Mercedes-Benz

Новиот GLC.

Најдинамичниот модел меѓу SUV моделите на Mercedes-Benz

Модерен, спортски, луксузен, се главните карактеристики на новиот GLC, најдинамичниот SUV модел на Mercedes-Benz.

 Исто така, возилото импресионира со неговите возни перформанси и ефикасност. GLC е достапен само како хибрид: plug-in хибрид или како т.н. мек хибрид со интегриран стартер-генератор.

Plug-in хибридите нудат опсег на движење од повеќе од 100 километри (WLTP) - совршено за секојдневно возење на електричен погон.

Внатрешност: Модерен, спортски луксуз

LCD екранот со висока резолуција и големина од 12,3 инчи (31,2 cm) поставен пред возачот изгледа како слободно да лебди. Централниот дисплеј е со големина од 11,9 инчи (30,2 см). Како и инструмент-таблата, површината на екранот е малку наклонета кон возачот.

Авангардниот дизајн на седиштата на новиот GLC привлекуваат особено внимание со своите детали и материјалот на изработка, а потпирачите за глава се целосно редизајнирани.

Новиот GLC е исто така достапен со контролна табла обложена со кожа. 

Клучните димензии на новиот GLC го нагласуваат уште подинамичниот и помоќен изглед на теренецот. Со должина од 4.716 mm, тој е за 60 mm подолг. Поголемата должина на возилото значи и зголемено меѓуоскиното растојание.

Капацитетот на багажот е значително зголемен на 620 литри (+70 литри во споредба со претходниот модел). Ова е забележливо при секојдневно возење, како и за време на подолги патувања.

Подобрена аеродинамика: Cd = 0,29

Неговата аеродинамички најповолна конфигурација овозможува минимален коефициент на отпор, кој изнесува Cd = 0,29 и го прави да биде уште подобар во однос на неговиот претходник (Cd = 0,31).

 Подобрувања во многу детали

ENERGIZING COACH предлага соодветна фитнес или велнес програма заснована на податоците за возилото и патувањето. Исто така, ги вклучува и информациите кои се однесуваат на квалитетот на спиењето и нивото на стрес.

Пакетот AIR-BALANCE е исто така дел од ENERGIZING пакетот Plus. Тој нуди индивидуално, суптилно искуство на мирис во внатрешноста – според личните преференци и во зависност од расположението. Благодарение на освежувачката јонизација и филтрирање на надворешниот и внатрешниот воздух, се обезбедува подобрен квалитет на воздухот. 

Мотори

Новиот GLC е достапен само како хибрид: односно како plug-in хибрид или како мек хибрид со интегриран стартер-генератор. Палетата на избор на мотори на почетокот содржи четирицилиндрични агрегати, од кои четири од овие мотори се т.н. меки хибриди кои добиваат интелигентна поддршка во опсегот на ниски вртежи од интегриран стартер-генератор од втората генерација (ISG). Три дополнителни варијанти на мотори се целосно хибридни, со дополнителна електрична моќност од 100 kW и електричен опсег од повеќе од 100 километри.

Системот вклучува електричен систем кој овозможува функции како што се засилување или помагање на погонот, а со тоа се обезбедува значителна заштеда на гориво. Покрај тоа, моторите стартуваат многу брзо и удобно со помош на стартер-генератор системот (ISG), така што функцијата старт-стоп е речиси незабележлива за возачот, како и преминот на моторот од мирување до максимална моќност.

Моделот GLC ја доби четвртата генерација plug-in хибриден погон. Со електрична моќност од 100 kW, вртежен момент од 440 Nm и целосно електричен досег од повеќе од 100 километри (WLTP), секојдневните релации на возење главно може да се управуваат целосно електрично.

Off-road со GLC

Plug-in моделите на GLC нудат целосно електрично оff-road возење. 

Има многу предности, бидејќи целосниот вртежен момент на електричниот мотор од 440 Nm е достапен уште при првите вртежи на моторот, а неговата моќност мошне лесно се контролира во секое време.

 Во врска со off-road возењето, треба да се истакне дека екранот на возачот покажува колкав е наклонот, топографска надморска височина, гео-координати и компас, како и брзина на движење, а дополнително, централниот екран ја покажува, на пример, моменталната положба на возилото, како и аголот на управување на предните тркала и, доколку е достапно управување со задните тркала, насоката на управување на задните тркала.

 Инженерскиот пакет (опционално) со воздушното потпирање AIRMATIC, вклучувајќи контрола на нивото и управување на задната оска, исто така има свои предности во однос на удобноста, кога се движи надвор од патот. На тој начин, AIRMATIC овозможува висок клиренс без оглед на оптоварувањето, како и суспензија со најдобра можна тракција со патот при долги патувања.

Симнете каталог

За повеќе информации за GLC, симнете каталог.