Mercedes-AMG GT Родстер.

Искусете возбудливо возење.

Креиран од тркачи.

Од тркачите на Mercedes-AMG GT3 и GT4 до Mercedes-AMG GT Родстер: Сите возила во Mercedes-AMG GT семејството, имаат заедничко потекло, кое доаѓа од мотоспортот. Нивниот непогрешлив звук штом еднаш го слушнете, никогаш не го заборавате. Нивниот уникатен дизајн, штом еднаш го видите, се памти засекогаш. Mercedes-AMG GT S, Mercedes-AMG GT C и Mercedes-AMG GT R, како и отворените изведби Mercedes-AMG GT Родстер и Mercedes-AMG GT C Родстер, семејството на Mercedes-AMG GT е предводник на нашето портфолио. Развиени и конструирани од страна на автомобилски ентузијасти, тие носат гени кои ги прават да бидат извонредни спортски автомобили: технологија и знаење донесена директно од тркачката патека. Со други зборови, "креирани од тркачи".

Забрзува. Во рекордно време.

Брзо притискање на копчето за стартување на моторот и пулсот се забрзува. 4,0-литарскиот V8 biturbo мотор со суво подмачкување се буди. Притиснете на педалот за гас и слушнете моќни бас тонови од селективниот AMG издувен систем. Звукот го достигнува врвот кога моќната единица го достигнува својот максимум од 384 kW (522 КС), со кој го забрзува Mercedes-AMG GT S од 0 до 100 км / час за само 3,8 секунди.

Со отворен покрив.

Типично AMG возење на отворено - Mercedes-AMG GT Родстер Ви овозможува незаборавно возачко искуство. Ова е најинтензивниот начин да се доживее спортски автомобил.

Симнете каталог

За повеќе информации за AMG GT Родстер, симнете каталог.