Mercedes-Benz

Три светски премиери на Mercedes-Benz во Париз

05.10.2018

Главниот фокус на Mercedes-Benz на годинешниот саем за автомобили во Париз освен електричниот модел EQC, е и светската премиера на новиот GLE, B-Класа и Mercedes-AMG A 35 4MATIC.
Mercedes-Benz GLE е најпродаваното SUV возило во историјата на Mercedes-Benz и неговата нова генерација доаѓа со далеку подобри перформанси. Така на пример, добиена е поголема внатрешна просторност, нов изглед на командната табла, подобрени помошни системи за возење, постигната е најдобра аеродинамичност во својот сегмент, нови мотори и друг иновации.
Новата B-Класа изгледа многу подинамично во однос на својот претходник и во исто време со поголема агилност и удобност. Што се однесува до моторите, тие се повеќе ефикасни и еколошки почисти.
MBUX мултимедискиот систем со сите свои опции кои ги нуди е вистински уникат, додека современите помошни системи ја прават новата B-Класа, возило кое поседува највисоки стандарди за активна безбедност во својот сегмент.
Со новиот модел на AMG, А 35 4MATIC, всушност се претставува нов почетен модел од семејството AMG, кој е базиран на новата A-Класа. Поседува четири-цилиндричен мотор со зафатнина од 2 литри и моќност од 306 кс. Каросеријата, потпирањето, погонот на 4 тркала, преносот, програмите за возење и другите прилагодувања на возилото се направени од страна на инженерите на AMG, со што се овозможува максимална динамичност при возење без да се наруши секојдневната удобност.
Во AMG семејството има уште еден нов модел, а тоа е AMG GT 43 4MATIC, купе возило со 4 врати, кој поседува мотор со шест цилиндри и развива моќност од 367 кс.
Што се однесува до моделот EQC, тоа е прво, целосно електрично, сериски произведено возило на Mercedes-Benz и ја симболизира новата ера на мобилност. EQC импресионира со своите атрибути кои се однесуваат на удобноста, квалитет и автомономијата на движење. Располага со моќност од 408 кс и досег од 450 км.