Задоволува сѐ што е потребно за секојдневието: Citan патничко комбе за приватни потреби.

Citan патничко комбе: Повеќе простор. Повеќе забава. Повеќе искуство.

Конфигуратор

Citan патничко комбе: Тој знае што е важно во животот.

Секојдневниот живот и слободното време се исполнети со најразлични активности - Citan патничкото комбе има паметно решение за тоа: до 7 седишта, 2 должини на каросерија, варијабилен просторен концепт и индивидуални опции за опрема.

Потрошувачката од 4,3 l/100 km и BlueEFFICIENCY технологијата го штедат Вашиот буџет и ја чуваат околината. Долгите сервисни интервали до 30.000 km покажуваат колку е штедлив и сигурен. И за да бидете безбедни на пат, го опремивме Citan возилото со ADAPTIVE ESP® со корисни дополнителни функции, диск сопирачки за сите тркала и до 6 воздушни перничиња.

Благодарение на удобните седишта, фино прилагоденото подвозје со независна суспензија, како и опцискиот менувач со двојна спојка 6G-DCT Citan возилото овозможува удобно и агилно возење. Неговата флексибилност исто така е препознатлива, на пример со двете индивидуални седишта во 2. ред на задните седишта, што го прави возило за 7 лица. Или со потпирачите за грб во задниот дел што се преклопуваат, со коишто веднаш може да се направи голем товарен простор.

Citan возилото има сѐ што очекувате од компактно комбе со Mercedes ѕвезда. Откријте ги неговите предности со тест возење. Mercedes-Benz комбиња. Born to run.

Главни карактеристики.

  1. Комфор
  2. Уживање во возењето
  3. Економичност
  4. Флексибилност
  5. Безбедност
Тој знае што е важно.

Пријателскиот ентериер ги комбинира пријатното и корисното: функционалноста и удобноста воодушевуваат од пријатно високата седечка положба при возење до ниските прагови на вратата, што го олеснуваат влегувањето.

Удобното возачко седиште со странична потпора за грбот е изработено од лесен материјал, издржливо и може рачно да се прилагоди според Вашите потреби, како и управувачот кој може да се подеси во висина. Сите контролни елементи се прегледно организирани и лесни за користење. Инструменталната табла која лесно се чита дополнително ја подобрува внатрешноста. Стандардниот систем за греење и вентилација, како и опционалните електрични прозорци во лизгачките врати придонесуваат за пријатна средина.

Концептот за практично складирање нуди многу функционален, лесно достапен простор за складирање: касетата со капацитет до 8,5 l, стандардната преграда над предното стакло до 12,6 l, во преградите на вратите има до 2 х 4,1 l и под и во преградата кај потпирачот за рака има достапно 8,9 l за складирање.

Уште попривлечен е внатрешниот простор со дополнителен пакет кој може да се нарача по желба: Пакет Хромиран ентериер, Дизајнерски пакет Хромиран ентериер или Дизајнерски пакет Ентериер во боја.

Забавата започнува во движење.

Citan возилото е вистинско уживање при возењето: во тесниот градски сообраќај имате корист од неговото компактно маневрирање, а на регионални патишта или на автопат можете целосно да уживате во неговата влечна сила.

Еден од дизел моторите со силен вртежен момент од 55 kW1 (75 PS), 66 kW2 (90 PS) и 81 kW3 (110 PS) или модерен бензински мотор со 84 kW4 (114 PS) сигурно одговара на Вашите желби. Иновативната BlueEFFICIENCY технологија5 ја намалува потрошувачката и со тоа го штеди Вашиот буџет. Во зависност од моторот, рачниот менувач со 5 одн. 6 брзини ефикасно ја претвора движечката сила во погон. Опционално достапниот менувач со двојна спојка 6G-DCT6 ги комбинира предностите на динамика на возење на рачен менувач со практичноста на автоматски менувач.

Сите технички компоненти се прецизно усогласени една со друга – од серво управувачот, преку дизајнот на подвозјето со независна амортизација со пружини и амортизери, па сѐ до сите диск сопирачки на предната и задната осовина. Така можете секогаш опуштено да уживате во агилноста на Citan.

Неговата ефикасност се исплати. Краткорочно и долгорочно.

За брендот Mercedes-Benz обврска е одговорно и одржливо да ја креира иднината на мобилноста, исто така и со Citan. Особено во градот сообраќај, Citan претставува пример за ова. Благодарение на модерните мотори и иновативната BlueEFFICIENCY технологија5 емисијата на CO2 и потрошувачката се на ниско ниво. На тој начин Citan претставува водечки пример со 4,3 l/100 km1.

Исто така и за Вашиот буџет, Citan возилото претставува придобивка. Од една страна, поради атрактивните цени, а од друга страна поради ниските трошоци за одржување, како резултат на ефикасната потрошувачка на гориво и интервали за одржување до 40.000 km.

Современи мотори, електричен серво управувач и индикатор за менување на степени на пренос се основа за економично возење. Со BlueEFFICIENCY пакетот5 дополнително се зголемува ефикасноста на Вашето возило.

