардната кабина на возачот може да се возат до 3 лица до местото на работа, а во двојната кабина дури и помали тимови до 7 лица. Зад кабината, Sprinter шасиите со своите 3 должини на каросерија нудат соодветна основа за многу различни каросериски и развојни решенија.

Кон останатите предности се вбројува и големата понуда на варијанти на погон: во зависност од профилот и саканиот начин на возење можете да ја нарачате Вашата Sprinter шасија со погон на предните, задните или сите тркала1. Менувањето се одвива рачно со 6-брзински менувач2 или автоматски преку 7G-TRONIC PLUS одн. преку автоматскиот менувач 9G-TRONIC3, кој е уникатен во овој сегмент.

Ваша мобилност 4.0.

За да можете да ја извршувате работата колку што е можно поекономично и поудобно, за Sprinter има на располагање различни радија, мултимедијални системи и решенија за поврзување. Во зависност од барањата, понудата опфаќа од држачи за паметен телефон, радио со Bluetooth® интерфејс и хендс фри функција, па сѐ до мултимедијален систем со екран на допир со висока резолуција, побрза навигација преку хард диск со 3-D-прикажување на мапи и интеграција на паметен телефон4. Користењето е онака како што сакате: едноставно. Мултимедијалните системи на пример се користат преку екранот на допир со висока резолуција или преку контролното копче на допир на мултифункционалниот управувач. Сите елементи за користење и приказ се лесно достапни и читливи.
Бидејќи модерниот бизнис свет вклучува дигитални решенија, ние го опремивме Sprinter возилото со интегриран модул за комуникација, кој претставува техничка основа за постојано интернет поврзување на возилото. Ова овозможува користење на актуелните и идни Mercedes PRO услуги. Придобивките вклучуваат минимизирано време на застој преку предвидливо управување на одржувањето, како и дигитален дневник, со што насобирањето на документи станува непотребно.

Каде има потреба од транспорт, таму е нашиот Sprinter.

Sprinter шасијата овозможува многу нешта: единечната или двојна кабина, како и 3-те должини на каросерија ја формираат основата за импресивен избор на варијанти. Ова дополнително се зголемува со 4-те мотори, 3-те варијанти на погон - погон на предните, задните или сите тркала, како и бројните опционални додатоци, варијантите на шасија и решенијата специфични за индустријата од производителите на каросерија. Со тоа можете да ги конфигурирате Вашите возила со дозволена вкупна тежина до 5.500 kg. По потреба може со промена во влечно возило да се прикачат дури 5.250 kg, при дозволена вкупна влечна тежина од 8.750 kg.

Со над 600 дополнителни додатоци, меѓу кои спаѓаат на пример специјалните решенија за возен парк и суспензии, Sprinter шасијата дополнително се прилагодува според Вашите потреби. За специјални индустриски барања, Mercedes-Benz VanSolution нуди комплетни фабрички решенија и каросериски и решенија за надградба со докажан квалитет во рамки на партнерската програма „Mercedes-Benz VanPartner“, со двојно фактурирање.
 

Го обезбедува Вашиот успех.

Sprinter шасијата е целосно дизајнирана за безбедност. Цврста основа за тоа претставува нејзиниот корпус, којшто е особено стабилен поради нејзината конструкција и составот на материјалот.

Кон тоа се вбројуваат и бројни помошни системи. Бидејќи дури и најискусниот возач доаѓа во ситуации каде што поддршката може да биде добредојдена и корисна. Понудата се движи од стандардната помош за страничен ветер, преку активната помош при сопирање, па сѐ до помошта за следење на коловозна лента - и двете се стандардни за возила со дозволена вкупна тежина од над 3.500 kg. Во темница светат LED предните светла со високи перформанси коишто може опционално да се купат и кои далеку го осветлуваат патот.

Во посебни случаи помага сериското воздушно перниче, коешто го штити возачот при судир. По желба може да се купат и 5 дополнителни воздушни перничиња за возачот и совозачот.

