Многу простор за сѐ и секого: Citan Mixto.

Citan Mixto: Од специјалисти. За специјалисти.

Citan Mixto: градски херој.

Со Citan Ви нудиме градско доставно возило со компактни димензии и голем товарен простор, што совршено одговара на различните предизвици на градот.

Од економска гледна точка, Citan возилото е дефинитивно полн погодок: неговите ефикасни мотори со BlueEFFICIENCY технологија и потрошувачка од 4,3 l/100 km, долги сервисни интервали како и атрактивните услови и услуги чинат заштеди во Вашиот буџет. И за да бидете сигурни дека ќе стигнете безбедно, Citan возилото е опремено со ADAPTIVE ESP® со корисни дополнителни функции, диск сопирачки за сите тркала и до 6 воздушни перничиња.

Благодарение на удобните седишта, фино прилагоденото подвозје со независна суспензија, како и опцискиот менувач со двојна спојка 6G-DCT Citan возилото овозможува удобно и агилно возење. Неговата флексибилност е одлична, на пример со двете индивидуални седишта во 2. ред на задните седишта, што го прави возило за 7 лица, или со потпирачите за грб во задниот дел што се преклопуваат, со коишто веднаш може да се направи голем товарен простор.

Citan возилото има сѐ што очекувате од компактно комбе со Mercedes ѕвезда. Откријте ги неговите предности со тест возење. Mercedes-Benz комбиња. Born to run.

Главни карактеристики.

  1. Комфор
  2. Уживање во возењето
  3. Економичност
  4. Флексибилност
  5. Безбедност
Citan Mixto: Тој знае што е важно.

Citan возилото го поврзува удобното со корисното: Во неговиот пријателски ентериер може многу добро да се работи. Функционалноста и удобноста воодушевуваат при влегувањето и излегувањето од секој аспект - од пријатно високата седечка положба при возење до ниските прагови на вратата и товарниот простор, што го олеснуваат товарењето.

Удобното возачко седиште со странична потпора за грбот е изработено од лесен материјал, издржливо и може рачно да се прилагоди според потребите на возачот, како и управувачот кој може да се подеси во висина. Сите контролни елементи се прегледно организирани и лесни за користење. Инструменталната табла која лесно се чита дополнително ја подобрува внатрешноста. Стандардниот систем за греење и вентилација, како и практичниот концепт за складирање придонесуваат за пријатна работна средина.

Citan Mixto: Работата мора исто така да претставува и уживање во возењето.

Предностите на Citan придонесуваат во секоја работа: во тесниот градски сообраќај имате корист од неговото компактно маневрирање, а на регионални патишта или на автопат можете целосно да уживате во неговата влечна сила.
Еден од дизел моторите со силен вртежен момент од 55 kW1 (75 PS), 66 kW2 (90 PS) и 81 kW3(110 PS) или модерен бензински мотор со 84 kW4 (114 PS) сигурно одговара на Вашите барања. Иновативната BlueEFFICIENCY технологија5 ја намалува потрошувачката и може да ја зголеми економичноста на Вашата компанија. Во зависност од моторот, рачниот менувач со 5 одн. 6 брзини ефикасно ја претвора движечката сила во погон. Опционално достапниот менувач со двојна спојка 6G-DCT6 ги комбинира предностите на динамика на возење на рачен менувач со практичноста на автоматски менувач.
Сите технички компоненти се прецизно усогласени една со друга – од серво управувачот, преку дизајнот на подвозјето со независна амортизација со пружини и амортизери, па сѐ до сопирачките на сите тркала со добра контрола. Така можете секогаш опуштено да уживате во агилноста на Citan.

Citan Mixto: Неговото користење се исплати. Краткорочно и долгорочно.

За брендот Mercedes-Benz обврска е одговорно и одржливо да ја креира иднината на мобилноста, исто така и со Citan. Особено во градот сообраќај, Citan претставува пример за ова. Благодарение на модерните мотори и иновативната BlueEFFICIENCY технологија5 емисијата на CO2 и потрошувачката се на ниско ниво. На тој начин Citan претставува водечки пример со 4,3 l/100 km1.
Исто така и економски гледано, Citan возилото претставува придобивка. Од една страна, поради атрактивните цени, а од друга страна поради ниските оперативни трошоци, како резултат на ефикасната потрошувачка на гориво и сервисни интервали до 40.000 km.

Најдобрата можна достапност е исто толку важна за Вас како и за Mercedes-Benz комбињата. Ние го потенцираме ова со доживотната гаранција за мобилност Mercedes-Benz MobiloVan7, 8. Со тоа Citan дава важен придонес за долгорочната и одржлива профитабилност. Возење и уживање.

