E-Класа Кабриолет.

Ремек дело на интелигенцијата.

Новата E-Класа Кабриолет. Откритие.

На овој модел на Mercedes потребни му се само 20 секунди за да Ве заведе. Точно толку време му е потребно на мекиот покрив, за да се отвори. Толку брзо Вие и Вашите сетила му се предавате на неизбежното. Во овој момент се што сакате да направите е да го споделите овој момент. Затоа новата Е-Класа Кабриолет нуди четири седишта со стандардна големина со многу слободен простор и удобност без конкуренција.

Префинета уметност.

Најдобриот начин да се објасни дизајнот на новата Е-Класа Кабриолет е да кажеме што изоставивме: прво, нема фиксен покрив – со што се добива возило со безвремен, елегантен изглед, а самата силуета има подолг и посветол дизајн. Каков поглед! Очите незапирливо се привлекуваат од долгите чисти површини со форми слични на скулптура. Со неверојатно сензуални и чисти линии.

Најдоброто за овој момент е што можете да го споделите

Новата Е-Класа Кабриолет е покана за четири возрасни лица: Искусете ја. Ексклузивните детали како што се вентилациските отвори, имаат изглед на турбини, додека опциските дрвени орнаменти – на пример, во светло кафен брест или црна боја – едноставно ги обзема патниците. Овој ефект на целосно опкружување креира единствено чуство на удобност.

Симнете каталог

За повеќе информации за E-Класа Кабриолет, симнете каталог.