WLTP.

Поблиско утврдување на потрошувачката и емисиите.

Новата WLTP-постапка.

Постапките за сертификација исто така застаруваат. Затоа „Worldwide Harmonized Light Vehicles Test Procedure“, накратко WLTP, ја замени NEDC-постапката, за одредување на вредностите на потрошувачка и емисии. „Европскиот циклус на возење“ (NEDC) што се употребува во Европа од 1992, првично беше развиен како теоретско тест возење. Сепак, една модерна постапка за сертифицирање мора да дава колку што е можно пореални вредности, со што можете да споредите различни типови на возила. Ова барање веќе не е исполнето со NEDC-постапката. Затоа WLTP-постапката беше развиена со иницијатива на Економската комисија за Европа на Обединетите нации (UNECE). Новиот WLTP-циклус се базира на емпириски собрани вистински податоци за возење од патишта во Азија, Европа и САД, што го прави значително попрестижен.

Според чл. 15 дел 2 и 3 од одредба 2017/1151/ЕУ важат следните датуми на лансирање:

  • 01.09.2017: нови типови на возила кај возила од класата M1 и M2
  • 01.09.2018: нови типови на возила кај возила од класата M1 и M2
  • 01.09.2018: нови типови на возила кај возила од класата N1 група II и III и класата N2
  • 01.09.2019: нови типови на возила кај возила од класата N1 група II и III и класата N2

Нов циклус на возење и специфични вредности за секое возило.

Споредба на WLTP и NEDC.

Ново кај WLTP-сертифицирањето, пред сѐ, се циклусите на тестирање и спецификацијата за специфичните вредности на потрошувачката за секоја можна конфигурација на возилото.

Кога се споредуваат двата циклуси на тестирање, забележливо е дека WLTP-циклусот е пореален и попрецизен од NEDC-циклусот: потребни се 30, наместо 20 минути, почесто се забрзува и времето кога возилото е во мирување е значително намалено. Најголемата брзина од 131 km/h е исто така за 10 km/h повисока од онаа на NEDC-циклусот.

Покрај тоа, вредностите на потрошувачка и емисија во WLTP-постапката се одредуваат специфично за возилото, бидејќи масата и отпорноста на воздухот и при тркалање на едно возило може да се менуваат во зависност од опремата на возилото. Исто така се зема предвид и дополнителната опрема. Ако, на пример, како дополнителна опрема се избере аеродинамично поволно тркало, ова може да има позитивно влијание врз потрошувачката на гориво.

Поблиску до потрошувачката на пат.

Предности на WLTP.

Вредностите, кои се одредуваат според WLTP-постапката, се значително поблиски до Вашата реална потрошувачка на гориво, отколку до одредените вредности според NEDC-постапката. Ова се должи на новиот циклус на возење, кој подобро ги отсликува денешните профили на возење. Освен тоа, вредностите за потрошувачката мора специфично да се наведат за секое возило. Тоа значи: при утврдување на вредностите за сертифицирање се земаат предвид масата, отпорноста на воздухот и при тркалање, како и дополнителната опрема.

Сепак, WLTP не може да испорача „индивидуални“ вредности за потрошувачка. Останува стандарден циклус на тестирање, кој не може да ја отслика личната потрошувачка на секој возач. Вистинската потрошувачка на Вашето возило на пат значително зависи од индивидуалниот начин на возење, типот на маршрутата, густината на сообраќајот, товарот на возилото и надворешните околности, како што се температурите. Ова не може да се репродуцира со стандардна постапка за тестирање во сооднос еден на еден.