S-Класа Купе.

Gran Performer.

Кога последен пат сте се предале на искушението?

Овде Ви е дозволено да покажете слабост. Додека гледате на ексклузивните детали. Додека ја галите меката кожа. И се восхитувате на супериорниот квалитет на изработка. Сите инструменти и екрани имаат високо квалитетна завршна обработка. И новите копчиња за контрола на допир реагираат на секое твое движење како да го читаат Вашиот ум.

Најсилната волја не произлегува од умот.

Инстинктивна свест за тоа што е правилно. Не постои ако, не постои ама. Само чисто убедување. Тоа не е само чувството кое Ѕ – Класа Купе го генерира, туку и она што го нуди неговата технологија, со помош на напредната генерација системи за помош при возењето што можат поефикасно да ги анализираат информациите и да дејствуваат уште побрзо.

Искусете го сето тоа. Без жалење.

Извлечете го најдоброто од секое патување, секој ден, секоја ноќ. Ѕ-Класа Купе е тука за да Ви помогне со новата ENERGIZING comfort контрола, иновација која може да помогне во ревитализација или опуштање на атмосферата внатре во кабината, според Вашите желби. Наполнете ги батериите и изострете ја Вашата концентрација.