Подготвено за каков било предизвик.

Citan воодушевува на сите места. Со вкупен број до 7 удобни седишта7 и доволно простор за складирање на багажот тој ги исполнува најдобрите услови за удобно и безбедно возење – без разлика дали за целата фамилија или за големо купување во хипермаркети.

На удобните седишта со странична потпора за грбот, како и со лесниот и издржлив материјал се чувствувате онака како што се очекува од Mercedes-Benz комбе: величествено. Висококвалитетниот и функционален ентериер со многу практични прегради за складирање ги прави и подолгите патувања опуштени. И опционално достапниот панорамски покрив со 2 прозорци на кипање му дава на ентериерот особено пријатен, светол амбиент. Покрај одличната удобност при возењето, Citan импресионира со безбедносни ремени со подесување на три висини со ограничување на силата на ременот на секое седиште.

Полн погодок во однос на безбедноста.

Исто така во однос на безбедноста, Citan возилото претставува лидер: со ADAPTIVE ESP®, помошта за сопирање и ABS системот за сопирање, како и сите диск сопирачки на предната и задната осовина тој импресионира на кратки растојанија за сопирање - дури и во влажни услови. Подвозјето со независна амортизација одржува сигурен контакт со патот. Ако некогаш се најдете на снег, кал или песок, можете да ја исклучите ASR контролата на пролизгување.

Кога е важно, безбедносните ремени со подесување на три висини со затегнувачи и ограничувачи на силата на ременот Ви даваат многу добра поддршка на грбот. При ненадејно сопирање автоматски се активираат трепкачите.

Стандардно Citan возилото е опремено со дневни светла, помош при движење на нагорнина и до 6 воздушни перничиња. Воздушното перниче за возачот, воздушното перниче за совозачот8, како и воздушните перничиња на прозорците8 и воздушните перничиња за градниот кош8 9можат да го намалат ризикот од повреди при несреќи. Типови на помош достапни на барање се сензорот за светлина и дожд, системот за следење на притисокот во гумите8 и камерата за движење наназад, којашто го прикажува делот зад возилото на ретровизорот.

И покрај големата привлечност на Citan возилото, со опционалниот систем против провала и кражба10 можете да бидете сигурни дека Вашето возило нема да падне во погрешни раце.

1

Citan патничко комбе 108 CDI со BlueEFFICIENCY пакет во комбинација со 5-брзински рачен менувач и регистрација на автомобил (M1). Потрошувачка на гориво во град/на автопат/комбинирано: 5,2–4,7/4,5–4,2/4,7–4,3 l/100 km; комбинирани емисии на CO2: 123–112 g/km [*]; класа на ефикасност: B–A. Реалните вредности на потрошувачка м.д. зависат од тежината на возилото и од избраната опрема.

2

Citan патничко комбе 109 CDI со BlueEFFICIENCY пакет во комбинација со 5-брзински рачен менувач и регистрација на автомобил (M1). Потрошувачка на гориво во град/на автопат/комбинирано: 5,2–4,7/4,5–4,2/4,7–4,3 l/100 km; комбинирани емисии на CO2: 123–112 g/km [*]; класа на ефикасност: B–A. Реалните вредности на потрошувачка м.д. зависат од тежината на возилото и од избраната опрема.

3

Citan патничко комбе 111 CDI со BlueEFFICIENCY пакет во комбинација со 6-брзински рачен менувач и регистрација на автомобил (M1). Потрошувачка на гориво во град/на автопат/комбинирано: 4,9–4,8/4,3–4,2/4,5–4,4 l/100 km; комбинирани емисии на CO2: 119–115 g/km [*]; класа на ефикасност: A. Реалните вредности на потрошувачка м.д. зависат од тежината на возилото и од избраната опрема.

4

Citan патничко комбе 112 со BlueEFFICIENCY пакет во комбинација со 6-брзински рачен менувач и регистрација на автомобил (M1). Потрошувачка на гориво во град/на автопат/комбинирано: 7,4–7,3/5,8–5,6/6,4–6,2 l/100 km; комбинирани емисии на CO2: 143–140 g/km [*]; класа на ефикасност: C. Реалните вредности на потрошувачка м.д. зависат од тежината на возилото и од избраната опрема.

Citan патничко комбе 112 со BlueEFFICIENCY пакет во комбинација со 6-брзински рачен менувач и комерцијална регистрација на возило (N1). Потрошувачка на гориво во град/на автопат/комбинирано: 8,1–7,9/5,6–5,5/6,5–6,4 l/100 km; комбинирани емисии на CO2: 147–144 g/km [*]. Реалните вредности на потрошувачка м.д. зависат од тежината на возилото и од избраната опрема.

5

BlueEFFICIENCY пакетот припаѓа на стандардната опрема за сите мотори и должини, освен во комбинација со менувач со двојна спојка 6G-DCT.

