GLC Купе.

Модел на новата генерација: SUV и Купе.

Главен актер со карактер.

Изјава за дополнителна естетска допадливост. За дополнителен атлетизам. За дополнителен адреналин. GLC Купе ги обединува највозбудливите аспекти кај возилата и  формира уникатен примерок. Ова спортско корисно купе, со средна големина од Mercedes-Benz нуди возбудлива комбинација на елементи од теренско возило и купе, проследени со неверојатни возачки својства.

Следете ја идеалната линија. Со Вашите очи.

Спортската силуета на GLC Купе се карактеризира со динамичност и елеганција. Широките странични крила, зголемените пропорции и хоризонтално поставените задни светла му даваат на возилото сигурен, прогресивен изглед. Опциската спортска и ексклузивна AMG линија дава дополнителна предност на дизајнот. Се чини дека секоја линија и секој детал е насочен напред.

Mercedes-AMG.

Впечатливите линии на теренско возило се комбинираат со бескомпромисни перформанси на патот: Mercedes-AMG секогаш оди еден чекор натаму, трансформирајќи го она што е технички изводливо во неповторлива реалност. За емотивно и импресивно возачко искуство.