Погон на сите тркала – тракција во сите временски услови.

4 тркала Ве придвижуват,100% контрола.

Оптимален контакт со подлогата на патот:Моќноста и вртежниот момент се постојано дистрибуирани на сите тркала.Ова обезбедува дополнителна тракција и стабилност,со што се подобрува агилноста и безбедноста при управувањето.Бидете единствени со Вашето возило и патот со помош на 4MATIC - погонот на 4 тркала. 

Исто така,Вие ќе можете уште подобро да го контролирате Вашето возило,особено во ситуации кои можат да станат критични.При влошени временски услови,како што е пороен дожд,мраз или снег,силината на 4MATIC системот доаѓа во преден план,кој одржува одлична стабилност при возење и совршена тракција. 

Доколку едно или повеќе тркала,го губат зафаќањето со подлогата на патот,како на пример доколку површината на патот е во лоша состојба или доколку постои мраз,при што секое тркало може да сопре одделно со помош на електронскиот систем за контрола на тракцијата 4ETS.
Системот 4MATIC го прави уште попрецизно управувањето на моделите на Mercedes-Benz и се обезбедува безбедност и сигурност,дури и кога постојат посебни услови за возење.

Системот 4MATIC го дели вртежниот момент во сооднос 45 : 55,меѓу предната и задната оска.Инженерите на Mercedes-Benz овозможија најдобри услови на безбедно возење,управување,како и оптимална тракција. Системот работи заедно со ESP® Електронскиот Систем за Стабилност,кој е стандарден кај сите возила на Mercedes-Benz.Исто така,наместо заклучување на диференцијалот,се користи електронски контролиран ситем 4ETS за тракција. 

Погонот на сите тркала кај моделот CLS 63 AMG 4MATIC и моделот CLS 63 AMG S-Model 4MATIC нуди комбинација на најдобра тракција и динамично возење кое е типично за AMG.Соодносот на вртежниот момент е во корист на задната оска и изнесува 33 : 67,а создава и помал ефект на заклучување,што од друга страна овозможува избегнување на ефектот на подуправливост,карактеристичен за системите со 4 тркала.

    [1] The figures shown for fuel consumption and CO2 emissions were obtained in accordance with the prescribed measuring process (Regulation [EC] 715/2007 in its currently applicable version). The figures are not based on an individual vehicle and do not constitute part of the product offer; they are provided solely for purposes of comparison between different vehicle models.

    The CLS Coupé with 4MATIC all-wheel drive is available both as a diesel and as a petrol-powered vehicle with different engine variants.

    CLS-Class

    Фасцинација

    Факти

    Каталог