Влијание за клиентите.

Унифицирана сертификација, различно оданочување.

Влијание на данокот за автомобили.

Во многу земји-членки од Европската Унија емисијата на CO2 на едно возило е исто така и основа за оданочување – ова е надлежност на националните власти. Меѓутоа, во повеќето европски земји со оданочување во однос на CO2, не постојат обврзувачки одлуки за тоа како да се оданочуваат возила сертифицирани со WLTP. Во принцип сите земји-членки на ЕУ мора да го сменат оданочувањето до 01.01.2021.

Се очекува емисиите на CO2 да бидат повисоки по WLTP-постапката отколку по NEDC-постапката. Ако формулата за оданочување не се промени соодветно, тоа води кон повисок данок на возилото.  

Оптимизирана потрошувачка од почетокот.

Контрола на потрошувачката преку CO2-конфигуратор.

Со новата WLTP-постапка за сертифицирање можете да започнете со заштеда на гориво уште при конфигурирањето на возилото. Впрочем, Mercedes-Benz Vans транспарентно ги покажува специфичните вредности на емисија на CO2 за секое поединечно возило. Сега знаете како опремата на возилото ќе влијае врз потрошувачката на гориво кога ќе конфигурирате некое возило.

Тежината на возилото се намалува со помош на компоненти со оптимирана тежина, како на пример задна осовина од пластика зајакната со стаклени влакна кај Sprinter, која ја намалува тежината на возилото за околу 12 kg. Отпорноста на воздухот ќе ја оптимирате со помош на што е можно позатворен дизајн на тркалата, како и преку аеродинамични компоненти или облоги на подвозјето. И отпорноста при тркалање се намалува на пример со соодветно оптимирани гуми. На тој начин не само што ќе можете да го опремите Вашето возило според желбите во однос на функционалноста и комфорот, туку исто така и за целта да се намали потрошувачката на гориво.