Современи мотори, електричен серво управувач и индикатор за менување на степени на пренос се основа за економично возење. Со BlueEFFICIENCY пакетот5 дополнително се зголемува ефикасноста на Вашето возило.

Citan Mixto: Подготвено за каков било предизвик.

Citan возилото се справува во секојдневието со импресивна флексибилност. Тој не може да ве ослободи од работата, но значително ја олеснува, без оглед на Вашата дејност. Нема да сакате да го пропуштите неговиот интелигентен концепт на товарен простор со низок праг. Лесното товарење и растоварување е исто така негова предност, како и флексибилното користење на неговиот висок капацитет за транспорт: до 2 лизгачки врати и двокрилни задни врати со агол на отворање до 180 ° овозможуваат одличен пристап.

Citan Mixto: полн погодок во однос на безбедноста.

Исто така во однос на безбедноста, Citan возилото претставува лидер: со ADAPTIVE ESP®, помошта за сопирање и ABS системот за сопирање тој импресионира на кратки растојанија за сопирање - дури и во влажни услови. Подвозјето со независна амортизација одржува сигурен контакт со патот. Ако некогаш се најдете на снег, кал или песок, можете да ја исклучите ASR контролата на пролизгување.

Кога е важно, безбедносните ремени со подесување на три висини со затегнувачи и ограничувачи на силата на ременот Ви даваат многу добра поддршка на грбот. При ненадејно сопирање автоматски се активираат трепкачите.

Стандардно, Citan возилото е опремено со воздушно перниче за возачот, дневни светла и помош при движење на нагорнина. Опциите за воздушно перниче за совозачот и воздушни перничиња за градниот кош9 може значително да го намалат ризикот од повреди при несреќи. Поради тоа, помошта како сензор за светлина и дожд, систем за следење на притисокот во гумите и камера за движење наназад, којашто го прикажува делот зад возилото на ретровизорот, е достапна на барање.

И покрај големата привлечност на Citan возилото, со опционалниот систем против провала и кражба можете да бидете сигурни дека Вашето возило нема да падне во погрешни раце.

1

Citan товарното комбе 108 CDI со BlueEFFICIENCY пакет во комбинација со 5-брзински рачен менувач и комерцијална регистрација на возило (N1). Потрошувачка на гориво во град/на автопат/комбинирано: 5,0–4,7/4,4–4,2/4,6–4,3 l/100 km; комбинирани емисии на CO2: 119–112 g/km [*]. Реалните вредности на потрошувачка м.д. зависат од тежината на возилото и од избраната опрема.

2

Citan товарно комбе 109 CDI и Citan Mixto 109 CDI со BlueEFFICIENCY пакет во комбинација со 5-брзински рачен менувач и комерцијална регистрација на возило (N1). Потрошувачка на гориво во град/на автопат/комбинирано: 5,2–4,7/4,5–4,2/4,7–4,3 l/100 km; комбинирани емисии на CO2: 123–112 g/km [*]. Реалните вредности на потрошувачка м.д. зависат од тежината на возилото и од избраната опрема.

3

Citan товарно комбе 111 CDI и Citan Mixto 111 CDI со BlueEFFICIENCY пакет во комбинација со 6-брзински рачен менувач и комерцијална регистрација на возило (N1). Потрошувачка на гориво во град/на автопат/комбинирано: 4,9–4,8/4,3–4,2/4,5–4,4 l/100 km; комбинирани емисии на CO2: 119–115 g/km [*]. Реалните вредности на потрошувачка м.д. зависат од тежината на возилото и од избраната опрема.

4

Citan товарно комбе 112 со BlueEFFICIENCY пакет во комбинација со 6-брзински рачен менувач и комерцијална регистрација на возило (N1). Потрошувачка на гориво во град/на автопат/комбинирано: 7,4–7,3/5,8–5,6/6,4–6,2 l/100 km; комбинирани емисии на CO2: 143–140 g/km [*]. Реалните вредности на потрошувачка м.д. зависат од тежината на возилото и од избраната опрема.

Citan товарно комбе 112 без BlueEFFICIENCY пакет во комбинација со 6G-DCT и комерцијална регистрација на возило (N1). Потрошувачка на гориво во град/на автопат/комбинирано: 8,1–7,9/5,6–5,5/6,5–6,4 l/100 km; комбинирани емисии на CO2: 147–144 g/km [*]. Реалните вредности на потрошувачка м.д. зависат од тежината на возилото и од избраната опрема.

5

BlueEFFICIENCY пакетот припаѓа на стандардната опрема за сите мотори и должини, освен во комбинација со менувач со двојна спојка 6G-DCT.

