Мотор OM607

Под капакот на моторот: технички податоци, димензии и тежини на Citan товарното комбе.

Димензии и тежини.

Должина на каросерија
Дозволена вкупна тежина (двт)

Динамика на возењето и економичност. За континуирано уживање во возењето.

Моќен и економичен во потрошувачката.

Понудата на мотори за Citan се состои од 4-цилиндричен бензински мотор и со 4-цилиндричен дизел мотор со 3 варијанти на изведба. 4-те мотори се одликуваат со моќна крива на вртежниот момент и се опремени со BlueEFFICIENCY технологија што ја намалува потрошувачката. Варијантата од 55-kW1 [Citan товарно комбе 108 CDI со BlueEFFICIENCY пакет во комбинација со 5-брзински рачен менувач и комерцијална регистрација на возило (N1). комбинирана потрошувачка на гориво: 4,6–4,3 l/100 km; комбинирани емисии на CO2: 119–112 g/km.] [*] се истакнува со примерни вредности за потрошувачка во споредбата од овој сегмент. Ниската потрошувачка на гориво исто така има позитивен ефект врз опсегот: при полн резервоар со гориво од 60 l, дизел моторите - во зависност од примената и начинот на возење - можат да достигнат до 1000 km, а бензинскиот мотор до 800 km до следната бензинска станица.

1

Citan товарното комбе 108 CDI со BlueEFFICIENCY пакет во комбинација со 5-брзински рачен менувач и комерцијална регистрација на возило (N1). Потрошувачка на гориво во град/на автопат/комбинирано: 5,0–4,7/4,4–4,2/4,6–4,3 l/100 km; комбинирани емисии на CO2: 119–112 g/km [*]. Реалните вредности на потрошувачка м.д. зависат од тежината на возилото и од избраната опрема.

Мотори и потрошувачка на гориво.

Тип на возило
* Наведените вредности се одредуваат според пропишаната мерна постапка. Се работи за „измерените NEFZ-CO₂-вредности“ во однос на чл. 2 бр. 2 од Регулативата за спроведување (ЕУ) 2017/1152. Вредностите за потрошувачка на гориво се пресметуваат врз основа на овие вредности. Поради законските промени на релевантните методи на тестирање, може да се внесат повисоки вредности во сертификатот за сообразност на возилото релевантен за регистрација на возилото и ев. данокот за моторно возило. Податоците не се однесуваат на едно одделно возило и не се составен дел од понудата, туку служат само за споредба на различни типови на возила.