Повеќе можности.

Vito патничко: со големи можности

 Vito може совршено да биде обликуван во зависност од индивидуалните потреби за простор со опција за три должини на возилото,компактно,долго и екстра-долго.Вашите патници може да уживаат во одличната просторност на патничката кабина и корисноста од капацитетот на товарниот дел.

И покрај неговите димензии,висина од 1893 mm и вкупната дозволена тежина на возилото од 2.8 тони (+48 mm кога е со шини за покрив), може да се вози во поголемиот број гаражи и паркинг места без никаков проблем.На овој начин, Vito со неговите корисни карактеристики,нуди исклучителна просторност за Вашите секојдневни професионални обврски.

Vito патничко исто така импресионира со широката разновидност,преку достапните варијанти: Vito BASE, Vito PRO и Vito SELECT, со кои може да се обликува возилото во зависност од Вашите индивидуални потреби.Сите нудат голема просторност,доверливост и економичност при користењето.

До 120 kg поголема тежина на товарење,во однос на претходниот модел

При користење како такси возило за долги и кратки дестинации,како превоз за потребите на хотел или за превоз на вработени лица - возилото со својата разновидност,нуди разни опции за превоз од 2 до 9 лица со друга опрема со што успешно изглегува пресрет на разните индивидуални барања.

  • Две оски на тркала
  • Три должини на возила од 4895 mm (компактно) до 5140 mm (долго) и 5370 mm (екстра-долго)
  • Во зависност од конфигурација на седиштата,за 2 до 9 лица
  • Бројни опции за седење
  • Должина на товарен простор до 2908 mm и волумен на товарен простор до 2.65 м3
  • Максимална дозволена вкупна тежина на возилото од 3,2 тони
  • Бројни варијанти на мотори

Vito

Патничко

Предности

Технички податоци

Каталог