Mercedes-Benz

Новиот GLC.

Сите видови моќ.

Силен карактер со нови одлики.

Ве чека одличен, нов кокпит, уште повпечатлив SUV дизајн и извонредна удобност при возењето. Препознатлива предна решетка, елегантни хромирани елементи и предни светла му овозможуваат на новиот GLC, посакуван SUV изглед. Екран чувствителен на допир, touchpad и копчиња на допир сместени на управувачот, носат сосема ново значење за контролата на возилото. Ова особено се однесува на најнапредниот систем на Mecedes-Benz, MBUX - кој овозможува преку допири, гласовна контрола и движења, да се контролираат одреден број функции во возилото.

Однесувајте се кон вашите очи со посебно внимание.

Попривлечен и помоќен од кога било, новиот GLC сега изразува уште поголемо присуство во стилот на SUV, без да го наметнува премногу. Почист и сензуален израз на модерниот луксуз. Покрај ова, новиот GLC веќе вклучува LED светла со високи перформанси како стандард.

Само новиот GLC се управува вака.

Новиот GLC не само што се прилагодува на површината на патот, тој исто така одговара на вашите барања: системот за суспензијата AGILITY CONTROL, конфигурирана за извонредна удобност при возењето, доаѓа како стандардна. Достапни се и системите: 4MATIC погон на сите тркала и исклучително спортска DYNAMIC BODY CONTROL суспензија со челични пружини и прилагодување на амортизацијата. AIR BODY CONTROL - Воздушна суспензија која овозможува исклучителна стабилност при возење, заедно со извонредна удобност и агилност.

Симнете каталог

За повеќе информации за GLC, симнете каталог.

Mercedes-AMG GLC 63 S 4MATIC