GLS.

Најдоброто на секој терен.

Пријатно, без ограничувања.

Со текот на времето, со успех и со искуство, амбициите не се намалуваат. Патувањето станува попријатно, без поголем напор и безбедно. Се е попријатно додека се возите во GLS. Моќ? Повеќе од доволно. Ограничувања? Никој за кој ние сме свесни.

Харизматичност. Без никаков напор.

Тоа е уметност совладана од малкумина: GLS се наметнува со самата своја појава - и со примамливо високо квалитетен дизајн. Карактеристични се моќните контури на предниот капак на моторот и филигранскиот изглед на решетката на ладилникот, со неговата голема трикрака ѕвезда. Овој тридимензионален ефект е исклучително сложен за дизајнирање и изработка, но му го дава на GLS уникатен изглед.

Ефикасна супериорност.

Може да биде S-Класа или теренец, како што Вие ќе посакате.
Благодарение на бројната стандардна и опциска опрема, моделот GLS оддава смиреност во секоја ситуација.