Mercedes-Benz

EQA.

EQA е име на почетниот модел од низата електрични возила на Mercedes-Benz. Неговиот изглед е показател за напредното ниво на луксузот присутен кај марката Mercedes-EQ. 

Автомобилот има разни исклучители функции, како што се ENERGIZING Comfort, пакетот за освежување, како и MBUX, системот за говорна команда.

Електричмниот модел EQA, првично се промовира преку верзијата EQA 250, која има моќност од  140 kW и досег на движење 486 км.

Литиум-јонската батерија сместена во долниот дел на возилото, има капацитет од 66,5 kWh. Со цел да се задоволат високите стандарди во однос на нивото на бучавост и вибрации, преземени се мноштво мерки за изолирање на електричниот погон од шасијата и каросеријата. 

Дизајн - прогресивен луксуз

EQA се одликува со црна панелна маска на ладилникот со централна ѕвезда како главен белег на Mercedes-EQ.

Друга дизајнерска карактеристика е континуираната светлосна лента напред и назад. Хоризонталната лента со оптички влакна ги поврзува дневните светла, обезбедувајќи високо ниво на препознатливост, како преку ден, така и преку ноќ.

Внатрешноста на фаровите е изработена со високо ниво на квалитет, детали и прецизност.

Нагласената сина боја во предните светла ја засилуваат препознатливоста на Mercedes-EQ.

Задните LED светла беспрекорно се спојуваат во LED светлосната лента, со што се нагласува впечатокот за ширина.

Ексклузивно за овој модел се тркалата од лесна легура, со дизајн во две или три бои, со големина до 20 инчи, во некои случаи со украсна облога.

Ефикасност

Таа е клучен фактор и има високо ниво благодарение на
аеродинамиката, како и навигацијата со таканаречена
електрична интелигенција.

Со вредност на коефициентот на аеродинамичност од Cd 0,28, EQA постигнува одлични резултати при возењето.

Меѓу најважните аеродинамички мерки кои се преземени кај овој модел се: целосно затворениот систем за контрола на воздухот за ладење во горниот дел, аеродинамично ефикасните предни и задни отвори на браникот,специјално оптимизирани аеродинамични тркала, како и прилагодените предни и задни спојлери.

На располагање е и интелигентна навигација,  која ја пресметува најбрзата рута до дадената дестинација.

Со помош на опцијата Mercedes me Charge, возачите имаат пристап до она што е моментно најголемата мрежа за полнење во светот: Таа опфаќа повеќе од 450.000 точки за полнење со наизменична струја и еднонасочна струја низ 31 земја.

Помошни системи

Од помошните системи, стандардно се вклучени Active Lane Keeping Assist и Active Brake Assist.

Во многу ситуации, целта на вториот систем е спречување судир со помош на автономно сопирање или да се ублажат неговите последици.

Системот исто така може да овозможи сопирање и при наидување на возила во мирување или преминување на пешаци, при движење на возилото со градска брзина.

Други функции од пакетот за помош при возење се на пример, функцијата за маневрирање при вртење, функцијата за итни случаи, функцијата за предупредување на возачот дека се приближува до велосипедисти или возила и предупредување кога ќе се забележат пешаци во близина на пешачки премини.

Дисплејот од десната страна во групата инструменти е ватметар наместо бројач на вртежи.

Горниот дел го покажува процентот на искористена моќност, долниот дел дополнувањето.

Левиот инструмент може да се користи за да покаже дали може да се стигне до дестинацијата без привремено запирање заради полнење.

Боите се менуваат во зависност од ситуацијата на возење: за време на процесот на засилување, на пример, екранот се менува во бела боја. Во зависност од расположението или за да одговара на конкретниот ентериер, корисникот има избор од четири различни стилови.

Прогресивната варијанта вклучува специјална шема на бои на Mercedes-EQ. Моделот може да се персонализира со која било од двете линии на дизајн и опрема AMG Line и Electric Art, како и со Night пакетот.

Симнете каталог

За повеќе информации за EQA, симнете каталог

EQA 250
ПогонПреден
Електромотор, предна оскаАсинхрон мотор
МоќностkW140
Вртежен моментNm375
Забрзување 0-100км/часs8.9

Крајна брзина

km/h160
Капацитет на батерија, (NEDC)kWh66.5

Комбинирана потрошувачка (NEDC)

kWh/100 km15.7
NEDC досегКм486
Време на полнење[1] кај обичен и јавни станици за полнење (AC полнач)Час5:45
Време на полнење[1] кај брз полнач (DC)Мин30