Mercedes-Benz

Citan

Компактен џин.

Разновидност и удобност

Новиот Citan одлично ги комбинира компактните димензии на возилото (должина 4,498 мм) со дарежливата просторност. Благодарение на бројните различни опции и практичните детали, се нудат разни можности за користење, товарење. Citan првично се воведува како товарна и патничка верзија, а подоцна и во различни варијанти со долга оска како и Mixto верзијата. 

Лизгачката врата е корисна опција, особено кога постои мал простор за паркирање. Новиот Citan достапен со 2 лизгачки врати. Овозможуваат широк отвор на двете страни на возилото и изнесува 615 мм. 

ТЕСТ ВОЗЕЊЕ

Тест возење

Висината на отварањето на товарниот дел е 1,059 мм. Во задниот дел, делот за утовар е лесно достапен, висината на прагот од задната врата е 59 см. Исто така, задната врата може да биде блокирана под агол од 90 степени и може да биде придвижена до агол од 180 степени.Како опција, товарното комбе може да биде нарачано со задни врати кои имаат грејачи и бришачи на прозорите. 

Патничкото комбе е стандардно опремено со пета врата со прозор на задната врата. Како опција, може да се нарача со две задни врати. Задните седишта можат да се соборат одделно во сооднос 1/3 и 2/3. На располагање се бројни празни места и полици наменти за складирање. 

При развојот на Mercedes-Benz Citan, особено внимание е посветено на удобноста што е типично за оваа марка, вклучително и ниското ниво на бучавост кое е пример за останатите. Сево ова не им помага само на возачите да се чувствуваат удобно, туку му помагаат и во однос на безбедноста, на тој начин што можат повеќе да се фокусираат на сообраќајот. 

Модерни и економични мотори

На располагање се 3 дизел и 2 бензински мотори. Сите се одликуваат со одлична ефикасност, добри возни својства при ниски вртежи на моторот, како и потрошувачка на гориво. За поголемо забрзување, на пример при претекнување, дизел верзијата со моќност од 85-kW достапна кај товарното комбе има зголемена моќност и вртежен момент. Дури до 89 kW моќност и вртежен момент од 295 Nm можат да се добијат за многу кратко време.

Моторите ги исполнуваат Euro 6d стандардите за емисија на штетни гасови. Сите мотори се во комбинација со ECO старт/стоп функцијата. Освен со 6-степен менувач, кај моделите со најмноќните дизел и бензински мотори, на располагање е 7-степена трансмисија со двојна спојка.

Целосно електричната верзија eCitan ќе биде лансирана во втората половина на 2022 година. Овој модел се очекува да има автономија на движење на струја од околу 285 км.

При користење на брзи полначи, 80% од капацитетот на батеријата може да се наполни за 40-тина минути. 

Безбедност и удобност, празен или натоварен

Тимот за развој на Mercedes-Benz посвети особени внимание на постигнување возни својства карактеристични за марката, која е комбинација на удобност, возна динамика и безбедност. Предните тркала се потпираат на McPherson оска, а позади се користи торзиона оска.

Како дел од опсежното тестирање на моделот, мошне внимателно се избрани и прилагодени амортизерите и стабилизиаторите. На пример, товарната верзија е опремена со пружини кои се специфични само за Mercedes-Benz, како и изборот на амортизери за предната и задната оска. Исто така, се користат и засилени амортизери на предната оска, со чија помош се намалуваат страничните наклони при движење во свиоци.

Безбедност

Безбедноста е клучната вредност на Mercedes-Benz.

Робустната структура на каросеријата, како и зоните за апосорбирање на удари, обезбедуваат високо ниво на безбедност.

Исто така на располагање се мноштво безбедносни системи, 7 воздушни перничиња, кои пружаат заштита во различни ситуации во сообраќајот.

Помошните системи кои се поддржани со ултрасонични сензори и камери, заедно со системите за паркирање, помагаат при движење во сообраќајот, и доколку е неопходно можат да алармираат.