6

Менувачот со двојна спојка 6G-DCT е опционален за Citan 112 [Citan товарно комбе 112 без BlueEFFICIENCY пакет во комбинација со 6G-DCT и комерцијална регистрација на возило (N1). Потрошувачка на гориво во град/на автопат/комбинирано: 8,1–7,9/5,6–5,5/6,5–6,4 l/100 km; комбинирани емисии на CO2: 147–144 g/km] [*] достапно. Реалните вредности на потрошувачка м.д. зависат од тежината на возилото и од избраната опрема. Не е достапно за Citan Mixto.

7

Максимално до 30 години при редовен сервис кај овластен Mercedes-Benz сервисен партнер.

8

Важи за возила со прва регистрација од 01.10.2012.

9

Достапно за совозачот и само во комбинација со воздушни перничиња за градниот кош за возачот и совозачот.

Луѓето и товарот треба да се во сигурни раце.

Mixto со флексибилен концепт на патнички и товарен простор.

Citan Mixto нуди место до 5 лица и добар простор за товарење. Достапен е само во екстра долга варијанта (A3). Застаклувањето зад 1. ред на задни седишта во патничкиот простор е исто така дел од опремата како и двете лизгачки врати, кои овозможуваат лесен пристап до клупата со 3 седишта. Таа може да се преклопи на 1/3 и 2/3 и со тоа да се зголеми товарниот простор доколку е потребно. Како и со другите серии на товарни возила, Mixto се избира со код и не претставува посебен модел.

Многу безбедност и во товарниот простор.

Флексибилни можности за осигурување на товарот.

Дури и најбезбедниот можен транспорт на товарот е дел од сеопфатниот концепт за безбедност за градското доставно возило на Mercedes-Benz. Поради тоа Citan Mixto нуди најдобри услови за прописно обезбедување на товарот, како и најдобра можна заштита на возачот и совозачот од товарот.

Следните карактеристики служат за обезбедување на безбедноста на товарот:

  • 8-те алки за затегнување на подот, можат да спречат лизгање со правилно затегнување на товарот
  • Заштитната решетка за товар е прицврстена на C-столбот, го одвојува возачот од товарниот простор, опционално
  • Задната клупа за седење FOLD & LOAD со заштитна решетка за товар овозможува конверзија на клупата со 3 седишта во преграден ѕид со решетка преку
  • Алки за врзување на страничниот ѕид, во зависност од бројот на лизгачки врати со 2 или 3 куки, опционално

Удобност за седење на Mercedes-Benz – и во патничкиот простор.

Удобно патување за петмина.

Во патничкиот простор на Citan Mixto можете да се возите удобно: клупите за седење со 3 седишта импресионираат со 3 потпирачи за глава кои може да се прилагодат во висина и со безбедносни ремени со прилагодување на три висини за сите седишта. Ако е потребен поголем товарен простор за транспорт на поголеми предмети, клупата може да се преклопи на 1/3 и 2/3. На тој начин Mixto се менува со своите флексибилни опции за товарење како возило со 2 или со 5 седишта.

На барање, достапна е клупата со 3 седишта со интегрирана заштитна решетка за товар. Благодарение на практичниот систем за брзо менување, клупата може да се конвертира во преграден ѕид со решетка со само неколку едноставни чекори. Со тоа се зголемува товарниот простор и заштитната решетка за товар ги штити возачот и совозачот од товарот.

Подготвен за каков било предизвик.

Citan возилото се справува во секојдневието со импресивна флексибилност. Тој не може да ве ослободи од работата, но значително ја олеснува, без оглед на Вашата дејност. Нема да сакате да го пропуштите неговиот интелигентен концепт на товарен простор со низок праг. Лесното товарење и растоварување е исто така негова предност, како и флексибилното користење на неговиот висок капацитет за транспорт: до 2 лизгачки врати и двокрилни задни врати со агол на отворање до 180° овозможуваат одличен пристап.

Citan Mixto, задна клупа за седење FOLD & LOAD со заштитна решетка за товар

Задна клупа за седење FOLD & LOAD со заштитна решетка за товар

Citan Mixto, алки за затегнување на страничниот ѕид

Алки за затегнување на страничниот ѕид

Citan Mixto, пластичен под на товарниот простор

Пластичен под на товарниот простор

* Наведените вредности се одредуваат според пропишаната мерна постапка. Се работи за „измерените NEFZ-CO2-вредности“ во однос на чл. 2 бр. 2 од Регулативата за спроведување (ЕУ) 2017/1152. Вредностите за потрошувачка на гориво се пресметуваат врз основа на овие вредности. Поради законските промени на релевантните методи на тестирање, може да се внесат повисоки вредности во сертификатот за сообразност на возилото релевантен за регистрација на возилото и ев. данокот за моторно возило. Податоците не се однесуваат на едно одделно возило и не се составен дел од понудата, туку служат само за споредба на различни типови на возила.