Паметно возење, за заштеда на гориво.

Подобрување на ефикасноста преку начинот на возење.

Со Вашиот личен стил на возење можете значително да ја намалите потрошувачката на гориво на Вашето возило – и со тоа и загадувањето на животната средина.

Еве неколку совети за возење кое штеди гориво:

  • Возете внимателно и избегнувајте - ако е можно - силно забрзување и сопирање: ова исто така може да спречи настанување на сообраќаен метеж.
  • Избегнувајте ладни стартувања и возење на кратки растојанија, бидејќи на почетокот на патувањето, на моторот му треба најмногу гориво.
  • Менувајте ги брзините порано од помала во поголема брзина и подоцна од поголема во помала, или кај автоматски менувачи одберете ја програмата за возење „ECO“.
  • Внимавајте на притисокот во гумите, бидејќи пренизок притисок ја зголемува потрошувачката на гориво.
  • Олеснете му на Вашиот клима уред, на пример, со возење со отворени прозорци во топли денови и за тој начин да ја намалите внатрешната температура.
  • Ослободете се од непотребниот товар, затоа што секој килограм што го носите во Вашиот товарен простор чини дополнително гориво.

Ако сакате да дознаете повеќе за возењето со заштеда на гориво, можете да учествувате на една од нашите еко-обуки.