Како во новата генерација на Mercedes C‑Class и S‑Class, помошниот систем за одржување на коловозна лента - Active Lane Keeping Assist, врши интервенции кај управувачот, наместо сопирање, што на овој начин го прави возењето особено удобно.

Како дополнение на  ABS и ESP системите, новиот Citan исто така е опремен со системот за тргнување на нагорнина - Hill Start Assist, помошен систем при бочен ветар - Crosswind Assist, предупредувачкиот систем - ATTENTION ASSIST, како и системот за итно јавување при незгода.

Во патничката верзија на располагање се системот за активно сопирање - Active Brake Assist, системот за одржување коловозна лента - Active Lane Keeping Assist, системот за надгледување на мртов агол - Blind Spot Assist и системот за ограничување на брзината - Speed Limit Assist заедно со системот за препознавање на сообраќајни знаци.

Многу други помошни системи се достапни како опција, вклучително и Active Distance Assist DISTRONIC, кој овозможува автоматско управување во сообраќаен метеж, како и Active Steering Assist, кој му помага на возачот да го одржува возилото во центарот на коловозната лента. 

Кога се запознаваат двајца џинови:
Новиот Citan и силниот викинг Hafþór Björnsson. 

Новиот Citan е компактемн џин: изненадувачки простран за компактен простор и целосно опремен со иновативна технологија. Затоа е сосема природно да има вистински џин покрај себе.

Запознајте го Hafþór ‘Thor’ Björnsson, кој е висок 2,06 метри, и тежок 155 кг. Тој во својата кариера бил кошаркар, и 10 кратен првак како најсилен човек на Исланд. Тој е познат и по улогата во ТВ серијалот „Game of Thrones“.

MBUX - Говорна команда

Бројни верзии на системот за говорна команда - MBUX се достапни во новиот Citan. На располагање е 7 инчен екран чувствителен на допир, команди поставени на управувачот или гласовниот асистент "Hey Mercedes".

Повеќе предности се достапни околу интеграцијата со паметен телефон, со помош на  Apple Car Play и Android Auto, Bluetooth и дигиталното радио DAB and DAB+).

Уште повеќе, Citan е подготвен за користење на разни дигитални услуги од системот Mercedes me. Како резултат на тоа, клиентите се постојано споени со возилото, без оглед каде тие се наоѓаат. На овој начин, ним секогаш им е достапна некоја важна информација како додека се или не се во возилото.

Со помош на Mercedes me, MBUX системот станува уште повеќе корисен. Така на примнер, "Hey Mercedes" може да функционира со природното зборување, предност што значи дека корисниците во иднина не мора да учат специфични комади. Други функции на Mercedes me, вклучуваат и далечинску услуги како што е Remote Retrieval Vehicle Status, со чија помош возачите во секое време можат соодветно да проверат најголем дел од информациите за нивното возило. 

Ценовник и каталог

Модел

товарен

Зафатнина

cm3

МоќностkW/КС

Комбинирана потрошувачка l/100 km

Забрзување 0-100 km/h

Макс.брзинаkm/h

Емисија CO2 g/km

Citan 108 CDI146155/75143-131

18.0

1525.4-5.0
Citan 110 CDI146170/95146-131

13.8

1645.6-5.0
Citan 112 CDI146185/116153-138

11.7

1755.8-5.3
Citan 110133275/102162-14714.31687.2-6.5
Citan 113133296/131161-14612.01837.1-6.4

Модел

патнички

Зафатнина

cm3

МоќностkW/КС

Вртежен момент Nm

Комбинирана потрошувачка l/100 km

Забрзување 0-100 km/h

Макс.брзинаkm/h

Емисија CO2 g/km

Citan 110 CDI146170/952604.9-4.815.5164128-125
Citan 110133275/1022006.4-6.314.7168146-144
Citan 113133296/1312406.4-6.313.0183146-144