Економично, кога тоа е важно.

Со Sprinter се одлучувате за возило, што импресивно ја докажува својата економичност повеќе од 20 години. Новата Sprinter шасија ја продолжува оваа успешна приказна со својот докажан квалитет и сигурност. Притоа, од самиот почеток, имате корист од нејзината економичност: со атрактивна почетна цена и бројни можности за конфигурација, со кои го нарачувате токму она што навистина Ви треба.

Бидејќи сакаме добрите работи да ги направиме уште подобри, затоа ние дополнително ги оптимизиравме нашите дизел мотори. Дополнителни придобивки за профитабилноста на Вашата компанија е дополнителната носивост со опционалниот главен резервоар од 50 l 5 и задната осовина од пластика зајакната со стаклени влакна што може да се нарача.

На тој начин Sprinter шасијата ги поврзува економичната потрошувачка на гориво, интелигентната функционалност, како и различните каросериски и развојни решенија за да создаде сеопфатно економично решение за мобилност.

1

Погонот на сите тркала се очекува да биде достапен за нарачка од Q4/2018.

2

Серискиот 6-брзински рачен менувач во поврзување со дизел моторот V6 со 6 цилиндри OM642 се очекува да биде достапен за нарачка од Q4/2018.

3

Само во поврзување со погон на предните тркала.

4

Интеграцијата на паметен телефон се очекува да биде достапна од Q4/2018.

5

Главниот резервоар од 50 литри е опционален за Sprinter шасијата во поврзување со погон на предните тркала.

Се прилагодува на секое барање.

Разновидна како и транспортот на товар.

Бројните варијанти на возилото и опциите на опремата овозможуваат прилагодување на Sprinter шасијата точно според потребата за транспорт. Ако носивоста е клучна, најдобро е да се вози со варијанта на тежина од 5.500 kg. Како специјално опремени влечни возила можна е дозволена влечна тежина до 8.750 kg - на пример за транспорт на возила. Во стандардната кабина на возачот има простор до 3 лица, а во двојната кабина можат да се возат дури и помали тимови до 7 лица до местото на работа. Дополнително, постојат бројни решенија за каросерија со докажан квалитет за посебни барања од индустријата.

Ги прави тешките работи, полесни.

Кабината со својата одлична видливост, е така дизајнирана за да му увозможи на возачот пријатно секојдневневие. За таа цел, при избор достапни се 5 различни седишта, со коишто може да се задоволат различните потреби на удобност. Тука исто така спаѓаат седишта, кои ги исполнуваат критериумите на компанијата „Aktion Gesunder Rücken“ AGR e. V. Меѓу другото, современиот концепт на работа се карактеризира со тоа што можат да се интегрираат паметните телефони и опциските мултимедијални системи. Истите можат да се користат преку екраните на допир и мултифункцискиот управувач. За организација во кабината на возачот, на располагање е модуларно дизајнираниот концепт на складирање, со лесно достапни полици - по избор со капак - и паметна мултифункциска кутија, која може да се користи за удобно пополнување на документи во возилото.

Комфорно седиште за возачот

MBUX мултимедијален систем со 10,25 инчен екран на допир

Преграда за чување на паметни телефони вкл. безжично полнење

Прегради за складирање на отворање лево и десно

KEYLESS-START

Автоматска контрола на системот за климатизација THERMOTRONIC

Прилагодени каросериски решенија.

Со тоа Вашиот Transporter ги задоволува Вашите професионални барања.

Ако Вашите потреби се малку поспецифични, можно е Mercedes-Benz да го има вистинското решение за Вас. Ние Ви помагаме и Ви нудиме солидни, оптимални и корисни каросериски решенија од еден давател на услуги или од нашите сертифицирани партнери. Со тоа оптимално сте подготвени за градежни работи или за употреба на возилото за испорака и трговија.