GLE Купе.

Најдоброто на секој терен.

Секое семејство има еден член кој ги поместува стандардите.

Новиот експресионизам во уметноста на дизајн на возилата оживува во GLE Купе. Совршена комбинација на теренско возило, а со динамичност и агилност на купе. GLE Купето е 81mm подолго и 68mm пошироко од GLE. Ваквите димензии, во комбинација со намалената висина од 65 мм и специфичниот купе покрив, создаваат пропорции слични на спортски автомобил. Издолжените странични линии се одлика на неговата динамичност, поставена на алуминиумски тркала со големина до максимални 22 инчи.

Нестандарден. Но, крајно удобен.

Технологијата во GLE Купе соодветствува се неговиот дизајн. Можете да изберете до пет режими на пренос со помош на системот за различни начини на возења - DYNAMIC SELECT. Нивото на амортизација секогаш се избира автоматски, благодарение на AIRMATIC - воздушната суспензија и ADS PLUS системот за прилагодување (опција, во зависност од моторот).

Зрачи сила.

Исправената тридимензионална спортска решетка е најзабележливата карактеристика на предниот дел на GLE Купе. Уникатни спортски контури на капакот на моторот, совршено вклопени со извонредно дизајнираниот LED интелигентен систем, со своите препознатливи "веѓи" и исклучителен начин на осветлување дење и ноќе.