Mercedes-Benz

EQC.

Прв електричен модел од марката Mercedes-EQ
 

Токму на Саемот за автомобили во Париз во 2016 година, Mercedes- Benz првпат го претстави својот нов производ и технолошки бренд за електромобилност.

Кон средината на 2019 година, дојде време кога беше претставен новиот модел EQC, воедно и прво возило на Mercedes-Benz лансирано под марката EQ.

Со својот беспрекорен, јасен дизајн и карактеристики на бојата типични за брендот, овој модел е пионер за авангарден, таканаречен „електричен изглед“.

Во однос на квалитетот, безбедноста и удобноста, EQC меѓу електричните возила е мошне убедлив. Тоа се истакнува преку динамичните перформанси, благодарение на двата електромотори на предната и задната оска со комбинирана моќност од 300 kW, потоа големиот опсег на движење од 445 - 471 km (NEDC).

Врз основа на неговите мускулести пропорции, EQC е класифициран како кросовер SUV.

Погонски систем: динамичните перформанси ја следат ефикасноста

За да се намали потрошувачката на енергија и да се зголеми динамиката, електричните погонски единици се конфигурирани поинаку. Предниот електромотор е оптимизиран за најдобра можна ефикасност во опсегот на ниско до средно оптоварување, додека задниот ја одредува динамиката. Заедно тие генерираат моќност од 300 kW и максимален вртежен момент од 760 Nm..

Литиум-јонската батерија, која има капацитет од 80 kWh (NEDC) го снабдува возилото со енергија. Потрошувачката на енергија и опсегот на електричните возила многу зависат од стилот на возење.

EQC располага со пет програми за возење, секоја со различни карактеристики: COMFORT, ECO, MAX RANGE, SPORT и индивидуално приспособлива програма.

Во режимот на возење MAX RANGE, е вградена посебна педала за гас, која го поттикнува возачот да заштеди енергија. Возачот исто така може да влијае и на нивото на обновување на батеријата користејќи рачки на воланот.

Системот ECO Assist му дава на возачот сеопфатна поддршка при предвидливо возење: со тоа што го поттикнува возачот кога е соодветно да ја тргне педалата за гас.

Полнење на батеријата 

Стандардно EQC е опремен со сопствен полнач со водено ладење, со капацитет од 7.4 kW, со што се овозможува соодветно AC  полнење на батеријата на станиците за полнење.

При полнење со таканаречен ѕиден полнач на Mercedes-Benz, времетраењето е за три пати побрзо во однос на домашните приклучоци за струја.

Уште побрзо е полнењето со примена на DC полнач, чие времетраење е околу 40 минути, при што се плни до 80% од батеријата.

Мултимедиски систем MBUX со посебни EQC функции

EQC поседува иновативен мултимедиски систем – MBUX, кој има бројни специфични функции, како што се покажувачот за досегот на движење со батеријата, следење на полнењето и потрошувачката на батеријата, режими на возење итн.

EQC оптимизираната навигација секогаш ги заснова своите пресметки на брза и удобна рута земајќи го предвид краткото време на полнење.

Тестирање: Тестови на издржливост низ целиот свет

До лансирањето на пазарот, дури 200 прототипови возила на EQC се вклучени во тестирањата кои опфаќаат неколку милиони километри минати на четири континенти (Европа, Северна Америка, Азија и Африка).

Исто така, постојат специјални тестови за електричниот погон, горивната ќелија и интеракцијата на сите компоненти на погонската група.

Симнете каталог

За повеќе информации за EQC, симнете каталог