Mercedes-Benz

Придружете се во семејството
na Mercedes-Benz Sprinter.

Постојано го шириме кругот на пријателство, за што се достапни привлечни понуди за новиот Mercedes-Benz Sprinter.

На располагање се 2 опции на финансиски лизинг, со каматна стапка од само 2,9% во соработка со Шпаркасе Лизинг.

Понудата важи за ограничен број возила на залиха.

Контакт телефони:

02 2580 413

02 2580 404

Рекордер во економичност

Зошто Mercedes-Benz Sprinter е толку многу популарен?

Веќе 27 години моделот на Mercedes-Benz, Sprinter е еден од најпопуларните меѓу купувачите ширум светот.

Низ годините, овој модел стана класа за себе меѓу останатите комбиња, особено што секогаш нуди голем број на варијанти и опции на опрема.

Привлечноста на Sprinter се должи на тоа што обезбедува висок степен на доверливост при експлоатација, што значи и помали трошоци за одржување. Тоа значи заштеда за корисниците, која исто така се обезбедува и преку високата економичност при потрошувачка на гориво.

Силен погон за успех: 4-цилиндричен дизел мотор со 3 варијанти и V6 дизел мотор комбинираат моќ и економичност како примерен ефект во Sprinter.

Докажаните мотори се дополнително оптимизирани во однос на потрошувачката на гориво, на пример со намалување на внатрешното триење на деловите на моторот. Сите мотори се достапни со рачен, како и со автоматски менувач.

Софистицираната Euro-6 одн. Euro-VI норма за издувни гасови се исполнува со помош на SCR-технологијата (селективна каталитичка редукција). Оваа постапка ја намалува емисијата на азотни оксиди во дизел моторите, преку пренесување на издувните гасови низ катализатор и конвертирање на азотните оксиди во азот и вода со додавање на AdBlue® на база на вода.

Sprinter е познат како модел кој секогаш нуди опции кои се достапни за изведба според најчестите барања на купувачите. Различни должини и висини на каросериски изведби и тежини на носивост.

Исто така на располагање се и опции од опремата кои се среќаваат кај патничките возила на Mercedes-Benz. Така на пример, во оваа генерација на Sprinter достапен е MBUX системот за говорна команда, како и помошните системи Distronic за активнос следење на возила, за активно сопирање, 360 камера итн.