CLS Купе.

Дизајн. Врвно осветлување.

Mercedes-Benz Intelligent Drive.

Дали сте заглавени во сообраќај, или сте на долго ноќно возење или се движите по непознат пат – Вашето CLS Купе е тука да Ве опушти, особено во стресни ситуации. Ова е концептот кој го прави секое Ваше патување во Mercedes-Benz,  безбедно и единствено: Mercedes-Benz Intelligent Drive. Бидејќи времето поминато зад управувачот е Ваше време. Време за релаксација. Време за обновување на Вашата енергија. Сето тоа со една цел, да пристигнете безбедно на посакуваната дестинација, а притоа да бидете целосно опуштени.

Донесете светлина во темнината.

MULTIBEAM LED системот брзо и прецизно ги прилагодува предните светла на моменталната ситуација на патот, без разлика дали се работи за свиок, возење на автопат или во услови на магла.

Иновативната технологија го овозможува најдоброто осветлување без притоа да им пречите на другите возачи. Индивидуалната контрола на ЛЕД диодите ја насочуваат светлината толку прецизно што го затемнуваат другото возило, а го осветлуваат опкружувањето, речиси на ниво на дневна светлина. Кога ќе го отклучите возилото, светлата Ви приредуваат несекојдневно светлосно шоу.

Опрема.

Елегантно. Супериорно. Неодоливо: со нашите добро осмислени пакети на дополнителна опрема, можете да го прилагодите CLS Купе на Вашите желби и да се добие поголема удобност и ексклузивност.