GLC Купе.

Модел на новата генерација: SUV и Купе.

Дизајн.

Ништо не е толку возбудливо отколку искуството да се види како се спојуваат контрастите. Мускули и префинетост. Динамичност и функционалност. Теренско возило и купе. Од извонредните карактерни особини на два автомобилски света произлегува нешто ново:  современ, “кул момче”.

Mercedes-Benz Intelligent Drive.

Дали сте заглавени во сообраќај, или сте на долго ноќно возење или се движите по непознат пат – Вашето CLS Купе е тука да Ве опушти, особено во стресни ситуации. Ова е концептот кој го прави секое Ваше патување во Mercedes-Benz,  безбедно и единствено: Mercedes-Benz Intelligent Drive. Бидејќи времето поминато зад управувачот е Ваше време. Време за релаксација. Време за обновување на Вашата енергија. Сето тоа со една цел, да пристигнете безбедно на посакуваната дестинација, а притоа да бидете целосно опуштени.

Удобност.

Откријте поголема просторност и флексибилност отколку во спортско купе: влезете полесно, уживајте во високата позиција на седење, гледајте подалеку – надополнето со огромен багажен простор. Кое друго средно, теренско купе се одделува со толку многу простор и нуди вистинско уживање?

Симнете каталог

За повеќе информации за GLC Купе, симнете каталог.