Погон на сите тркала.

Пренесете ја моќноста онаму каде е потребна.

Новиот концепт на компактен SUV со 4MATIC - погон на сите тркала и off-road функции кои се презентираат на централниот екран,со што се обезбедува безбедно возење и постојано динамично управување.

Во зависност од ситуацијата,меѓу 100 и 50 % од вртежниот момент,може да биде пренесен кон кон предната оска и меѓу 0 и 50 % кон задната оска. Погонот на сите тркала,флексибилно се прилагодува на разни ситуации на возење.4MATIC - погонот на сите тркала е достапен во три верзии.

Оff-road модот за трансмисија нуди подобри off-road способности при притиснување на само едно копче. Модофицираните карактеристики на погонскиот систем ја оптимизира тракцијата при разни лизгави терени.Системот - Downhill Speed Regulation (DSR) му помага на возачот при безбедно движење на надолнини.Интелигентниот систем за осветлување се прилагодува на условите на теренот.

Предностите на новиот 4MATIC-погон на сите тркала со варијабилна дистрибуција на вртежниот момент: 

  • Исклучително агилно управување со целосна варијабилност,динамична дистрибуција на вртежниот момент на предната оска.
  • Оптимизирана тракција при движење по патишта со лоши временски и услови за возење.
  • Мало зголемување на потрошувачката на гориво,како и зголемена вкупна тежина,во споредба со модел со погон на предните тркала.
  • Off-road функции со посебен мод за трансмисија,контрола при движење на надолнини,како и визуелизација на функциите на централниот екран.
  • Погонот на сите тркала може да биде контролиран со помош на модовите"Economy", "Sport" и "Manual",кај автоматската трансмисија,7G-DCT.
More detailed information:

[1] The figures shown for fuel consumption and CO2 emissions were obtained in accordance with the prescribed measuring process (Regulation [EC] 715/2007 in its currently applicable version). The figures are not based on an individual vehicle and do not constitute part of the product offer; they are provided solely for purposes of comparison between different vehicle models

GLA-Class

фасцинација

факти

Kаталог