Mercedes-Benz

А-Класа седан - најаеродинамичниот компактен седан во светот

09.04.2019

Новата А-Класа седан, лимузина со 4 врати има меѓуоскино растојание од 2729 мм, со динамички пропорции и во исто време е компактен седан со помало издолжување на предниот и задниот дел на возилото.
Димензии на новата А-Класа Седан:
·         Должина / ширина / висина: 4549/1796/1446 mm
·         Меѓуоскино растојание: 2729 mm
·         Капацитет на багажник: 420 litres
·         Висина на таван напред / позади: 1024/944 mm
·         Простор за нозе напред / позади: 1062/861 mm
Багажникот е со капацитет од 420 литри и дизајниран е за практично користење. Отворот на багажникот е сосема широк и изнесува 950 мм, со што се овозможува лесно внесување и изнесување на поголеми предмети.
Светски рекорд: никој не е поаеродинамичен
Со коефициент на отпор на воздух од само Cd=0,22, новиот седан на Mercedes-Benz се изедначува со претходниот светски рекордер, моделот CLA.
Добрата аеродинамичност е особено важна за ниската потрошувачка на гориво во реални услови на експлоатација на возилото. Предните и задните спојлери на тркалата се специјално дизајнирани, со цел да овозможат најефикасно движење на воздухот околу тркалата.
Мотори: почеток со еден дизел и еден бензински мотор
Достапни се следните мотори:
·         A 200 (120 kW/163 кс, 250 Nm); со автоматски менувач 7G-DCT, со двојха спојка (комбинирана потрошувачка на гориво 5.4-5.2 л/100 км, комбинирана емисија на CO2 124-119 g/km)
·         A 180 d (85 kW/116 кс, 260 Nm); со автоматски менувач 7G-DCT со двојна спојка (комбинирана потрошувачка на гориво 4.3-4.0 л/100 км, комбинирана емисија на CO2 113-107 g/km).
Достапни се следните опции на големина на екрани:
·         со два 7-инчни екрани (17.78 см),
·         со еден 7-инчен и еден 10.25 инчен (26 cm) екран и
со два 10.25-инчни екрани.
MBUX систем за говорно команди - Mercedes-Benz User Experience: незаменливо искуство
Новата A-Класа е првиот модел на Mercedes-Benz кој го поседува мултимедијалниот систем со говорна контрола, со кој возачот комуницира со автомобилот како во секојдневниот говор. Уникатна карактеристика на овој систем е можноста да учи, како на пример начинот на возење на возачот, благодарение на развиената вештачка интелигенција во возилото.  
Достапни се и функциите: Active Distance Assist DISTRONIC, како дел од пакетот на помошни системи за возење, исто така е во можност да обезбеди поддршка за возачот во бројни ситуации, односно може да предвиди и соодветно да ја прилагоди брзината на движење, кога возилото наидува на свиоци, раскрсници или обиколнициm потоа Active Emergency Stop Assist, систем за помош при ненадејно сопирање, Active Lane Change Assist, системот кој го предупредува возачот при напуштање на коловозната лента, како и PRE-SAFE® PLUS, систем кој може да препознае ненадеен удар од позади, при што се активираат сопирачките, со цел намалување на евентуалната штета од судирот.Инаку, со помош на KEYLESS-GO и HANDS-FREE пристапот, се овозможува целосно автоматско отворање на багажникот само со движење на ногата под задниот браник на возилото.