Mercedes-Benz

Новата A-Класа Седан.

Тоа сум јас.

Чувствувајте се револуционерно. Бидете дел од тоа.

Новата А-Класа Седан со MBUX (систем за комуникација на возачот со автомобилот) и спортски триделен дизајн на возилото.

Еден од најтрадиционалните автомобили, сега е со најсовремен дизајн. Револуционерен преден изглед, а задниот дел на возилото нуди многу повеќе од кога и да било досега, повеќе простор, повеќе удобност, многу повеќе за А-Класа.

Со користење на MBUX системот, се применува сосема нов начин на управување со возилото. Новата А-Класа учи секој ден од Вас, се додека не Ве познава подобро од Вас самите.

Новата А-Класа може да Ве предупреди при можен судир, може да Ви помогне при ненадејно сопирање и избегнување или дури при самостојно сопирање на возилото.

MBUX систем за гласовно управување (Mercedes-Benz User Experience)

MBUX системот (Mercedes-Benz User Experience) не го управува возилото наместо Вас, но може да го подготви за да се чувствувате што повеќе пријатно. Благодарение на вештачката интелигенција, системот може да учи за подобро прилагодување на возилото кон возачот. Со интелигентниот систем LINGUATRONIC, систем за гласовна команда, можете да зборувате што повеќе природно, како во секојдневниот говор.

„Енергетска“ удобност и безбедност за пример.

Без оглед дали е при возење во сообраќаен метеж, во текот на ноќта или при возење по некој непознат пат, новата А-Класа забележително го намалува напрегањето, особено во стресни ситуации.
Ова се заснова на концептот според кој,  секое патување во Mercedes-Benz е сигурно и единствено - Mercedes-Benz Intelligent Drive. Поради времето кое го минувате зад управувачот е всушност Ваше време. Тоа е време за опуштање, време кога ја обновувате својата енергија. На таков начин пристигнувате до посакуваната дестинација опуштено и безбедно.

Симнете каталог.

За повеќе информации за А-Класа Седан, симнете каталог.