Ексклузивно: Викторија Лоба зборува со автомобил, со новата Mercedes-Benz А-Класа

 Со спектакуларно откривање и несекојдневна презентација, Мак Аутостар, генерален застапник на Mercedes-Benz во Р. Македонија ја претстави новата A-Класа, повторно револуција во автомобилската индустрија – првиот Mercedes-Benz автомобил кој е способен да зборува со возачот и да ги учи неговите желби и навики. Ова е овозможено благодарение на новиот систем - Mercedes-Benz User Experience (MBUX), со кој Mercedes најавува нова ера на дигиталната комуникација.

Првиот разговор со новата А-Класа го направи секогаш шармантната Викторија Лоба, која воедно и детално го претстави новиот автомобил, за кој истакна дека е најаеродинамичниот во својата класа и со најмногу вградени системи за безбедност во светот.

Што се однесува до технолошката напредност, луксузот и удобноста, таа ја презентираше внатрешноста на автомобилот кој веќе нема класична инструмент табла, туку има два дигитални екрани со големина од 10 инчи и може да се ракуваат со допир, потоа внатрешност што може да се обои во 64 различни бои, а за оние што сакаат вистинско уживање може да нарачаат масажери, вградени во седиштата.

Лоба зборувајќи со Mercedes A-Класата, преку едноставни изговорени реченици, успеа да ја прилагоди температурата во возилото, да избере омилена радио станица, да направи телефонски повик или да го отвори сончевиот покрив.

 MBUX (Mercedes-Benz User Experience) – во разговор со автомобилот

Новата A-Class е прв модел на Mercedes-Benz кој поседува сосема нов мултимедијален систем MBUX - Mercedes-Benz User Experience, кој не вoведува во новата ера на дигиталното поврзување на Mercedes-Benz.
Уникатна функција на овој систем е можноста за учење благодарение на вештачката интелигенција. MBUX системот може да се индивидуализира, односно да се прилагоди и да одговара на возачот. Како дополнителна опција, поседува интелигентна гласовна контрола на командите, а се активира едноставно со гласовно повикување „Хеј Мерцедес“.

Со оваа функција, гласовно може да се прилагоди температурата во внатрешноста на возилото, да се избере радио станица, да се направи телефонски повик, прилгодување на сончевиот покрив, избор на боја на внатрешното светло, активирање на навигација и греење на седиштата и друго.
 

Просторност – Новата A-Class со нови димензии

Покрај спортскиот изглед, новата A-Class e многу поудобен во однос на претходниот модел и поседува багажник чиј капацитет е за 29 литри поголем и сега изнесува 370 литри. Исто така, зголемен е отворот на багажникот за 20 см.
Меѓуоскиното раастојание е зголемено за 30мм, во однос на претходната генерација и неговата должина сега изнесува 4.419 мм, ширината 1.796 мм, а висината 1.440 мм.

Новата A-Class е опремена со најнова технологија на помошни
системи за поддршка при возењето. Ова значи дека има највисоко ниво на активна безбедност во својот сегмент, со функции прилагодени од S-Class.

За првпат, A-Class овозможува полу-самостојно управување во одредени услови на возење. Активниот DISTRONIC и активниот систем за помош на управувачот, овозможуваат безбедно одржување на растојание и управување, како и брзината на движење на возилото која исто така може автоматски да се прилагодува во свиоци, кристосници и обиколници.

Пакетот на помошни системи за управување вклучува: активен DISTRONIC со можност за прилагодување на брзината, активен помошен систем за управувачот и систем за предупредување при промена на коловозна лента, помошен систем при ненадејно сопирање, активно ограничување на брзината на движење, активна помош при сопирање со функција за крстопати, евазивен управувач, систем за помош кај скриени агли, PRE-SAFE® PLUS. PRE-SAFE® PLUS.

Удобност: амбиентално осветлување, климатизирани седишта, мултиконтур седишта

Достапни се 64 различни бои кои може да се користат за амбиентално осветлување, а боите исто така може да се прилагодат на различните стилови на проектираниот екран на ветробранското стакло.
За првпат во овој модел се воведува клима уред за седиштата, како и мултиконтур седишта со функција за масажа за предниот ред.

A-Class

фасцинација

факти

Kаталог