6

Менувачот со двојна спојка 6G-DCT е опционален за Citan 112 [Citan патничко комбе 112 со BlueEFFICIENCY пакет во комбинација со 6-брзински рачен менувач и регистрација на автомобил (M1). Потрошувачка на гориво во град/на автопат/комбинирано: 7,4–7,3/5,8–5,6/6,4–6,2 l/100 km; комбинирани емисии на CO2: 143–140 g/km [*]. Класа на ефикасност: C] и за Citan 112 [Citan патничко комбе 112 без BlueEFFICIENCY пакет во комбинација со 6G-DCT и регистрација на автомобил (M1). Потрошувачка на гориво во град/на автопат/комбинирано: 8,1–7,9/5,6–5,5/6,5–6,4 l/100 km; комбинирани емисии на CO2: 147–144 g/km [*]. Класа на ефикасност: C] достапно. Реалните вредности на потрошувачка м.д. зависат од тежината на возилото и од избраната опрема.

7

Достапно само за Citan патничко комбе 111 CDI [Citan патничко комбе 111 CDI со BlueEFFICIENCY пакет во комбинација со 6-брзински рачен менувач и регистрација на автомобил (M1). Потрошувачка на гориво во град/на автопат/комбинирано: 4,9–4,8/4,3–4,2/4,5–4,4 l/100 km; комбинирани емисии на CO2: 119–115 g/km; класа на ефикасност: A. Реалните вредности на потрошувачка м.д. зависат од тежината на возилото и од избраната опрема.][*] екстра долго со регистрација на автомобил (M1).

8

Стандардна опрема кај Citan патничко комбе со регистрација на автомобил (M1), специјална опрема со комерцијална регистрација на возило (N1).

9

Достапно за совозачот и само во комбинација со воздушни перничиња за градниот кош за возачот и совозачот.

10

Достапно само за Citan патничко комбе со комерцијална регистрација на возило (N1).

Агилно возење за седуммина.

Удобно патничко возило за сите кои имаат големи планови.

Citan патничкото комбе е удобно мало комбе за транспорт со 7 седишта. Покрај возачкото и совозачкото седиште, како и клупата за седење со 3 седишта во задниот дел, во екстра долгата варијанта на Citan патничкото комбе може дополнително да се вградат 2 индивидуални седишта во 2. ред на задните седишта. Дополнително, во Citan патничкото возило со неговите практични можности за складирање се постигнува капацитет до 77 l.

Удобност за седење на Mercedes-Benz – и во патничкиот простор.

Удобни седишта до 7 лица.

Во патничкиот простор на Citan патничкото комбе можете да се возите удобно: клупите за седење со 3 седишта импресионираат, достапни со 3 потпирачи за глава кои може да се прилагодат во висина и со безбедносни ремени, со прилагодување на три висини за сите седишта. Ако е потребен поголем товарен простор за транспорт на поголеми предмети, клупата може да се преклопи на 1/3 и 2/3. На тој начин Citan патничкото комбе се менува со своите флексибилни опции за товарење.

Во екстра долгата варијанта на Citan патничкото комбе ќе најдете место дури за 7 лица. Двете индивидуални седишта лево и десно во 2. ред на задните седишта во патничкиот простор спаѓаат во стандардната опрема. Тие може да се поместат по должина до 13 cm, имаат потпирачи за глава што може да се прилагодат по висина и исто така имаат безбедносни ремени со прилагодување на три висини. Потпирачите за грб може да се преклопат, а исто така и целото седиште може да се поместува и да се извади ако е потребен дополнителен товарен простор.

Дополнителна опрема за внатрешност на возилото.

Атрактивна дополнителна опрема.

Citan патничко комбе, дизајнерски пакет Ентериер во боја

Дизајнерски пакет Ентериер во боја

Citan патничко комбе, дизајнерски пакет Хромиран ентериер

Дизајнерски пакет Хромиран ентериер

Citan патничко комбе, пакет Црвено декоративно порабување во ентериер

Пакет Црвено декоративно порабување во ентериер

* Наведените вредности се одредуваат според пропишаната мерна постапка. Се работи за „измерените NEFZ- CO2 - вредности“ во однос на чл. 2 бр. 2 од Регулативата за спроведување (ЕУ) 2017/1152 одн. (ЕУ) 2017/1153. Вредностите за потрошувачка на гориво се пресметуваат врз основа на овие вредности. Поради законските промени на релевантните методи на тестирање, може да се внесат повисоки вредности во сертификатот за сообразност на возилото релевантен за регистрација на возилото и ев. данокот за моторно возило. Податоците не се однесуваат на едно одделно возило и не се составен дел од понудата, туку служат само за споредба на различни типови на возила.

Дополнителни информации за официјалната потрошувачка на гориво и за официјалните специфични емисии на CO2 за новите патнички автомобили може да се најдат во „Прирачник за потрошувачка на гориво, емисии на CO2 и потрошувачка на струја за новите патнички автомобили“, кој е бесплатно достапен во сите продажни места и кај DAT Deutsche Automobil Treuhand GmbH (www.dat.de).