E-Класа Купе.

Ремек дело на интелигенцијата.

Новата E-Класа Купе. Следната икона.

Уште при прв поглед кон новото Е купе не може, а да не Ве магепса. Гран Туризмо по дефиниција. Со уникатна линија на покривот која незабележано преминува во атлетскиот, заден дел, се создава модерна естетика која го одзема здивот. Како магнет го привлекува Вашиот поглед.

Како магнет го привлекува Вашиот поглед.

Совршените пропорции и сензуалната чистина и даваат на новата Е – Класа купе статус на дизајнерски уникат. Поседува технолошки пакет кој претставува врв во напредната технологија. Префинетата дијамантска решетка и опциските MULTIBEAМ LED предни светла го осветлуваат патот далеку нанапред: ниту едно друго купе ни приближно не отсликува ваква комбинација на динамичност, удобност и безбедност на патот.

Контрасти – ги прават луѓето интересни, а купе возилата неодоливи.

 
Црно и бело претставува приближување на два екстреми. Во случајот на Е – Класа купе, тоа се препознатливиот дизајн, спортскиот карактер и ексклузивноста. Голем дел од компонентите кои што се составен дел од опцијата Night пакет се изработени во црна боја. Кога ќе се комбинираат со блескавата designo diamond white bright боја, тоа навистина изгледа спектакуларно.

Симнете каталог

За повеќе информации за E-Класа Купе, симнете каталог.