Заведува за миг.

Атлетски, енергично и експлозивно: C-Класа Купе е во центар на вниманието.

Дизајн на возилото.

Со чист и сензуален дизајн, С – Класа Купе се однесува атлетски и спортски на кој било пат и притоа се истакнува со ултра модерниот луксуз. Неговата внатрешност ја подигнува елеганцијата и стилот на едно ново, спортско ниво.

Автоматски возбудува.

Спортски перформанси, релаксирачка удобност и модерна ефикасност – со С – Класа Купе нема потреба од убедување. Во зависност од изборот на моторот, новиот 9G-TRONIC – 9 степен автоматски менувач доаѓа како стандард или како опција. Брзо, дури и незабележителното менување на брзините, придонесува за можноста за максимален одговор и агилност. Менувачот исто така има опција и да прескокне некои брзини, за да се постигнат брзи и силни спринтови.

Острина во движење.

С – Класа Купе со дијамантската предна решетка, дава чисто задоволство при возењето. Препознатливите дизајнерски линии на предната хауба покажуваат кон една насока: напред. Напред кон широките отвори за воздух и стандардните ЛЕД светла кои претставуваат круна на агресивниот дизајн.

Симнете каталог

За повеќе информации за C-Класа Купе, симнете каталог.