Новата G-Class.
Посилен од времето.

Надворешност – исконски дизајн.
Уникатната „ДНК“ на G-Class се појави пред околу 40 години. Исконски карактеристики кои продолжуваат да го дефинираат неговиот уникатен изглед до ден денес. Неговиот функционален преден изглед го задржува својот карактер со децении. Јасни линии и големи, рамни површини го обликуваат страничниот поглед на G-Class. Карактеристични се двата големи прозорци во задниот дел и изложеното резервно тркало на задната врата.

Внатрешност - безграничен простор.
Целосно ревидираниот дизајн на внатрешноста поставува сосема нов стандард. Дизајн филозофијата и пропорциите во внатрешноста јасно го идентификуваат возилото како нова G-Class: самоуверено, силно, исконски. Новиот концепт за простор им нуди на сите патници во G-Class просторност и удобност за пример.

Недопирлив.

G-Class ги обединува спротивностите. Луксуз кој се комбинира со авантура и цврстина за врвна заштита. Внатре, висококвалитетните материјали привлекуваат со своето присуството и овозможуваат особено рафинирана атмосфера, и апсолутно безбедно и сигурно чувство. Новиот систем COMAND Online го поддржува возачот со дополнителни функции кои забележливо го отстрануваат напорот при секое патување. Осветлувањето на внатрешноста може да се направи со која било од 64-те комбинации на бои, а опцискиот Burmester® озвучување овозможува ново аудио доживување.
Симнете каталог
За повеќе информации за G-Class, симнете каталог.

Link
Повеќе деталиМодел | Зафатнина cm3 | МоќностkW/КС | Вртежен момент Nm | Комбинирана потрошувачка l/100 km | Забрзување 0-100 km/h | Макс.брзинаkm/h | Емисија CO2 g/km |
G 500 | 3982 V8 | 310/422 | 610 | 12.1-11.5 | 5.9 | 210 | 276-263 |
G 63 | 3982 V8 | 430/585 | 850 | 13,1 | 4.5 | 220 | 299 |