GLC.

Најдоброто на секој терен

Седнете повисоко. Блеснете надалеку.

Повеќе сјај. Повеќе длабочина. Уште повеќе елеганција и чувство на вредност. Ова е GLC со боја designo diamond white bright. Кај оваа боја првиот слој е комбиниран со бисерни ефекти. И со проѕирниот слој придонесува ова да биде трислојна боја designo. Патем, designo diamond white bright бојата е совршена комбинација со двобојната црно/бела внатрешност designo two-tone platinum white pearl/black. Ова е само една од многуте комбинации на бои и материјали кои го прават GLC теренско возило со најмногу можности за персонализација во својата класа.

Главен актер во возбудлива приказна.

Изјава за дополнителна естетска допадливост. За дополнителен атлетизам. За дополнителен адреналин. GLC ги обединува највозбудливите аспекти кај возилата за да формира уникатен примерок. Ова спортско корисно купе со средна големина од Mercedes-Benz нуди возбудлива комбинација на елементи од теренско возило и купе, проследени со неверојатни возачки својства.

Mercedes-AMG.

Впечатливите линии на теренско возило се комбинираат со бескомпромисни перформанси на патот: Mercedes-AMG доаѓа со нашето ветување секогаш да се оди еден чекор понатаму, трансформирајќи го она што е технички изводливо во неповторлива реалност. За емотивно и импресивно возачко искуство.